Сметководствената фирма ,,КПМГ”соопшти дека нема да го продолжи спонзорството на принцот Ендру

Сметководствената  фирма КПМГ соопшти дека нема да го продолжи спонзорството на „Pitch@Palace“ на принцот Ендру, пренесува „Метро“.

Ова се случи по неговото интервју за ББЦ, во кое тој негираше дека имал секс со Вирџинија Робертс, кога имала 17 години.

Во интервјуто тој беше прашан и за своето пријателство со осудениот педофил Џефри Епстејн, кој почина во затвор годинава. Кралски коментатори го опишаа појавувањето на принцот во ноќните вести како „сообраќајна несреќа“.Наводно, фирмата за осигурување АОН исто така сака да се дистанцира од принцот за да си ја зачува репутацијата.

Во интервјуто за ББЦ, принцот негираше дека имал секс со Вирџинија Робертс во Лондон во 2001, бидејќи тој се вратил дома по забава за деца вечерта за која се тврди дека дошло до такво нешто.

Тој не се сеќава дека ја сретнал неа. Принцот беше обвинет дека дава контрадикторни изјави за време на интервјуто. Робертс тврдеше дека била принудена да има секс со принцот Ендру три пати.

Османи: Очекуваме до октомври да биде прифатен финалниот текст на преговарачката рамка

ЕК го заклучи текстот на преговарачката рамка и го предаде на Советот на ЕУ. Ова е само нацрт верзија и моето очекување е до октомври да биде прифатен финалниот текст. 

,,Добро е што ова се случува во време на германското претседателство кои се големи поддржувачи на нашиот европски пат, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи на прес – конференција пред Секретаријатот за европски прашања.

Се работи за нацрт верзија, посочи Османи, што е основа врз која земјите членки ќе ги изнесат своите национални ставови и потоа рамката ќе се носи со консензус.

,,Потоа се очекува да биде закажана и заедничка меѓувладина седница, истакна Османи.

Османи, појасни дека со новите механизми на преговарачкиот процес, брзината и напредокот ќе зависи од самите нас, но и дека ЕК ќе има механизама да го препознае и намали пристапот до ЕУ фондовите доколку има застој.

На крајот, Османи уште еднаш упати честитки за постигнатиот историски успех.

,,Јасно е дека ЕУ и покрај предизвиците со корона кризата не го замрзна процесот на проширување. Честитки до Оливер Вархеји и Урсула фон дер Лајен, но и на хрватското претседателство. Ние сме во средина на политичка кампања и се надевам дека по 15 јули ќе имаме стабилна влада посветена на европскиот пат, истакна Османи.

Турција денеска решава за судбината на Аја Софија под будното око на светот

Највисокиот суд во Турција денеска ќе донесе одлука дали симболот во Истанбул, Аја Софија ќе се претвори во џамија, што дополнително ќе ги загрози веќе затегнатите односи на Турција со Западот.

Аја Софија, базилика од шестиот век што привлекува туристи од целиот свет заради својата архитектура, е музеј од 1935 година и е отворена за верниците од сите религии.

И покрај повремените протести на исламистичките групи кои сакаат познатата зграда под заштита на УНЕСКО да биде отворена за муслимански молитви, таа сепак е музеј.

Била изградена како црква во Византиската империја во шестиот век, но била претворена во џамија откако османлискиот владетел Мехмед Втори го освоил Цариград во 1453 година.

Трансформацијата на Аја Софија во музеј по распадот на Отоманската империја беше една од клучните реформи на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на современата турска држава.

Повиците таа да се претвори во џамија повторно предизвика гнев кај христијаните и тензиите со историски непријателскиот сојузник во НАТО - Грција.

Турскиот суд ќе донесе одлука или деенска или во рок од две недели, јавува државната новинска агенција „Анадолија“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави минатиот месец дека конечната одлука е на судот, познат како Данистај, додавајќи дека „ќе бидат преземени неопходните чекори“ по пресудата.

Но, пред минатогодишните локални избори, турскиот лидер истакна дека е време Аја Софија да стане џамија и претворањето во музеј „беше голема грешка“. Партијата на Ердоган ги загуби тие избори во Истанбул.

„Одлуката на Данистај сигурно ќе биде политичка. Без оглед на пресудата, таа ќе биде резултат на дејствување на владата“, рече Асли Ајдинтабас од Европскиот совет за надворешни односи.

Ајдинтабас потенцира дека владата ќе ги земе предвид големиот број прашања како што се односите со Грција, Европа и Соединетите држави каде „религијата е многу важна тема“.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера ја повика Турција да го задржи музејот на Аја Софија, достапен за сите.

„Ги повикуваме турските власти да продолжат да ја чуваат Аја Софија како музеј, како илустрација на нивната заложба за почитување на културните традиции и богатата историја што ја формираа Турската Република и да гарантираат дека ќе остане отворена за сите“, напиша Помпео.

Самите Турци се поделени во врска со иднината на Аја Софија.

Махмут Караѓоз, 55-годишен чевлар од Истанбул, сонува еден ден да може да се моли под нејзината купола.

„Тоа е наследство на нашите предци. Се надевам дека нашите молитви ќе бидат услишани“.

Од друга страна, студентката по економија Сена Јилдиз смета дека Аја Софија мора да остане музеј.

„Тоа е важно место за муслиманите, но и за христијаните и за сите оние кои се заинтересирани за историја“, заклучи таа.

Во Русија над 6,5 илјади новозаразени со коронавирус

Русија објави нови податоци за бројот на починати и нови случаи на коронавирус.

Денеска се пријавени 6.760 нови случаи, со што е надминат бројот на 660.000 случаи на инфекција од почетокот на пандемијата. Сега тој број е 661.165.

Во изминатите 24 часа починале 147 лица, односно од почетокот на пандемијата во Русија, 9.683 лица починале како резултат на „ковид-19“, пренесува Ројтерс.

Инаку, Русите денеска ја отворија вратата на претседателот Владимир Путин да остане на власт до 2036 година со гласање на вчерашниот референдум со големо мнозинство за пакетот реформи што ќе му овозможат да се кандидира за претседател уште двапати, додека критичарите предупредуваат дека исходот на референдумот е фалсификуван.

Официјалните резултати, откако беа преброени повеќе од 90 проценти од гласовите, покажуваат дека поранешниот функционер на КГБ, кој владее со Русија повеќе од две децении како претседател или премиер, лесно го добил правото да се кандидира за уште два претседателски мандати. Тоа значи дека тој може да остане претседател повеќе од 16 години.

Централната изборна комисија соопшти дека скоро 78% од избирачите ги поддржуваат предложените уставни измени, а 21% гласале против. Лидерот на Комисијата, Ела Памфилова, рече дека гласањето е транспарентно и официјалните претставници направија се што можат за да се осигурат дека се одвивало правилно.

65 проценти од гласачкото тело излегоа на гласање, рекоа изборните функционери.

притисни ентер