Денеска во Гевгелија ќе се одржи едночасовен Марш во молк за болните од рак

 Здружението „Changemakers4all" денеска во Гевгелија ќе одржи едночасовен марш во молк „И ти може да бидеш пациент" за подигање на свеста за проблемите и бројноста на пациентите болни од рак во овој регион.

Целта на овој Марш во молк, соопштуваат организаторите, е да биде прв чекор за обележување на активностите кои следуваат.

– Да се отвори посебно здружение кое ќе се посвети исклучиво на оваа ранлива група, да се покрене иницијатива за детектирање на точните причинители за драстичното зголемување на болни од рак во Гевгелија и околината, како и да да се најават сите иницијативи кои ќе бараат ослободување на болните од патни трошоци до медицинските центри за зрачење, снимања, контроли, или барем на порамнување на додатокот за нега со реалните трошоци или евентуално отворање центар за третирање на овие пациенти во овој регион, информираат од здружението.

Димитров на видео средба со шеик Абдулах бин Зајед Ал Нахјан, министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати

Министерот за надворешни работи Никола Димитров оствари видео средба со министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Обединетите Арапски Емирати, Неговото Височество Шеик Абулах бин Зајед Ал Нахјан.

„Благодарни сме за подготвеноста за размена на искуства во однос на новите методи на тестирање што се применуваат во Обединетите Арапски Емирати, како и разгледување на можностите за конкретна поддршка на Македонија во борбата против ковид-19 и за напорите за сузбивање на економските последици од пандемијата. Посебно, нѐ радуваат високите оценки за квалитетот на македонските земјоделски и прехранбени производи и во тој контекст, отвореноста на ОАЕ за нивен пласман на тамошниот пазар. Тоа ќе биде од круцијално значење за нашата економија во пост-ковид периодот", рече Димитров.

На средбата беше констатиран досегашниот развој на пријателските односи меѓу двете земји и истакната заложбата за натамошно продолжување на политичкиот дијалог и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес.

Министрите разменија мислења за економските односи и соработката на билатерален и мултилатерален план, за актуелните состојби во двете земји во справувањето со здравствената криза и социо-економските последици од пандемијата, како и за решенијата за нивно надминување со заедничка соработка и солидарност,се наведува во соопштението од МНР.

Пјаниќ плаче во прегратка на татко си поради трансферот во Барселона (ВИДЕО)

Миралем Пјаниќ го слави трансферот во Барселона и круната на неговата кариера.

Роден е во Тузла, а детството го поминал во Луксембург, каде неговото семејство избегало заради војната во БиХ. Пјаниќ дури настапувал за младата селекција на Луксембург.

Сега во Луксембург семејството и пријателите на Пјаниќ организираа забава за новиот член на Барса. После песната на славниот фолк пејач Шериф Коњевиќ, популарниот Пјаниќ плачеше и го прегрна неговиот татко Фахрудин, по што публиката започна да аплаудира.

Покрај Коњевиќ, на забавата пееше и Раде Лацковиќ.

Да потсетиме, Пјаниќ пристигна во Барселона преку размена на играчи со Јувентус.

Барса го испрати Бразилецот Артур Мело во Торино, а за возврат, покрај Пјаниќ, ќе добијат и десет милиони евра.

Тесла вреди повеќе отколку Тојота, Дизни и Кока-Кола

Тесла, компанијата за производство на автомобили на Илон Маск, се искачи на врвот на листата на највредните производители во 2020 година.

Така, ја надмина Toyota според пазарната вредност и стана највредниот производител на автомобили во светот. Веднаш на второ место е Тојота, додека Тесла е повеќе од двојно повредна од Фолксваген.

Тојото беше кратко на првото место, но најновите бројки покажуваат дека Илон Маск повторно го зазеде врвот. Пазарната вредност на „Тесла“ сега е околу 207,6 милијарди американски долари, што е за неколку милијарди повеќе отколку што вреди Тојота.

Тесла е исто така повредна од Кока-Кола, Дизни, Циско, Мерк и Ексон Мобил.

Во изминатата година, акциите на „Тесла“ пораснаа за скоро 350 проценти, достигнувајќи ја проценетата вредност за седум пати поголема отколку во истото време минатата година. Многумина сè уште сметаат дека компанијата на Маск е прескапа, со оглед на количината на автомобили испорачани ширум светот.

Многумина сметаат дека Тесла е технолошка, а не автомобилска компанија. Во изминатите 12 месеци, заклучно со 31 март 2020 година, Тесла испорачала нешто помалку од 400.000 електрични возила ширум светот.

Сега на берзата во Њујорк има само 19 компании кои се повредни од Tesla.

притисни ентер