Пејачка од црвениот тепих упати политичка порака напишана на голите гради (ФОТО)

Чилеанската пејачка на минатонеделното доделување на наградите Latin Grammy Awards  се појави на црвениот тепих со голи гради , за да привлече внимание за граѓанските протести во нејзината земја во кои загинаа 20 демонстранти.

Пејачката Мон Лаферт (36) пристигна на церемонијата во Лас Вегас во палто што го соблече и ја откри политичката порака напишана на голите гради. „Во Чиле се измачувани, силувани и убивани“, напишала таа на шпански јазик.

Протестниот бран во јужноамериканската земја трае скоро еден месец, при што демонстрантите бараат социјални реформи и промена на уставот. Најмалку 20 лица загинаа во големи немири, а повеќе од 1.000 демонстранти беа уапсени.

Според извештаите на Франс Прес, Националниот институт за човекови права објави дека 197 лица се здобиле со повреди на очите од почетокот на протестите на 18 октомври, а некои биле трајно ослепени од полициската употреба на гумени куршуми и пукање со солзавец.

Лаферт, која има повеќе од 2,6 милиони обожаватели на Инстаграм, подоцна доби награда „Греми“ за најдобар алтернативен музички албум, а сепак таа носеше палто додека ја примаше наградата што му ја посвети на Чиле.

🌹🌹

A post shared by mon laferte (@monlaferte) on

Се урна недограден трговски центар во близина на Москва, најмалку четири лица загинаа (ВИДЕО)

Четири лица загинаа под урнатините на трговскиот центар во изградба што се урна во рускиот регион Киров, соопшти регионалното Министерство за вонредни ситуации.

Локалните власти претходно објавија дека четворица градежни работници загинале, а еден е повреден, пренесува Тасс.

Извор од службите за итни случаи рекол дека несреќата се случила кога пропаднале гредите на зградата, која зафаќа 250 квадратни метри.

Според првичните податоци, можно е уривањето да се случило поради кршење на градежните прописи.

Еднокатниот трговски центар во градот Зујевка е изграден од приватен инвеститор и имал одобрение за градба.

Мисајловски: Чаир е заборавен од власта, ние ветуваме дека тука повеќе нема да има граѓани од втор ред, туку илјадници проекти за сите граѓанин

Денеска повторно сме во Чаир, да се видиме тука со населените места, во маалата, да разговараме за проблемите на граѓаните, рече потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2, Владо Мисајловски  .

Се видовме и со повозрасните, со пензионерите кои не замолија да се зголемат пензиите, не замолија реално да се зголемат пензиите, а не како изминативе три години во кои постојано се ветуваше, но за жал пензионерите не добија ниту денар повеќе.

Затоа ние се обврзуваме со ветување до сите пензионери дека ќе ги зголемиме пензиите за преку 20%, бидејќи тие заслужуваат и се столб на општеството.

Тие тука во Чаир живеат и живееле со години, сакаат да останат тука, затоа треба да им го подобриме стандардот, но не само на пензионерите, туку и на сите останати. Затоа ветуваме поголеми плати, како и подобар животен стандард.

Ветуваме инфраструктурни објекти, ветуваме поголеми капитални инвестиции. Позади мене се наоѓа Поликлиниката Чаир, СДСМ ветуваше дека ќе ја реновира комплетно, но може да видиме дека едно камче не е мрднато. Ние можеби ветуваме илјадници проекти, но сите тие се издржани, сите тие ќе бидат исполнети, затоа што ние стоиме позади секој еден проект. Можеби не ветуваме се и сешто, но она што ќе го ветиме, ќе го исполниме.

Тука доста граѓани се чувствуваат како граѓани од втор ред, бидејќи институциите не работат за нив, бидејќи локалната и централната сосема ги заборави.

Затоа почитувани граѓани, почитувани чаирчани дајте ни ја поддршката, дајте ни шанса да направиме обнова во Македонија. Да направиме обнова во културата, да ја обновиме инфраструктурата, обнова на традиција и достоинството и на семејните вредности.

Чаир е место кое заслужува да му се даде посебен акцент, Чаир не смее да се заборави и овие луѓе тука кои се останати да живеат, сакаат само една подобра перспективност, подобар стандард и нивните деца да продолжат да живеат тука.

За да младите останат тука, потребна е обнова на Македонија, затоа ги повикувам сите граѓани да излезат и да ни ја дадат поддршката, а после 16-ти јули да работиме напорно секој ден, за секој еден граѓанин.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Грчката забрана за Србите важи до 15 јули, мерката може и да се продолжи

Грција ќе ги затвори границите за српските граѓани од утре од 6 часот, а сега објавија колку долго ќе трае оваа мерка.

„Пристапот до Грција за сите граѓани на Србија, на сите премини, ќе биде забранет до 15 јули“, објави грчката влада.

Грција исто така напомена дека, во согласност со своите договори со ЕУ, може да ја преиспита оваа мерка и дека анализите се прават на дневна основа.

Треба да се додаде дека се наведува дека оние кои имаат „исклучителни причини“ за своето патување сепак ќе имаат право да влезат во Грција, но не е прецизирано што значи тоа, наведуваат српските медиуми.

притисни ентер