Петгодишно дете отишло со кокаин во градинка : Како Спајдермен сум

Петгодишно дете во градинка во американската држава Масачусец донело кесичка кокаин.

Воспитувачката во градинката била шокирана кога малиот и рекол да стави од правот во уста и дека потоа „ќе се чувствува како Спајдермен“. На кесичката со кокаин имало слики на Спајдермен.

Жената веднаш го известила директорот кој ја повикал полицијата.

Иако кесичката не била отворена, полицијата превентивно го однела момчето во болница. Откриле дека не момчето не конзумирало од правот.

Потоа, тие отишле во домот на неговото семејство, каде го нашле таткото Бени Гарсија и го уапсиле. Пронашле 38 кесички со кокаин и 70 кесички со хероин во неговиот дом.

Полицаецот Џим Алберт откри дека Бени веќе бил баран под обвинение за продажба на наркотични средства.

Во куќата имало уште едно бебе и сега двете деца се наоѓаат под социјална заштита.

Ѓоргиевски: Од Македонија се бара поврат на 2,2 милиони евра на ЕК злоупотребени преку Еразмус+

Европската канцеларија за борба против измами –ОЛАФ, бара  поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година.

Европската канцеларија за борба против измами –ОЛАФ, бара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година, соопшти на прес-конференција, директорот на националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски.

Тој вели дека предметот е кај Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, но поради предистражната постапка не може да соопшти повеќе детали..

Тошковски учествуваше во превентевните активности „Стави појас, вози безбедно“

Тошковски учествуваше во превентевните активности „Стави појас, вози безбедно“ и „Стоп за возење под дејство на алкохол“.

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, во рамките на посетата на СВР Струмица, учествуваше во превентивните активности „Стави појас, вози безбедно“ и „Стоп за возење под дејство на алкохол“, кои се реализираа во општинскиот центар Босилово.

Според Тошковски, со вакви превентивни акции може да се делува на намалување на несреќите.

-Се надевам дека во иднина ќе имаме помалку несреќи и барем ќе се воздржуваме од управување на моторно возило под дејство на алкохол и ќе го управуваме возилото според сите правила и стандарди за користење на истото, рече техничкиот министер за внатрешни работи.

Во одговор на новинарско прашање за обвинувањата од СДСМ дека во изминатите два месеци се зголемени кражбите и има пораст на криминалитетот и дека со неговото доаѓање на чело на МВР работите не одат на подобро, Тошковски одговори дека вакви изјави не заслужуваат сериозен одговор, бидејќи овие изјави се несериозни и тој не сака да ги коментира.

-Да видиме дали ќе бидат доблесни да се нормализира комуникацијата со јавноста или ќе се продолжи со вакви бесрамни потези, кадешто буквално македонскиот народ се смее на тоа што го терат долго време како приказна.Дајте да завршиме со вакви паушални обвинувања. Дајте да завршиме со фрлање на пердуви насекаде без никаква основа и да се фатиме за работа и да направиме држава каква што треба. Доста е веќе со голи политики и политаканство и со лажење на народот, рече Тошковски.

Тој денеска го посети и пунктот за издавање на лични документи во Полициското одделение во Ново Село.

Национална конвенција за ЕУ: Министерството за правда веднаш да иницира нови измени на КЗ

Министерството за правда веднаш да иницира нови измени на Кривичниот законик, препорачуваат од Националната конвенција за ЕУ во Македонија. 

Експресните измени донесени со европско знаменце од лани не се на иста линија со политиките на ЕУ, велат оттаму, со оглед на тоа што предлог директивата од Брисел предвидувала повисоки казни за кривичните дела поврзани со корупција. Препорачуваат и враќање на избришаниот став за злоупотреби при јавните набавки.

-Со оглед на тоа што е дел од таа минимална листа не треба да имаме дилеми дека тоа ќе опстојува и во иднина. И во поглед на предложените казни во однос на нивната висина тие се многу повисоки од оние што ние ги имаме во актуелниот КЗ особено тие се намалија кај делото злоупотреба на службената положба и овластување со измените на КЗ од септември 2023 година,- изјави – Александра Деаноска – Трендафилова – Универзитетски професор.

Иако работна група во МП подготвува целосно нов Кривичен законик во кој ќе биде вратен избришаниот став, од Националната конвенција сметаат дека оваа процедура ќе се одолговлече. Во меѓувреме Македонија не треба да губи време на својот евроинтегративен пат, вели главниот преговарач во тимот на Хрватска споделувајќи го хравтското искуство во процесот на пристапување кон Унијата.

-Ако Македонија се инспирира од она што ние (Хрватска) позитивно го сработивме може да го фати забрзаниот пат. За мене клучни се визијата, политичката одлучност на политичките елити во Македонија, консензус на клучните чинители дека тоа навистина се сака како би се навистина спровеле тешки реформи а тука доаѓаме до тоа да се биде способен да се донесат тешки одлуки, односно да не се избегнува носењето на одлуките,- изјави – Кристиан Туркаљ – Правен експерт за Западен Балкан, Р. Хрватска.

Со измените на КЗ лани во септември пратениците ги намалија пропишаните казни за неколку кривични дела, и воведоа горна граница на максималната казна, што заедно со избришаниот став доведе до застарување на неколку дела. Веднаш потоа и Извештајот на ЕК за напредокот на земјава нотираше загриженост околу овие измени но и посочи на несоодветна употреба на европското знаменце.

притисни ентер