Порше влета во првиот кат на куќа (ВИДЕО)

Во САД пред десетина дена се случи страшна сообраќајна несреќа , предизвикана од огромна брзина во комбинација со алкохол.

Во Њу Џерси, автомобил Порше се заби во кат од зграда. Колку возел бргу, може само да се претпостави. Двајцата патници во автомобилот загинале, а добар дел од куќата во која се заби автомобилот, е уништена.

Возачот изгубил контрола врз возилото, пренесува CBS News. Тој возел со голема брзина и излетал од патот , по што автомобилот бил катапултиран во воздух.

Автомобилот е целосно уништен и кранот мораше да го одвојува од куќата каде беше речиси целиот забиен.

ВМРО-ДПМНЕ: Анестезиолози заминуваат од државното здравство заради егзистенција, а Шекеринска ужива во луксузот на Боки 13

Шекеринска знаела за криминалот и рекетирањето. Шекеринска уживала во Луј Витон луксузот на Боки 13. 

Шекеринска молчела за потеклото на парите на Боки 13, иако била свесна дека невработено лице со блокирана сметка не може да има такви приходи.

Се додека милиони евра завршуваат во Луј Витон торби, пари за анестезиолози и доктори ќе нема, а здравствениот систем ќе колабира.

Ситуација во која се најде Македонија како последица од корона вирус очигледно не ги интересира челниците на СДСМ.

Црната бројка на заразени во Македонија надмина 7000 граѓани, а Министерот Венко Филипче си тера политичка кампања и си снима пропагандни спотови за партијата. Бројот на починати наши сограѓани е речиси 350, и таа секој ден се зголемува. Неодговорноста на власта доведе до ваков колапс на здравството.

Здравствениот систем се распаѓа. Наместо да се трудат да набават лекови го видовме директорот на Фондот за здравство Ден Дончев собира снопчиња со пари во кожна чанта. Медицинските работници молат за медицинска опрема, болниците е распаѓаат.

Водството на СДСМ ги интересира се друго освен интересот на народот. Видовме како се носат Луј Витон куфери полни со милиони евра рекетирани пари, за кои осудениот во случајот рекет Боки 13 посочи дека завршиле кај Вице и Зоран Заев. Видовме снимка како Боки 13 е во друштво со веќе осудената за случајот рекет Катица Јанева и Радмила Шекеринска, заменик претседателот на СДСМ.

Слушнавме како се рекетирале и странски бизнисмени за 300.000 евра од самиот врв на Владата предводена од СДСМ.

Слушнавме како Вице Заев давал зелено светло за палење на автомобили на политичките неистомисленици, како се местеле тендери за блиски до власта. Има се повеќе докази дека врвот на СДСМ е една голема криминална банда која ја уништи Македонија.

Видовме се само не видовме како владата предводена од СДСМ реализира проекти во корист на граѓаните.

СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Промоција на истражувањето за насилството во училиштата и меѓуетничките односи

Во  организација на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши денеска ќе биде промовирано истражувањето на тема „Насилството во училиштата и меѓуетничките односи".

Истражувањето, спроведено од страна на Агенцијата за истражување на јавното мислење и маркетинг „БРИМА", е направено во девет средни училишта од Скопје, Велес, Виница, Дебар и Гостивар во периодот ноември-декември 2019 година.

– Важно ни беше да го добиеме мислењето на наставниот кадар и учениците и токму затоа го спроведовме ова истражување. Преку него сакаме да ги поттикнеме сите училишта, наставници/чки, родители, иницијативи, поединци … да ни се придружат во градење на подобро општество и заедничка борба за училишта без насилство, велат од „Меѓаши".

На промовирањето на истражувањето, информираат организаторите, ќе се обратат професори и соработници вклучени во Програмата за мировно образование на Првата детска амбасада во светот Меѓaши./МИА

Промоција на четири изданија за македонскиот јазик

Промоција на четири капитални изданија за македонскиот јазик ќе се одржи денеска на платото пред Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

– На иницијатива на Македонската академија на науките и уметностите и со целосна поддршка и вклученост на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков", Филолошкиот факултет „Блаже Конески" и Советот за македонски јазик, деновиве од печат излегоа делата: „Македонскиот јазик – континуитет во простор и време", колективна монографија во којашто што е даден синтетски преглед на историскиот развој на македонскиот јазик од IX век па сè до неговата кодификација; „Погледи за македонскиот јазик", меѓународен зборник на трудови во којшто над 40 странски и македонски лингвисти имаат свои прилози за различни аспекти на македонскиот јазик; „Македонска хрестоматија", избор на позначајни македонски текстови од IX до XX век; и „Лингвистички атлас на македонските дијалекти (според материјалите на ОЛА)" кој дава продлабочен увид во лексичкото богатство на македонските дијалекти, се вели во соопштението од МАНУ.

Сите овие дела се поставени и во дигитална форма на главната страница на МАНУ.

Воведно обраќање ќе има претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев, а книгите ќе ги промовираат Катица Ќулавкова, Снежана Велковска, Димитар Пандев и Марјан Марковиќ.

– Со излегувањето на овие значајни изданија за македонскиот јазик, а и со заедничката промоција, македонската лингвистичка средина се обединува за да даде вистински аргументирани и научни одговори за континуитетот и еволуцијата на македонскиот јазик, а и за неговото место во меѓународната славистика и лингвистика, наведуваат од МАНУ. /МИА

притисни ентер