Туск – нов претседател на Европската народна партија

Претседателот на Европскиот Совет во заминување, Доналд Туск , ќе биде нов претседател на Европската народна партија (ЕПП), потврдиле од партијата пред изборниот конгрес за два дена во Загреб.

Најпознатиот полски политичар на меѓународната сцена ќе го замени Французинот Жозеф Дол, кој ја предводи ЕПП од крајот на 2013 година.

Туск не ја објави лично номинацијата, но ЕПП на својата веб-страница потврди дека најдолготрајниот премиер во демократска Полска е единствениот кандидат за нов лидер.

Тој на почетокот на ноември потврди дека нема да се кандидира за претседател на Полска, отворајќи го патот за нова европска улога кога ќе истече неговиот мандат во Брисел на крајот на ноември.

Унијата на Конзервативната партија избира ново раководство во Загреб, откако победи на европските избори во мај и ја обезбеди функцијата претседател на новата Европска комисија (ЕК).

Една од „жешките“ теми со кои се соочува новиот лидер на ЕПП е завршувањето на внатрешната истрага за суспендираниот член на Фидес, партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан обвинет за кршење на демократските стандарди во неговата земја.

„ЕПП треба да предложи и спроведе политика за поефикасна заштита на климата, зајакнување на младите и заштита на демократијата и мирот на нашиот континент и нашето соседство“, рекоа Дол и генералниот секретар Антонио Лопез-Истуриз пред конгресот во средата и четвртокот.

ЕПП е основана во 1976 година со обединување на демократските, конзервативните и другите партии од централната десница.

Со 182 од вкупно освоените 751 места, тие се најголемата политичка група во Европскиот парламент.

Спасовски – Тигањ: Силна поддршка од Хрватска за интеграциите во НАТО и ЕУ

 Соопштен е јасно ставот на премиерот Пленковиќ и на Република Хрватска, којашто од овој месец го презеде претседавањето со ЕУ, дека Хрватска ќе настојува и за успех на нашата држава во европските интеграции.

 Премиерот Оливер Спасовски имаше средба со хрватската амбасадорка Нивес Тигањ на која, како што соопшти владината прес-служба, е изразена силна поддршка од Хрватска за реализација на полноправното членство на нашата земја во НАТО и за заслужениот исчекор во европските интеграции.

– Соопштен е јасно ставот на премиерот Пленковиќ и на Република Хрватска, којашто од овој месец го презеде претседавањето со ЕУ, дека Хрватска ќе настојува и за успех на нашата држава во европските интеграции, по затворањето на сите важни и суштински прашања во делот на реформите и добрососедските односи и успехот во НАТО интеграциите. На состанокот е поздравена посветеноста на премиерот Спасовски и на Владата кон реформите, дијалогот, добрососедските односи и во овој клучен период за интеграциските процеси на државата и е изразена надеж дека сите политички субјекти ќе ги имаат во фокус првенствено интересите на државата, соопшти прес-службата.

Заеднички е констатирано дека е добро сите да придонесат во донесување на законот за јавно обвинителство кој мора да обезбеди гаранции за ослободување на обвинителството од политички притисоци и овозможување кривични гонења согласно закон, со што ќе се покаже дека секој во државата е еднаков пред законите.

Премиерот Спасовски се заблагодари на премиерот Пленковиќ и на Република Хрватска за континуираната поддршка на напредокот на нашата држава.

– Цврсто сме определени да даваме натамошни аргументи дека нашето место е во НАТО и во ЕУ. Затоа и јас како премиер и Владата работиме на континуитет на реформските процеси, на дијалогот, на добрите односи меѓу заедниците дома, на добрите односи со соседите и настојуваме ваквиот позитивен пристап на изнаоѓање решенија да го поттикнеме кај сите политички субјекти во државата. Заслужено очекуваме напредок во евроинтеграциите, рече премиерот Спасовски.

На средбата е оценето и дека широката политичка поддршка во Парламентот и за ратификацијата на протоколот за НАТО и за Протоколот за НАТО и за Изборниот законик, кој треба да ги имплементира забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, вклучувајќи ја и можноста за донесување на Законот за јавното обвинителство, како и организирањето и спроведувањето фер избори, ќе бидат дополнителни аргументи за зрелоста на политичките субјекти и за демократските капацитети на државата.

Орце Ѓорѓиевски: За незаконски смени во МВР годишно се исплатени четири милиони евра отштета

Четири милиони евра годишно плаќале граѓаните за да ја задоволат патолошката желба за политичка одмазда на најнеспособниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот ментор Зоран Заев.

Четири милиони евра од буџетот се исплаќани годишно како штета по изгубените судски процеси кои се водени за незаконските смени и деградирања во МВР.

Наместо 60-тина супермодерни возила за итна медицинска помош или 200 полициски возила, секоја година Оливер Спасовски четири милиони евра трошел за да ја задоволи сопствената и потребата на неговиот шеф да се изживуваат со сите оние кои не размислувале криминално како нив двајца.

Правдата е бавна, но жртвите на политичкото изживување во МВР ја дочекале.

Време е правдата да го стигне и лично Оливер Спасовски. Јавното обвинителство мора да покрене постапка против техничкиот премиер за расипничкото трошење на народните пари. Парите кои се истрошени заради нечија лична или партиска одмазда мора да бидат вратени во буџетот на Република Македонија.

Оливер Спасовски, Зоран Заев и СДСМ водени од тесно партиски интереси направиле ршум во Министерството за внатрешни работи, непосредно пред формирањето техничка влада. За дваесетина дена во декември, заклучно со 25-ти биле издадени 1050 решенија, а само во последната недела 1.198 решенија за прераспределување. Овие решенија во најголем дел се спротивни на законот за внатрешни работи, колективниот договор и правилникот за начинот на распоредување и унапредување во рамките на Министерството.

Заради ваквото работење и партизирање се доведовме до дереџе како држава, криминалците слободно да хараат по улиците, а полицијата да биде нем сведок и статистичар на криминал.

СДСМ ја искористи полицијата за да создаде коалиција со подземјето и криминалот да помине неказнето во нашата земја.

Ова мора да престане. Одговорност мора да има после 12 април.

Оливер Спасовски и Заев се директни виновници за сите порази, криминали и неуспеси во нашата земја.

 Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Комисијата за европски прашања ги прифати измените на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух

Собраниската Комисија за европски прашања на денешната седница го прифати Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух и го даде на натамошно читање.

Министерот за живота средина и просторно планирање Насер Нуредини  образложувајќи го Предлог-закон рече дека има детална листа за мерки што се усвојуваат со наредба од Владата по предлог на МЖСПП , МВР, министерствата за економија, за здравство, за труд и социјална политика и за транспорт и врски. Мерките што се однесуваат на бизнис секторот, рече тој, се усвојуваат по консултации и соработка со нив.

-Инспекторатите, локалните и државни инспектори за животна средина се овластени да го мониторираат планот за спроведување на овие мерки. Предложените глоби се согласно максималните утврдени глоби согласно Законот за прекршоци за мали микро и средни претпријатија и овие одредби се предвидени согласно новиот Закон за инспекција, рече Нуредини.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илијоски смета дека на Комисија за европски прашања не треба да се дискутира за квалитетот на воздухот.

-На Комисија за европски прашања станавме стручњаци и за амбиентен воздух, за областа од медицината, за областа на јавни набавки во Армијата, за намалување на акцизи… Тогаш дајте да ги укинеме сите други комисии. Второ, оваа тема заслужува поголемо внимание од јавноста, рече Илијоски.

Тој имаше неколку забалешки во однос на Предлог-законот, односно смета дека треба да се најде начин сите општини да направат планови за справување со мерките кога има загаден воздух и оти Министерството за животна средина треба да најде начин да ги субвенционира тие работи, дали, како што рече тој, со финансиски капитал и да не се остави која бил општина да нема таков план.

-Во делот каде се овозможува одредени установи да издаваат наредби за имплементација на краткорочни мерки ми се чини дека е еден чекор напред со тоа што сметам дека треба да се размисли тие наредби да имаат поголема тежина во оние делови за технолошки процеси кои трбеба да бидат опфатени со нркакви мерки за намалување на загадување. Процеси во фабрики, индустриски капацитети.., вели тој.

Во однос на казните, Илијоски смета дека треба да се размисли наместо да се намалуваат казните, да се зголемуваат за оние капацитети кои претставуваат опасност за загадување.

 -Тие што загадуваат да се замислат дали вреди да ризикуваат да продолжат со својата активност што предизвикува загадување, вели тој.

Според Илијоски во планот за чист воздух што Владата го донесе треба да се пристапи многу подлабоко и понаучно, да се имаат предвид метеоролошките влианија, условите, локациите на загадувачите, да има континуирано мерење на повеќе локации.

Во однос на втората точка, односно за Предлог-законот за енергетска ефикасност беше усвоен амандманот на пратеникот Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ, односно во членот 1, став 7 од законот, каде стои „енергетската ефикасност при пренос, дистрибуција и снабдување" да се додаде и „производство"

И вториот амандман што се однесуваше на членот 10, став 3 каде е наведена потреба од изготвување на список на згради кои ги користат лицата од јавниот сектор со подна површина од над 250 метри квадратни даден е рок 30 дена за изготвување на тој список, каде се бараше да се даде поширок рок, односно рок од 60 дена за изменување на тој спсиок, беше усвоен. 

притисни ентер