Интернет пратките до 90 евра, наскоро нема да бидат царинети

Министерството за финансии ги подготвува анализите за да го зголеми прагот од сегашните 45 евра на 80 до 90 евра за поштенски пратки за кои нема да се плаќа царина односно за кои само се плаќа ДДВ-то.

Ова го најави министерката за финансии Ангеловска која рече дека прагот во земјите до европската унија е 150 евра заради што се земале предвид се поголемиот број на барања на граѓаните за олеснување на електронската трговија. Бројот на мали пратки секоја година се зголемува за 30% а за да се намалат можностите за манипулации царината преку донација од американската амбасада добила скенер со кој без отворање ќе се забрза целиот процес на проценка дали пристигнатиот пакет оди за царина или не и што има во него.

Според надлежните ова е само еден мал почеток во планираната дигитализација на поштенските услуги кои мора да се подобрат ако се земе дека лани земјава заради изгубени пратки беше пред исклучување од глобалната мрежа али експрес

Македонија од 150 земји е рангирана на 99 место според индексот на логистички перформанси односно според нивото на услуга, брзина и квалитет на испорака.

Зекири: ДУИ да ги остави граѓаните сами да одлучат за кого ќе гласаат, знам дека ќе одберат „Можеме"

Чаир се менува благодарение на Владата предводена од СДСМ и претседателот Заев.

Ако споредиме како беше Чаир за време на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ и времето на СДСМ разликата е голема. Главните патишта кои не се рехабилитираа со години, сега се изградени со стандарди. Чаирчани почувствуваа како е државата да се грижи за секој, рече потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири на вечерашната трибина на коалицијата „Можеме" во Чаир.

Набројувајќи ги Бит Пазарската улица, улицата Ѓорѓи Поп Христов во Топанско поле, Пластичарска улица, средното училиште Цветан Димов на улица Џон Кенеди, Зекири истакна дека сé ова е заслуга на СДСМ и Градот Скопје.

Ова, според него, докажува дека СДСМ на дело го покажува концептот „едно општество за сите".

-Нема веќе општина која е запоставена во зависност од тоа кои етнички групи живеат таму. Слушам, Талат Џафери нема собир со граѓани каде не ме спомнува мене, прашувал што сум правел јас? Ќе ви кажам. Јас со СДСМ и Заев, сме направиле многу. Сме членка на НАТО – тоа што за ДУИ остана само еден сон. Ги ослободивме граѓаните од страв, кога вие заедно со ВМРО-ДПНМЕ ги плашевте. Граѓаните се плашеа од тенденциозни акции на полиција организирани во доминантно албанските средини кои на крајот ќе создадат раздор и непријателства, рече Зекири.

Постигнавме, дополни, способна држава и функционални институции, што подразбира и владеење на правото и воспоставување систем на вредности со почитување на човековите права на секој поединец.

Воедно порача граѓаните да не потпаднат на предизборни влијанија.

-Пред два дена во Гази Баба им порачав на административците да не се плашат од опструкциите што ДУИ им ги прави. Сега слушам и функционери на ДУИ им опструираат на граѓаните. Нема да спомнам имиња, но знаете кои сте. Вашите функционери, Ејуп Халими и Исмет Гури ќе одат во затвор затоа што правеа изборен криминал. Оставете ги граѓаните сами да одлучат, подвлече Зекири./МИА

Претставен е Ауди со три мотори и огромна брзина

Ауди ги објави првите фотографии од S изведбата на е-трон и е-трон Спортбек, кој се карактеризира со моќен електричен погон.

Буквата Ѕ во понудата на Ауди има голема тежина, а во електричната понуда оди и чекор подалеку. Имено, овие S верзии се првите модели од големата серија со три електрични мотори, два во задниот и еден на предниот дел. Нивната синергистичка изведба е 503 КС и 973 Nm, со тоа што максималниот вртежен момент го дава за максимум осум секунди. И тоа е доволно за да стигне до 100 км на час за 4,5 секунди. Максималната брзина е ограничена на 210 км на час.

Исто така е познато дека капацитетот на батеријата е 95 kWh, што значи опсег од 359 км, или 363 км во верзијата Sportback. При стандардна употреба, Audi вози со погон на задните тркала, а интелигентната електроника обезбедува соодветно ракување. Задните електрични мотори прават погон на едно тркало, така што нема потреба да се инсталира механички диференцијал.

И ако возачот го постави ESC системот на спорт и погонот на Audi избере „динамичен“, тој ќе може да лета. Подобрена е и воздушната суспензија со патна позиција од дури 76 mm. Тркалата од 21 инчи се инсталирани како стандардни, големината е поголема со дополнителна цена. Иако станува збор за електричен автомобил, сопирачките се дополнително засилени.

Однадвор, моделот е дополнително изработен, се со цел да се потенцира спортскиот карактер. Почетната цена во Германија е околу 96.000 евра.

Даути: Државата неправедно не полни со долгови, на 15 јули да гласаме за еднаква држава

Кандидатката за пратеник од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Илире Даути, заедно со другите кандидати од шестата изборна единица, остварија средби со жителите на селата Теновци, Радиовци и Милетино во Општина Брвеница. 

Даути повика на поддршка за програмата „Држава за сите", која обезбедува целосна еднаквост меѓу граѓаните. Илире Даути го истакна недостигот на инвестиции во албанските области од претходните влади.

„Беа направени бројни инвестиции во области каде што нема Албанци, додека јавниот долг кој се зголемува секој ден, неправедно ги оптоварува албанските граѓани. 6 милијарди евра е јавниот долг. Дури и децата родени деновиве се оптоварени со јавен долг од 3.000 евра, без никаква вина. Би било разумно да се влезе во долг доколку ова се стори за инвестирање, би било од корист за нас. Но, неправедно сме оптоварени со долг, затоа што инвестициите се насочени на друго место, додека ние исто така го сносиме долгот ", рече Илире Даути од Коалицијата АА - ААА.

Даути ги покани жителите од оваа област да гласаат на 15 јули за промена со заокружување на бројот 5 на гласачкото ливче, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер