Почна вакцинацијата против грип, бесплатните достапни кон крајот на месецот

Вакцините против грип од денеска се достапни за граѓаните и чинат 650 денари.

Бројот на бесплатни ќе изнесува 28.000 и тие ќе бидат достапни кон крајот на месецов.

Најмалку 50 загинати во свлечиште во Мјанмар

Најмалку 50 луѓе загинаа во свлечиште во Мјанмар.Спасувачите утрово ги пронашле телата на жртвите и работат на пронаоѓање на преживеаните кои биле зафатени со ,, бран од кал “предизвикан од лизгање на земјиштето, што се случило поради обилните дождови

„Пронајдени се вкупно 50 тела“, изјавиле пожарникарите и додаваат дека продолжуваат напорите за пребарување на преживеани.

Смртоносните лизгања на земјиштето се вообичаени во Хпакант, регион во државата Мијанмар, на северот на земјата, каде се одвиваат слабо регулирани рударски активности.

Слично свлечиште што се случи во областа во 2015 година уби 116 лица.

Многу работници -мигранти се обидуваат да заработат за живот во Хпакант, пребарувајќи низ огромните купишта исфрлени рударски остатоци со надеж дека ќе најдат жад.

Отстранети 143 непрописно паркирани возила од јавните површини во Скопје

Во текот на изминатата недела  со специјалните возила пајак се подигнати вкупно 143 возила од јавните површини. 

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила 33 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 110 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 166 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 33 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

Пластичен хирург ,,си направил” идеална жена , па се оженил со неа (ФОТО)

Пластичниот хирург Дејвид Метлок ја создал совршената жена, а потоа и предложил брак на првиот состанок.

Вероника ја посетила ординацијата на пластичниот хирург Дејвид Метлок за да направи вагинопластика по раѓањето на нејзината ќерка.

Тој и предложил да направи повеќе процедури што доаѓаат во пакет наречен „Преуредување на преубава жена “.

Вероника се согласила и се подложила на операција за кревање на задникот , вагинопластика и лабиопластика, липосукција на брадата, рацете и нозете и инјектирала ботокс на лицето.

„Таа се определи за сè што и предложив… Дури и брак“, раскажал подоцна Дејвид.

Вероника се шегувала дека сега е рекламен билборд за работата на Дејвид.

И докторот отиде под нож, вбризгувајќи си импланти во бицепсот, трицепсот , во листовите на нозете и на плочките на стомакот.

#nobumalibu

A post shared by Veronica Matlock (@veronicamatlock) on

Вероника тврди дека нејзиниот сопруг ја сакал уште пред операциите.

,,Знам дека Дејвид ме сака затоа што кога влегов во неговата канцеларија, тежев десетина килограми повеќе, и тој рече дека тоа е љубов на прв поглед “, заклучи таа.

притисни ентер