Бензините поевтинуваат половина денар

Бензините поевтинуваат половина денар од ноќеска на полноќ, а кај  дизелот нема промена на цената, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 68 денари за литар, Еуросупер БС 98 за 70 денари, а Еуродизел (Д-Е V) и натаму ќе се продава по 62 денара.

За 0,004 денари поскапува мазутот М-1 HC , и новата цена ќе изнесува 33,344 денари за килограм.

РКЕ ја донесе одлуката за намалувањето на малопродажните цени на нафтаните деривати, што во просек изнесува 0,09 проценти, врз основа на цените на горива и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

Јелена и Новак Ѓоковиќ скршени од болка : Засекогаш ќе бидеш во моето срце

Јелена и Новак Ѓоковиќ се скрпени од болка поради смртта на нивното сакано куче Тесла.

Сопругата на Новак Ѓoковиќ објави фотографија од Тесла на Инстаграм, како и облак во форма на куче.

„Моето малечко, среќен ти роденден . Засекогаш ќе бидеш во моето срце и ти благодарам што одвои парче од мене каде што припаѓаме сите“, напиша Јелена.

И Новак наскоро се огласи, коментирајќи ја својата објава со многу срца и тажни емотикони. Кучето Тесла со брачниот пар Ѓоковиќ живеело со години.

Николовски од Крива Паланка: На Истокот одржавме лекција како се делува патриотски, како може да се работи од срце, да се градат патишта, да се градат мостови

„Овде во Крива Паланка и на целиот Источен регион му одржавме лекција на ВМРО-ДПМНЕ како е да се делува патриотски , како работиме за секој граѓанин, како да бидеме достапни за сите. 

Како може да работиме со срце, да градиме мостови и да градиме патишта. Да создаваме безбедна и извесна иднина и затоа на 15 јули победата овде, победата во ИЕ 3 ќе биде огромна", порача Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител во ИЕ " на Коалицијата „Можеме", на трибината што вечерва се одржа во Крива Паланка.

Тој нагласи дека Изборната листа на СДСМ и Коалицијата „Можеме" во ИЕ 3, што тој ја предводи нема ниту еден скандал, нема ниту една афера, нема ниту една дамка.

„Истокот беше регион кој целосно беше запоставен, 11 години. Истокот даваше поддршка на Влатко Ѓорчев, на Илија Димовски, еве сега се кандидира Игор Јанушев. Но, тие немаат една чешма направено во Крива Паланка. Немаат ништо направено за Истокот. Денеска немаме конкуреција на тоа кој ќе понуди подобри проекти, кој ќе понуди подобра и извесна иднина, тоа е така затоа што имаме кандидати и кандидатски листи на на истото нереформирано ВМРО-ДПМНЕ. Имаме кандидатска листа која е напишана во Будимпешта", рече Николовски.

Тој потсети дека станува збор за луѓе кои не се радуваа и не аплаудираа кога Северна Македонија стана членка на НАТО, не гласаа за Законот за јавно обвинителство, кое е темел на реформите во правосудството, не поддржаа ниту една добра мерка, не гласаа за зелена нафта, за повисоки пензии, за сголемување на минималната плата.

„Тие се научени на Субрата рој политики, на Белизе политики за да ги изнесат парите надвор од државата. Истиот Јанушев со 20 афери зад него, кој удира боксови на жени, го слушавме како се местат избори, како се исклучуваат лифтови. Тие сакаат да не вратат назад во стравот, во неизвесноста, партизирани судии, во мрак и темнина. Тоа е понудата на фејк-њуз ВМРО-ДПМНЕ", рече Николовски и нагласи дека 15 јули ќе биде не само убав и светол ден, туку ден кој ќе донесе победа за граѓаните, се наведува во соопштението на СДСМ.

Николоски во Прилеп : Семејството на власт нарачувало на кого да му се запали колата во Македонија, со такви бандити имаме работа

Три години пропаганди, прикаски, вака било, така било. Но, на крај им се врати како бумеранг тоа што за други го зборуваа, кај нив го гледаме. 

Еве денеска стигнале дотаму коли да нарачуваат да се палат. Семејството на власт нарачувало на кого да му се запали колата во Македонија, со такви бандити имаме работа и затоа ние потребна масовна референдумска излезност на 15 јули за ние, вие, сите заедно да ја одредиме иднината на Македонија, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборната единица 4 Александар Николоски, на средба со граѓаните во Прилеп.

Николоски посочи дека има одлична атмосфера помеѓу граѓаните, истакнувајќи дека секојдневно се приклучуваат над десетици илјади граѓани за обнова на Македонија.

Имаме одлична атмосфера, десетици илјади луѓе ни се приклучуваат секој ден, десетици илјади луѓе ја одбираат обновата, десетици илјади луѓе сакаат Македонија да се исправи после 15 јули да ги направат промените, да дојдат промените и заеднички да си ја градиме Македонија, тоа е порака која стигнува од целата четврта изборна единица, вели Николоски.

Николоски пред прилепчани рече дека не само во Прилеп туку и во цела држава три години колку што се СДСМ на власт се случува само пустош.

За Прилеп гледате и самите, пустош во овие три години колку што овие неработници се на власт. Денеска разговаравме со луѓето од културата, разговаравме со доктори, разговаравме со пензионери, со млади луѓе, и сите истото го кажуваат. Имаше повисоки плати, но сега ги нема, имаше дневници за работа на терен сега ги нема, имаше подобри услови, а сега ги нема, растеше пензијата на секој шест месеци а сега не растат, младите добиваа поддршка за само вработување а сега ја нема. Па ми се поставува едно логично прашање, каде се парите? Буџетот е ист, односно не само што е ист, туку расте од година во година, стигна на рекордни 4 милијарди евра. 4 милијарди евра има Македонија а камен не е ставен три години. Па затоа каде се парите, односно кој ги стопи парите? Одговорот е јасен, семејството, фамилијата на власт, тоа го гледате сите, тоа може да го почувствувате сите, вели Николоски.

Јас дојдов во четворката, затоа што глуми најголем локал патриот, го гледам шета од место на место и зборува како три години да бил во опозиција а не три години да беше на власт. Камен нема ставено во четворката, една работа немаат направено, додаде тој.

Николоски додаде дека кога ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека СДСМ ќе го промени името на државата, ќе воведе двојазичност и ќе ја продаде историјата, тогаш многу малку веруваа во тоа. Но, како што рече тој еве после три години успееја да го променија името на државата, воведоа двојазичност и каде што треба и не треба, ја продадоа историјата и економски ја уништија Македонија.

Нашата опција е Христијан Мицкоски за премиер на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ на власт со најстручниот тим до сега, реформирано, подмладено ВМРО-ДПМНЕ, со најдобрите кадри од Македонија и со најдобрите кадри од дијаспората кои што уште сега ги контактираме и веруваме дека ќе сакат да дојдат за заеднички да ја градиме Македонија, нагласи Николоски.

Николоски повика на масовна поддршка, обединување и масовна излезност за ставање на крај на понижувањата, повикувајќи ги граѓаните заеднички да ги направат промените.

Победуваме на 15 јули со масовна излезност, огромна референдумска излезност за да ставиме крај на ова понижување и да ги направиме промените, порача Николоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер