Презентиран радар за детекција на подземни мини

 Гео радар интегриран на дрон што овозможува автоматска детекција на подземни мини во реално време, беше денеска презентиран на Машинскиот факултет во Скопје.

Уредот може да врши детекција и класификација на подземни мини во интерес на НАТО и Армијата.

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, која присуствуваше на презентацијата, рече дека претатавува чест да се види како нашето членство во НАТО алијансата значи и поддршка на науката и на нови иновативни решенија.

– Палнот на Владата е во иднина буџетите за одбрана да содржат средства не само за модернизација на армијата, туку и делови за поддршка на научно-истражувачките проекти, што е стандард во земјите членки на НАТО, изјави Шекеринска.

Тоа значи, посочи Шекеринска, дека вакви проекти ќе можеме да ги развиваме заедно со НАТО и дел од буџетите на одбраната да ги насочиме кон поддршка на научно-истражувачки проекти и нови иновативни решенија во корист на армијата.

– На тој начин ќе развиваме подобра армија и ќе обезбедиме посилна одбрана, а ќе ги задржиме и младите академски кадри. Ова што денеска го видовме е нова генерација во одбраната и науката, со што покажуваме дека имаме што да понудиме во смисла на нови иновативни решенија, изјави Шекеринска.

Според раководителот на проектот Венцеслав Кафеџиски, станува збор за георадар со кратка фрекфенција, развиен во рамки на НАТО СПС проект за наула за мир и безбеднст.

– Најмалку 15 илјади луѓе годишно умираат од подземни мини, кои остануваат активни и над 50 години. Ние детектираме два типа на мини. Лесни против пешадиски мини и анти тенковски мини, појасни Кафеџиски.

Гео-радарот, посочи Кафеџиски, е поврзан со Софтверски дефиниран радар развиен на УКИМ, што овозможува класификација на резултатите од мерењата и групирање на објектите и видовите мини.

– Уредот може да се користи и наоѓа примена во повеќе области, како за археолошки истражувања, тестирање патишта, форензика, геологија и за мапирање урбана инфраструктура, изјави Кафеџиски.

Гео радарот е развиен во соработка меѓу факултетите од Скопје, Марибор и Тузла и финансиран од НАТО со вкупно 400 илјади евра.

Јанушев од Илинден: Конечно ќе изградиме нов клинички центар во Скопје, 8-ми септември ќе биде дополнителен клинички центар

Носителот на листата за пратеници од ИЕ 3 на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев денес се обрати пред граѓаните на Општина Илинден,се наведува во партиското соопштение. 

СДСМ, Заев и Николовски се нервозни затоа што знаат дека губат, и знаат дека за 10 дена нема да може повеќе да си ја спасат сопствената кожа. Сакам да споделам со вас со кави удбашки финти се уште се служат. Вчера бев во посета на Македонска Каменица. Имавме прекрасен прием од луѓето поддршка од секој граѓанин. Посетивме локално кафуле каде разговаравме со младите за проектите што сакаме да ги правиме во наредните 4 години. Попладнево пред да дојдеме овде ми се јавни сопственикот на кафулето дека веднаш по нас дошла инспекција. Тоа ни е реалноста, пренесе Јанушев.

Но народот доаѓа по своето. Исправи се Македонија, обновата доаѓа. СДСМ, Заев, Љупчо и сите останати од криминалната банда се прочитана прикаска. Нивниот крај доаѓа за 10 дена.

Обновата значи повеќе за секого. Доста ни е од се што гледавме во минатите години. Ајде да го донесеме законот за потекло на имот на политичарите. Да видиме кој после 15 јули ќе остане на политичката сцена. Ние не се плашиме, знаеме што сме правиле, и што правиме. Ќе го донесеме тој закон и ќе видиме кој после 15 јули ќе биде на политичката сцена. Да видиме дали ќе ги имаме Зоран Заев, Лупчо Николовски, Оливер Спасовски и останатите. Нема! Ќе ги пратиме во политичката историја. На темната страна од политичката историја. И нема да чекаме година две или три, тоа ќе го направиме во првите 6 месеци, расчистување со целиот криминал и корупцијата. Знаеме како, имаме кадри. Имаме способни луѓе. Ќе треба многу труд и работа, не се плашиме сме работеле и ќе работиме, порача Јанушев.

Во следните 4 години се обврзуваме, земаме аманет пред сите вас дека ќе работиме напорно. Затоа внимателно се работеше со наши експерти со луѓе од партиските комисии и со луѓе што сакаа да дадат помош, со луѓе од странство. Се што ставивме во програмата ќе го исполниме. Повеќе за земјоделците не само 160 милиони евра субвенции секоја година, туку и нивно навремена исплата, истакна Игор Јанушев.

Јанушев најави дека следуваат огромни реформи буквално во секое поле. Во образованието ветуваме два ипол пати поголеми плати за наставниците и професорите. Во здравството зголемување на платите на медицинскиот персонали и лекарите и конечно ќе го изградиме клиничкиот центар. Да го имаме 8-ми септември како клинички центар и уште два нови клинички центри во Штип и Тетово. Оваа пандемија ни покажа колку многу зависиме од лекарите и медицинскиот персонал. Да им се заблагодариме за се што направија за нас.

На 15 јули рано од сабајле на демократски начин да излеземе и да кажеме доста е на сите штетни политики, доста е за сите политичари кои ја урнисуваа државата, да ги пратиме на темната страна на историјата. На 15 јули гласајте за број 14 за 14 пратенички места во изборната единица три, побара Јанушев од гласачите од Илинден.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Глас за Македонија на средби со граѓаните на Битола

Во рамките на предизборната кампања, Избори 2020,ПП Глас за Македонија денес беше меѓу граѓаните на Битола, се наведува во партиското соопштение.

Нашата претседателка проф. Др. Солза Грчева заедно со носителите на изборните единици, уште еднаш потсетија на нашата програма и нашето залагање, дека народот треба да биде Гласот на оваа држава.

"Да ја направиме Република Македонија вистински демократска, правна и праведна држава со слободни и фер избори, демократски институции, демокатска контрола на власта, децентрализација на власта и почитување на човековите права и слободи. ", се наведува во соопштението на Глас за Македонија.

Стојаноска од Тетово: Намалување на правните бариери, институциите ќе работат во полза на приватните стопанственици

Носителката на листата од ИЕ 6 на  ВМРО – ДПМНЕ, Дафина Стојаноска попладнево заедно со заменичката министерка за финансии Гордана Димитриевска – Кочовска одржа средба со приватни стопанственици од Тетово и тетовско.

-Сите тие се пожалија на економските политики изминативе три години водени од страна на Владата на СДСМ. Затоа ние како ВМРО ДПМНЕ кои што ќе ја предводиме идната Влада на Република Македонија во нашата програма „Обнова" се обврзуваме дека ќе ги намалиме правните бариери при регистрирање на приватни фирми, дека ќе укинеме голем дел од пара и квази фискалните давачки дека ќе ги зголемиме капацитетите на инспекцискиот надзор се со цел да се намали сивата економија и корупцијата. Едноставно дека институциите ќе работат во полза на приватните стопанственици. Исто така ќе го споменам воведувањето на рамниот данок од осум проценти како и данокот од нула проценти за млади до возраст од 29 години. Со ова ВМРО – ДПМНЕ се обврзува дека ќе исправи економијата во Македонија дека ќе ги исправи приватните стопанственици и секако дека ќе ја исправи Македонија, рече Стојаноска.

Таа заедно со кандидатите за пратеници од тетовско во текот на денот остварија средби со жителите на селата Вратница, Старо село и Рогачево. /МИА

притисни ентер