Девет цивили загинале во руското бомбардирање на Сирија

Девет цивили загинале кога руските сили, сојузници на претседателот на Сирија Башар ел Асад ја бомбардирале покраината Идлиб.

Директорот на Сириската опсерваторија за човекови права, Рами Абдел Рахман, рекла дека има и повредени во критична состојба.

Идлиб, близу границата со Турција е последна поголема област под контрола на побунениците и џихадистичките групи во Сирија.

Повеќе од 370.000 луѓе погинале за време на војната во Сирија.

Турција им се закани на САД по признавањето на геноцидот врз Ерменците

Усвојувањето на резолуција во американскиот Конгрес за признавање на геноцидот од Отоманската империја врз Ерменците на почетокот на 20 век „ја загрозува иднината“ на односите меѓу Турција и САД.

Ова предупредување вечерва го објавија турските власти, непосредно по донесената одлука во Вашингтон.

„Однесувањето на одредени членови на американскиот Конгрес ги загрозува турско-американските односи ... Резолуцијата на САД донесена од Сенатот денес ја доведува во прашање иднината на нашите билатерални односи“, изјави портпаролот на турското претседателство Фахретин Алтун.

Горниот дом, Сенатот на САД едногласно денеска ја донесе резолуцијата во која се признава геноцидот врз Ерменците. Таа резолуција беше изгласана на крајот на октомври од страна на Претставничкиот дом, што во тоа време предизвика незадоволство од Турција.

Републиканскиот сенатор Кевин Крамер претходно изјави дека не е вистинско време да се донесе закон што ќе ја налути Турција.

Историчарите проценуваат дека 1,5 милион Ерменци биле убиени во Отоманската империја за време и по Првата светска војна, за што експертите сметаат дека е првиот геноцид во 20 век.

Наследникот на империјата, Турската Република, прогласена во 1923 година, негира дека станува збор за геноцид, туку дека тие биле само жртви на граѓанска војна и немири во време на распадот на Отоманската империја, чиј број бил предимензиониран и дека имало смртни случаи од обете страни.

Турција соопшти дека тогаш биле убиени меѓу 250.000 и 500.000 Ерменци.

Се зголеми бројот на жртвите во пукотницата во болница во Чешка

Бројот на загинати во пукотницата во чешката болница денес се искачи на седум, кога една жена која беше тешко повредена почина два дена по нападот.

42-годишен маж отвори оган во чекалната во Универзитетската болница во Острава, 350 километри источно од Прага, при што загинаа шест возрасни пациенти и се ранети тројца други, пренесува АП.

Другите двајца повредени мажи не се во животна опасност.

Полицијата го идентификува напаѓачот како човек со криминално досие кој користел нелегален пиштол и дејствувал сам.

Ова е второ најсмртоносно масовно пукање во Чешка од 2015 година, кога маж уби осум лица во југоисточниот град Ухерски Брод пред да се самоубие.

Изгубен град од големо древно царство е откриен во Етиопија (ФОТО)

Археолозите откриле изгубен антички град во Етиопија кој бил населен над 1400 години.

Градот бил дел од моќната цивилизација наречена Империја Аксум, која со векови доминирала во Источна Африка и тргувала со други големи сили како Римската империја.

Кралството Аксум, или Аксумската империја, била важна земја во северо-источна Африка која започнала да се развива од 4 век пред нашата ера.

Нејзиното древно седиште било градот Аксум кој се наоѓа во северниот дел на сегашна Етиопија. Била една од водечките сили во тоа време, заедно со Рим, Персија и Кина, пишува New Scientist.

„Тоа е една од најважните антички цивилизации и многумина слушнале за неа“, изјави археологот Мајкл Хароуер од универзитетот Џон Хопкинс.

Засега не се знае точно како се развила оваа моќна цивилизација.

По разговори со локалното население, археолозите започнале да копаат по ридот во близина на село  и наскоро пронашле низа камени sидови кои биле делови од згради, односно наишле на остатоци од антички град.

„Етиопија е одлично место за археолозите. Повеќето локалитети во Грција и Рим се веќе истражени, така што ретко се откриваат поголеми антички градови во областа“, изјави Хароур.

Истражувачите го именувале градот Бета Самати, а откриено е дека тој бил населен уште од 771 година п.н.е. до 645 од нашата ера.  Ова значи дека постоело во периодот пред империјата Аксум.

Затоа Хароуер смета дека населбите пред Аксум не биле напуштени во времето на создавањето на цивилизацијата на царството Аксум и дека можеби немало политички конфликт; како што претходно претпоставуваа археолозите.

Жителите на Аксум првично верувале во повеќе богови. Сепак, за време на 4 век, кралот Езана го примил христијанството. Археолозите пронајдоа камен со христијански крст во околината на Бета Самати, прстен од бакарна легура покриен со златни лисја, амфори што веројатно биле користени за чување вино и други предмети.

притисни ентер