Протест против вандализмот врз споменикот

Неколку здруженија на децата бегалци од граѓанската војна во Грција денеска излегоа на мирен протест пред споменикот во паркот жена борец.

Бараат заштита на споменикот од вандализми и ја повикаа власта да ги пронајде виновниците.

Повеќе во видеото.

СДСМ: Опозицијата да го прекине деструктивното однесување и даде поддршка за буџетот и реформите

Денеска на пленарна седница влегува Предлог-Буџетот за 2020 година.

Предлог буџетот е развоен и темелен на реални економски параметри. Со него силно вложуваме во човечкиот капитал.

Со Буџетот за следната година се обезбедува значителен раст на платите во образованието, во здравството, како и раст од околу 900 денари кај сите 322.000 пензионери.

Повикуваме на конструктивна дебата во Собранието и очекуваме сите пратеници до сите политички партии да го поддржат новиот буџет кој е во интерес и на економијата и на граѓаните.

Истовремено сакам да им порачам на колегите од ВМРО-ДПМНЕ да престаната со детруктивното однесување и конечно да почнат да работат во интерес на сите граѓани.

Ги блокираат реформите во правосудството преку илјадници амандмани само за да ги заштитат криминалците во своите редови.

Најавуваат дека нема да гласаат за Законот за одбрана со што му наштетуваат на процесот на нашето зачленување во НАТО.

За ВМРО-ДПМНЕ замислете е лудило да се носат закони во интерес на граѓаните, да растат платите.

За нив е лудило да се покачи минимланата плата, да се донесе законот за стечајци, да се намалат казните.

Треба да имаат предвид во ВМРО-ДПМНЕ дека ова нивно лудило, на штета на граѓаните и нивните интереси, граѓаните ќе го ценат на 12 април.

Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник

Над 600 километри долги колони на подрачјето на Париз поради генералниот штрајк (ВИДЕО)

Колоните во областа на Париз достигнаа вкупно околу 600 километри на 12-тиот ден од штрајкот против плановите на француската влада за пензиски реформи.

Снимките на камерите за надзор покажуваат дека врвот на сообраќајниот метеж бил околу 9 часот утрово, скоро двојно поголем од вообичаените денови.

Синдикатите ја повикуваат владата на претседателот Емануел Макрон да ги разгледа или да ги повлече плановите за унифициран пензиски систем.

Вознемирени од одлуката на владата да ја зголеми минималната старосна граница за пензионирање на 64 години, умерените синдикати денеска им се приклучија на најрадикалните синдикати повторно повикувајќи на протести.

Поголемиот дел од париската мрежа на метрото остана затворена или услуга е сведена на минимум, а нарушен е и приградскиот сообраќај.

Лоран Бергер, водач на умерениот сојуз ЦФДТ, во меѓувреме, за Франциска Инфо изјави дека за време на штрајкот треба да се воспостави „примирје“ за да им се овозможи на луѓето да патуваат дома за Божиќ.

Петар Денковски – нов генерален директор на Веро

Од 2 декември 2019 година, Петар Денковски е назначен за нов генерален директор на Веропулос Дооел Скопје, кој доаѓа на местото на досегашниот генерален директор, Лукас Бисиас. 

Петар Денковски, дипломиран економист, е дел од Веропулос уште од самиот почеток, односно од отворањето на првиот Веро маркет во населбата Аеродром во Скопје во мај 1997 година. Тој ја градеше својата професионална кариера поминувајќи ги речиси сите скалила во Веро, почнувајќи од секторот финансии, менаџер на маркет, регионален менаџер, менаџер за набавки, менаџер за комерцијала и маркетинг, а последните 10 години беше главен комерцијален директор на Веро во Република Србија.  

Досегашната професионална кариера на Денковски ја одбележаа бројни постигнати успеси како на македонскиот, така и на српскиот малопродажен пазар. Тој одигра значајна и клучна улога во развивањето на брендот Веро во Македонија и неговото позиционирање како водечки синџир супермаркети на македонскиот пазар со препознатлива врвна услуга, широк асортиман на домашни и увозни производи и конкурентни цени.

Успешниот начин на работење во Македонија, Денковски успеа да го пренесе во работењето и на Веро маркетите во Република Србија, каде благодарение на неговото лидерство, компанијата го зголеми пазарниот удел на многу конкуретниот малопродажен пазар на кој функционират големи интернационални синџири маркети и оствари рекордни резултати во работењето, за што сведочат  голем број  освоени награди и признанија.

- Со долгогодишното професионално искуство на г. Денковски во малопродажбата и неговите извонредни резултати, во комбинација со неговата експертиза и уникатниот стил на управување, длабоко веруваме дека развојот и унапредувањето на нашата компанија ќе биде подигнато на уште повисоко ниво, со цел остварување на уште подобри резултати, креирање на нови проекти и реализација на амбициозни бизнис планови – истакнуваат од Веро.  

притисни ентер