ЛДП: Ние сме ветерницата што ги движи работите напред, либерално кон Европа

Позитивни промени во општеството и исполнувања на сите поглавја на ЕУ за нашата земја беа главните теми за кои се дискутираа пред членовите на втората граѓанска трибина на ЛДП, „Размислувај различно, либерално кон Европа“ во Даре Џамбаз во Скопје.

На трибината на сите учесници добредојде им посака Андреј Јосифовски, претседателот на општинската организација на ЛДП од Центар како и специјалниот гостин од Словенија, Роман Јакиќ, политичар и претседател на LIВSEEN којшто на сите им порача дека Македонија не е сама во Европа.

„Во Европа не сте сами, не е Европа само Франција, туку Европа се 28 самостојни и суверени држави која одлучуваат сами, но сепак под чадорот на ЕУ. Морам да ви кажам дека, лично јас, како словенечки политичар заедно со моите колеги од останатите 27 држави, бевме шокирани кога чувме дека Македонија не може да ги започне преговорите со ЕУ“ вели политичарот Јакиќ.

„Иновативна Европа, хакатон за безбедноста“ е конференцијата која се организира во Македонија за аспирациите на земјата во НАТО под палка на др. Рajнер Адам директор на Фондација Фридрих Науман за ЈИЕ кој на трибината рече:

„Ние како Либерална партија многу силно го подржуваме членството на Северна Македонија во ЕУ и НАТО, токму тоа го имаме документирано во нашите одлуки во партијата. Можеме да кажеме дека не сме многу среќни што вашата земја имаше француско вето и со тоа беше одбиена за преговорите со ЕУ“.

Да не гледаме црно и бело поточно само лево или десно, потребна е шареноликост во политиката, да се обидат за младите кои ќе останат во земјата сите да им се даде еднаква шанса порача потпретседателката на партијата, Моника Зајкова.

„Кога имаме време кога треба да се случуваат промени, едните дигаат ѕидови други градат ветерници, ЛДП е онаа која ќе ги гради ветерниците на различни размислувања. Треба да престанеме со голиот популизам и лажните ветувања, на пример ќе ги вратиме младите, ќе направиме ветинг, туку сите да изградиме една држава која размислува различно и која што нуди еднакви права за сите но и правичност за сите пред законот“ потенцираше Зајкова.

Емил Кирјас, потпретседател на Либералната Интернационална, пред присутните повтори дека било шокантно за сите политичари дека Франција во последен момент го променила ставот за да даде зелено светло за Македонија во ЕУ. Тој потенцираше дека треба сите заедно да сме сплотени и заедно да градиме подобро општесто.

„Верувам и убеден сум дека имаме капацитет и сакам да ве охрабрам да не се откажувате туку секоја пречка што ќе застане пред вас како личности и пред нас, како партија и како држава да ја гледаме како предност која што ќе ни овозможи да бидеме посилни и помоќни, мали сме ама сплотени можеме. Во Европа ќе не сакаат ако влеземе со сопствен став. ЛДП има сопствен став, да не се срамиме и да размислуваме да го кажеме гласно“ нагласи Кирјас.

Претседателот на партијата, Горан Милевски, рече дека ЛДП се залага за подобра иднина на граѓаните како и до сега, покрај многубројните проблеми со кои се соочуваме сите во моментот еден од најактуелните и значајни проблемие е решавање на проблемот со загадувањето. Според него најважно е да го најдеме и спречиме причинителот за загадување на воздухот во Скопје и целата држава.

„Не може 30 години наназад сите да се чудиме од каде е изворот на загадување на Скопје, сите да се жалиме дека во Скопје не се дише, а никој не презема мерки тоа да се промени. Една од нашите заложби е да се детекриаат проблемите, државата да оддели средства, да помогне во поддршката на луѓето кои живеат во урбаните средини за поквалитетен живот“ истакна претседателот Милевски.

Во следниот период Либерално-демократска партија низ Македонија ќе организира трибини на кои пред своите членови ќе ги потенцира своите либерални вредности и ќе ги натера граѓаните да размислуваат различно и да ги споделат своите ставови, се вели во соопштението од ЛДП.

Од затвор во Парагвај избегале 75 затвореници

Најмалку 75 затвореници, повеќето од нив членови на озлогласена бразилска криминална група избегале од затвор во пограничен град во Парагвај.

Веднаш е сменет управникот на затворот.

Службени лица соопштуваат дека е откриен е тунел, кој затворениците го ископале за време на операцијата за кој се сомнева дека затворските службеници знаеле, како и дека во ќелиите биле пронајдени скоро 200 вреќи полни со земја.

„Невозможное никој ништо да не видел целото тоа време. Ова не се случило за еден ден или една ноќ“, изјавила министерката за правда Сесилија Перес, пренесе „АП“.

Перес на новинарите им рекла дека покрај управникот на затворот, отпуштени биле и уште шест затворски службеници, пренесе „Ројтерс“.

Министерот за внатрешни работи Еуклидес Акведо соопштил дека е можно тунелот да служел како мамка за да се покрие вмешаноста на затворските службеници, како и дека е можно на многу затвореници да им е дозволено да излезат од затворот преку главната капија.

Акведо рекол и дека поголем број од побегнатите затвореници биле членови на озогласена бразилска криминална организација.

Пограничната област во близина на градот Педто Хуан Кабаљеро се смета за транзитна точка за криумчарење дрога и други криминални активности.

Видео: Рекордна количина на снег во Канада

Рекордна количина на снег на истокот од Канада во регионот Њуфаундленд.

Локалните власти во петокот прогласиле вонредна состојба а денес е продолжена. Силни врнежи од снег затрупаа автомобилите и створиле високи наноси од снег по улиците.

Локалните медиуми јавуваат дека аеродромот Сент Џон е затворен заради вонредни временски услови, а министерот за природни ресурси Сеамус О Регал вели дека приоритет е чистење на улиците.

„CP24“ јавува дека за чистење на регионот се ангажирала и војската.

Корисниците на социјалните мрежи ситуацијата ја опишаа како „snowmageddon“ (снежен армагедон), а на снимките се гледа како луѓето мораат да копаат низ снегот за да искочат од своите домови.

Едно лице повредено по расправија пред локал во Тетово

Триесет и петгодишен тетовец е повреден со остар предмет од две години постар сограѓанин откако претходно имале расправија на улицата „Маршал Тито" во близина на  Градскиот пазар околу 17 часот.  

Повредениот по укажаната лекарска помош во Тетовската болница, е пренесен на скопските клиники поради сериозноста на повредите.

– Во СВР Тетово во 17:20 часот пријавено е дека А.Л (35) по расправија со А.П (37) е повреден со остар предмет и добил убодна рана на левата нога. Настанот се случил пред угостителски објект во близина на Зелениот пазар во Тетово. Лицето А. П потоа побегнал. Екипа на СВР Тетово има извршено увид и започна потргата по А.П и расветлување на мотивите за расправијата и повредувањето, информираат од СВР Тетово. /МИА

притисни ентер