Десет лица приведени при контрола на седум угостителски објекти во Скопје

Десет лица се приведени вчера и денеска во периодот меѓу 23:00 до 04:00 часот.

Лицата се приведени во рамки на операцијата на СВР Скопје, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државен инспекторат за труд во која беше извршена контрола во седум угостителски објекти во Скопје.

При преземањето на мерките и активностите приведени се Д.В. (42) од Скопје поради утврдување на идентитет, В.Г. (32) од Скопје, поради омаловажување на полициски службеник при вршење службени дејства, Ј.Ј. поради сторен прекршок по чл.80 од Закон за оружје (поседувал т.н. боксирач) и седум малолетни лица поради присуство во угостителски објекти надвор од законски дозволениот период.

Од страна на полициските службеници констатиран е прекршок по чл.21 „кој овозможува присуство на малолетни лица во угостителски објект подоцна од 24:00 часот„ од ЗППЈРМ , прекршок по чл.75 од Закон за приватно обезбедување и четири прекршоци од Закон за заштита од пушење. Во еден угостителски објект биле пронајдени полиетиленски кесички со марихуана, кесичка со тврда материја бела боја и таблети, додека во службените простории од угостителскиот објект исто така биле пронајдени полиетиленски кесички со марихуана и полиетиленски кесички со прашкаста материја, за што по целосно документирање ќе се поднесат соодветни поднесоци.

Од страна на Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државен инспекторат за труд констатирани се повеќе неправилности во работењето на пет угостителски објекти и тоа: нерегуларности во дневен промет, нерегистрирано вршење на дејност, неправилно и неуредно водење на службена евиденција.Инспекторите од УЈП, ДПИ и ДИТ дополнително констатирале и два прекршоци по член 3 согласно Закон за заштита од пушење./МИА

Сообраќајот тековно и без застои

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.

Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње

 Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. 

Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње.

Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

притисни ентер