Кофинасираните специјализанти тврдат дека последната средба со Филипче ја имале пред четири месеци

Кофинансирани специјализанти, кои за утре најавија протест пред Министерството за здравство, на кој ќе го изразат своето незадоволство од условите и договорите по кои работат денеска излегоа со реакција до министерот за здравство Венко Филипче.

Тие напоменаа дека нивниот последен состанок бил пред четири месеци, а не пред една недела.

-Кофинансираните специјализанти се посебна група но пред се се лекари кои треба да ги уживаат истите права како и другите лекари. Нашиот последен официјален состанок беше пред 4 месеци а не претходната недела. На истиот ви ги претставивме нашите проблеми и кои истите можат да се решат со промена на ЗЗЗ. Вие побаравте правно решение од нас, кое ви го доставивме пред да се изгласаат последните законски измени во ЗЗЗ, но по се изгледа не сте го разгледале, се наведува во реакцијата.

Како причина за протестот тие го наведуваат тоа што нивните специјализации не се вклопуваат во Законот за здравствена заштита.

За протестот, кој беше најавен и на Фејсбук профилот на Здружението на лекари специјализанти – ЗЛС, министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека дознал ден претходно, при што напомена дека нивното барање го смета за легитимно.

Тој потенцира дека имале работна средба, а закажана е и нова за да видат што може да се направи, затоа што, како што посочи, станува збор за потреба од измена на Закон за здравствена заштита./МИА

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал

Светската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ сака повторно да игра со Рафаел Надал пред да се повлече од тенисот.

-Имам голема почит кон легенда како Рафа и се надевам дека ќе играм со него барем еднаш пред да му заврши кариерата. Тој е добра личност и легенда на нашиот спорт. Тој е мојот главен ривал. Во Австралија реков дека се надевам дека ќе го видам барем на уште еден или два турнири. Сè уште верувам во тоа, сподели Новак за еден од неговите најголеми ривали во кариерата.

Шпанскиот репрезентативец веќе неколку пати сигнализираше дека наскоро може да стави крај на својата натпреварувачка тениска кариера. /МИА

Тевез итно пренесен во болница

Поранешниот аргентински репрезентативец Карлос Тевез синоќа беше примен во болница со силни болки во градите. 

40-годишниот поранешен напаѓач, кој моментално е тренер на локалниот клуб Индепендиенте, беше пренесен во болница во Буенос Аирес откако се почувствувал лошо, но првичните тестови не покажале ништо сериозно за неговата состојба.

-Нашиот тренер Карлос Тевез беше примен во болницата „Ла Тринидад“ во Сан Исидро со болки во градите. Тој ги направи соодветните тестови и тие беа задоволителни. Денеска тој ќе продолжи со нова серија на однапред планирани тестови како дел од поопшт преглед, се вели во официјалното соопштение од клубот, кој ја потврди ситуацијата.

Според локалните изданија, проблемите на Карлос Тевез се поради стрес.

Поранешниот репрезентативец на „гаучосите“ боледувал од висок крвен притисок и редовно се подложувал на тестови и се следи неговата состојба.

Ова доведе до шпекулации во локалниот печат за можноста тој да ја заврши тренерската кариера во обид да го намали притисокот и стресот околу него.

Се уште не е јасно дали Тевез ќе присуствува на денешниот тимски тренинг. /МИА

притисни ентер