Редок син дијамант продаден за 10 милиони долари, очекувана била многу повисока цена

Најчистиот син дијамант од 7,03 карати, од приватна колекција е продаден на аукција во Женева за 10 милиони долари.

Очекуваната цена за овој дијамант изнесувала од 10 до 14 милиони долари. Меѓу другите предмети на аукцијата се наоѓале и прстен и обетки од познатиот француски изработувач на накит Жоел Артур Розентал. Прстенот се продал за 300.000 долари, што е двојно повеќе од очекуваното, пишува „Спутник“. А дијамантските обетки биле продадени за 723.000 долари.

Продаден е и брош со бурмански сафир со исклучителен квалитет од 43 карати за 2.1 милион а очекувани биле 3 милиони.

Роби Вилијамс успеа да го достигне рекордот на Елвис Присли

Роби Вилијамс е меѓу најслушаните музичари во Велика Британија, бидејќи по 13-ти пат стигна до број еден на топ листите што му успеа само на кралот на рокенролот, Елвис Присли.

Албумот на Роби „Божиќен подарок“ се најде на второто место зад групата „Колдплеј“ минатата недела, но сега е број еден, пренесуваат британските медиуми.

Сепак, апсолутен носител на рекорд по бројот на албуми на прво место се уште се „Битлси“, кои имаа 15 вакви албуми.

Песната на австралиската пејачка Tones & I, Dance Monkey го изедначи рекордот за женски синглови, што десет недели ги собори топ листите.

Само американската пејачка Витни Хјустон во 1992 година со „Јас секогаш ќе те сакам“ и Ријана со нејзината „Чадор“ од 2007 година имаа таков успех.

Подемот на Роби значи дека само два од неговите соло албуми не успеале да го достигнат првото место. Неговиот албум во живо од 2003 година од Кневворт и Reality Killed Video Star  стигнаа до број два на топ листите.

Вилијамс исто така испеа четири албуми со групата Take That, кои исто така се најдоа на првото место, што значи дека тој се појавил на 17-те албуми на табелата како соло уметник или дел од групата.

Но, британскиот пејач сè уште е далеку зад Сер Пол Мекартни, кој е на топ листите како соло пејач, со „Битлси“ и „Вингс“ со вкупно 22 албуми на првите места.

Чудо од дете: Го напуштил факултетот зашто нема да дипломира на помалку од 10 годишна возраст

Белгиското чудо од дете што се надеваше дека ќе дипломира на холандски универзитет пред неговиот десетти роденден го напуштил факултетот, пренесува BBC.

Родителите на Лорен Симонс се надевале дека нивниот деветгодишен син ќе може да дипломира пред 26 декември, кога му е роденденот и ќе  стане првиот на светот што дипломирал на возраст под 10 години.

Бидејќи Универзитетот во Ајндховен соопшти дека малиот генијалец имал премногу испити за да дипломира до неговиот роденден, родителите на Лорен решиле да го извадат нивниот син од факултетот.

Понудата да дипломира нивниот син  на факултетот за електротехника до средината на следната година, беше студено одбиена. Студиите, што обично траат три години, требало малото момче  да ги заврши за само десет месеци, велат родителите.

Таткото Александар Симонс вели дека бил критикуван на универзитетот за изложување на неговиот син на толку многу медиумско внимание.

"Ни кажаа дека извршивме преголем притисок од медиумите за нашето дете и дека Лорен ќе мора да помине психијатриски прегледи ако продолжиме. Ако детето добро игра фудбал , сите сметаме дека вниманието на медиумите е одлична работа. Мојот син има различен талент. Зошто да не биде горд на тоа? “, изјави Александар Симонс.

Универзитетот потврди дека станува збор за дете со уникатен талент, но и дека не сакаат да извршат несоодветен притисок врз него.

Што се случува со Бритни Спирс – Фановите повторно загрижени (ФОТО)

Бритни Спирс, која го прослави својот 38-ти роденден пред неколку дена, е повторно снимена како излегува од клиниката во Лос Анџелес во друштво на телохранителите.

Писателката-текстописец и поранешната поп-sвезда изгледаше расеана и запуштена. Покрај неуредната коса и размачканата шминка, Бритни носеше фармерки, бела маица, отворени сандали и бели чорапи.

Дека нешто повторно се случува со пејачката , зборуваат загрижените фанови кога пред два дена таа на Инстаграм објави кратко видео на кое танцува во нејзиниот дом.

Иако самото видео се чини надреално, Бритни ги загрижи сите со црната размачкана шминка околу очите поради што изгледа како да не се измила неколку дена.

Минатата недела Спирс го прослави 38-от роденден во Мајами со своето момче Сем Асгари.

Кон средината на  годинава, таа го откажа престојот во Лас Вегас заради проблем со менталното здравје со кое се бори веќе 12 години. Нејзиниот менаџер тогаш рече дека не е сигурен дали таа некогаш повторно ќе се појави на настапи.

притисни ентер