Фото: Ова е Хонда Цивик за 2020

По северноамериканската верзија Хонда го освежи и европскиот Цивик.

Актуелната генерација Хонда Цивик на европскиот пазар е веќе три години па дојде време за обновување.

Надворешноста на автомобилот е освежена со рестилизирана предна маска и редизајниран преден браник со различно лежиште за магленки.

ЛЕД фаровите се сега стандард а променет е и дизајнот на дневните светла. Хонда Цивик за 2020 добива и 16 инчни алуминиумски бандажи за основниот модели и 17 инчни за поскапите верзии.

Меѓу новитетите е и една нова боја во палетата која Хонда ја нарекува „Obsidian Blue“.

Моторизацијата е останата непроменета, опциите се исти како кај претходниот модел.

Рестилизираната верзија на Цивик доаѓа ќе пристигне во европските салони во декември, а првите испораки на купувачите се планирани за јануари 2020.

Меркел јавно им се заблагодари на постарите граѓани за одговорното однесување за време на карантинот

Во својата редовна видео-порака во сабота, германската канцеларка им се заблагодари на постарите германски граѓани за нивниот став и разбирање за време на пандемијата на коронавирус.

„Сакам им да се обратам особено на групата граѓани кои сметаат дека е многу тешко и многумина сè уште живеат со многу ограничувања: нашите постари сограѓани“, рече Ангела Меркел во својата редовна видео-порака.

Меркел изјави дека е свесна дека нивните веќе тешки секојдневни животи се уште потешки за време на пандемијата.

„Вашето веќе осамено секојдневие стана уште поосамено. Најболното нешто за сите беше секако да не ги видите децата и внуците со недели и да не бидете во можност да ги прегрнете“, рече Меркел.

Таа рече дека постарите, и покрај ограничувањата, не реагирале со лутина, но „честопати со разбирање за нивната политика“ што наметнало ограничувања во контактите.

Меркел, исто така, се заблагодари на персоналот на болниците и старечките домови кои ги „искористија сите расположиви можности“ да најдат хумано решение во време на криза.

Неколкумина приведени и 50 осомничени за детска порнографија по рацијата на италијанската полиција

Италијанската полиција започнала голема рација во 15 региони против лица осомничени за вмешаност во детска порнографија.

Според новинската агенција „Анса“, извршен е претрес во домовите на 50 осомничени на возраст од 19 до 55 години, за време на кои биле уапсени најмалку три лица. Еден осомничен е веќе во притвор.

Инспекторите, чија работа е координирана од градските власти во Торино, испитуваат поседување и размена на детска порнографија и ја испитуваат злоупотребата на малолетни лица.

Претходно познат случај им помогнал на властите да ја прошират мрежата на осомничени, пренесува Анса.

Според извештаите на медиумите, истражителите имаат ужасни слики од злоупотребени деца. Осомничените, наводно, ги разменувале меѓународно преку интернет платформи.

За време на неколкумесечната истрага, италијанското судство соработувало и со канадскиот координативен центар за спречување на злоупотреба на деца (NCECC).

Стапија на сила уставните измени – Путин сега може да владее до 2036 година

Промените на Уставот на Русија, вклучително и амандманот што ќе му овозможи на претседателот Владимир Путин да управува со земјата до 2036 година, стапи денеска на сила, откако беа потпишани од Путин.

Гласачите со големо мнозинство ги поддржаа уставните измени донесени по гласањето во средата. Скоро 78 проценти од гласачите кои учествувале на референдумот ги поддржаа уставните измени.

Кремљ резултатот го нарече триумф, додека критичарите го сметаат референдумот за нелегален и нелегитимен. Независната агенција оцени дека гласањето во најголем дел било обележано со неправилности.

Организацијата за безбедност и соработка во Европа не била набљудувач на референдумот, како што е случајот и со изборите во Русија.

Европската унија побара од Русија да ги испита тврдењата за нерегуларности во гласањето, вклучително и обвинувања за повеќекратно гласање и принуда.

Покрај тоа што измените во Уставот да му овозможат на Путин уште два мандата, до 2036 година, доколку тој победи на изборите, на сите поранешни руски претседатели ќе им се даде имунитет од гонење.

Исто така, според новиот устав, бракот ќе се дефинира како заедница на маж и жена, рускиот јазик го доби своето место во Уставот, а се споменува „вербата на Русите во Бога“, но земјата ќе остане секуларна држава.

Забрането е да се даде руска територија на други земји, кои аналитичарите ја поврзуваат со анексијата на Крим.

Измените го оневозможуваат противникот на рускиот претседател Алексеј Навални да се кандидира за највисоката политичка функција следните 15 години, бидејќи секој претседателски кандидат мора да живее во Русија најмалку 25 години.

притисни ентер