Новиот Форд Мустанг преминува на електричен погон (ВИДЕО)

Најдобриот автомобил на Форд и еден од најсилните американски автомобилски брендови е секако Мустангот, а сега ќе добие и електрична варијанта.

Мустанг е доволно моќен , така што може да постои како самостоен бренд . Тоа е најпродаваниот спортски автомобил во светот. Форд сега реши да се обиде да заработи дополнително на познатото име, користејќи ги двата од најактуелните трендови во автомобилската индустрија денес.

Во недела навечер, Форд ќе го претстави електричниот модел за прв пат во 55-годишната историја на Мустангот, за што го ангажираше лично актерот Идрис Елба. Ќе се вика Мустанг Мах-Е.

Но, не е само таа новина , туку Форд реши да направи кросовер од Мустангот. Овој Мустанг ќе биде надграден и судејќи според досегашните најави, ќе се обиде да стане сериозна конкуренција на „Тесла“, пред се на американскиот пазар.

Од Форд се оптимисти , па решија веќе да примаат и резервации. Секој заинтересиран купувач ќе го поткрепи својот потпис со 500 американски долари, што ќе му даде можност да купи го Ford Mach-E следната година кога ќе започне продажбата.Сепак , класичниот Мустанг останува во понудата најмалку уште една година.

Според достапните информации, електричен Форд ќе има опсег од 595 км. Сè уште нема ништо конкретно во врска со перформансите, за кои повеќе ќе се знае од понеделник.

Најбогатиот човек на светот значително го зголеми своето богатство поради корона кризата

Нето-вредноста на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, достигна нов рекорден износ од 171,6 милијарди американски долари, по порастот на цената на акциите на „Амазон“ поради транзицијата на милиони потрошувачи кон е-трговија за време на корона -кризата.

Акциите на Амазон пораснале за 4,4 проценти во средата на рекордни 2.878,70 американски долари, зголемувајќи го богатството на нејзиниот основач на 171,6 милијарди долари. Ова е повеќе од рекордните 167,7 милијарди американски долари од септември 2018 година, според индексот за милијардери на Блумберг.

Амазон заработи од масовната потрошувачка во електронската трговија за време на кризата со корона.

Приходите од 56,7 милијарди американски долари само оваа година го истакнуваат зголемениот јаз меѓу богатите и милионите кои ги изгубија работните места поради најлошиот економски пад од Големата депресија.

Компанијата одби да коментира за зголемувањето на богатството на Безос.

Повеќето милијардери со најголем профит неодамна се исто така дел од технолошкото милје. Меѓу нив е извршниот директор на Тесла, Илон Маск, кој додаде 25,8 милијарди долари на своето богатство од 1 јануари годинава, а основачот на „Зум Видео комуникации“, Ерик Јуан, чие богатство е скоро двојно повисоко , се зголеми на 13,1 милијарди долари.

Средствата на Мекензи Безос, која што се здобија со четири проценти од акциите во „Амазон“ по нејзиниот развод од Џеф Безос, се проценуваат на 56,9 милијарди долари.

Но, не секој милијардер оваа година ја здебелил својата сметка, забележува Блумберг. Амансио Ортега, сопственикот на модниот бренд „Зара“, изгуби 19,2 милијарди долари, претседателот на Беркшир Хатавеј, Ворен Бафет остана без 19 милијарди долари, а тајкунот на француска луксузна стока, Бернард Арно, е потенок за 17,6 милијарди долари.

Но, повеќето го преживеаја падот и вкупната нето вредност на средствата на 500 најбогати луѓе во светот сега е 5,93 трилиони долари, наспроти 5,91 трилиони на почетокот на годината, пишува Блумберг.

Соопштение од ДОМ за дивоградбите покрај Охридското Езеро

Зелената партија ДОМ ја поздравува решителната акција на Општина Охрид за отстранување на бесправните објекти на плажите за кои се истечени концесиите. 

Секојдневно сме сведоци на ослободување на крајбрежјето од бетонски и челични градби што го нарушуваа пределот и правеа штета на природните вредности и биолошката разновидност. Конечно, се спроведуваат неопходните активности за да се стави крај на долгогодишна узурпација на крајбрежјето. Затоа, даваме силна поддршка на Општина Охрид и инспекциските служби да продолжат со борбата за зачувување на вредностите на Охридскиот регион и неговиот УНЕСКО статус.

Вчера, Советот на Општина Струга донесе Одлука за продолжување на мораториумот на градби и легализација на бесправни објекти, три месеци по носењето на оваа одлука во Охрид. И покрај големото доцнење, сметаме дека тоа е мал чекор во добра насока. Сепак, недозволиво е владината Уредба со законска сила за плажите да не се применува на струшкото крајбрежје! Ја повикуваме Општина Струга да го следи примерот на Охрид и да го ослободи и западниот дел на езерото од парапетчиња, платформи и други нелегални градби. Апелираме Државниот пазарен инспекторат и УЈП да обезбедат доследно спроведување на Уредбата на Владата.

Сектор за односи со јавноста – Демократска обнова на Македонија (ДОМ)

Николовски од Берово: Европската комисија ја усвои Преговарачката рамка на Северна Македонија, ова е потврда на правилните политики, но и потврда на македонскиот јазик

„Особено сме горди што денеска на првиот ден од претседавањето на нашиот голем пријател Германија, беше соопштена преговарачката рамка на Македонија и Европската унија. 

,,Ова е огромна одлука за македонските граѓани, голем чекор кој е потврда на се она што го правевме овие две години. Но, ова е и потврда на македонскиот јазик", порача Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител на ИЕ 3 на Коалицијата „Можеме, на вчерашната трибина во Берово.

„Да стигнеме денеска до оваа Одлука во време на криза, ова е убава и важна вест за сите граѓани. Европската комисија ја усвои Преговарачката рамка за Македонија. Таа потврдува дека македонскиот јазик е загрантиран, таа потврдува дека целокупниот правен систем на ЕУ ќе биде преведен на македонски јазик. Тоа го пишува во денешната одлука", рече Николовски.

Тој нагласи дека концептот предвиден во Програмата на СДСМ и Коалицијата го трасира патот на сигурноста, безбедноста, но и развојот на новата македонска економија.

„Таа гарантира враќање на младите во земјата, но и силен развој на економијата. Успеавме заедно сите да го срушиме режимот и за две и пол години направивме огромен исчекор", рече Николовски.

Тој нагласи дека СДСМ и Коалицијата „Можеме" нуди чесни и одговорни кадри во ИЕ 3, но и во сите Изборни единици кои гарантираат развој на демократијата, економска стабилност и просперитет.

притисни ентер