Пукањето се случило во средно училиште во Санта Кларита, град северно од Лос Анџелес, неколку минути пред почетокот на наставата.
Полицијата го уапси осомничениот, кој исто така беше застрелан за време на пукањето и сега е во притвор во болница. Бил идентификуван како 16-годишен Азиец кој денеска имал роденден, пренесува BBC.
Според најновите полициски информации, двајцата убиени се 16-годишно девојче и 14-годишно момче. Две девојчиња, на возраст од 15 и 14 години и 14-годишник се повредени.
Сведоци на грозоморниот настан рекоа дека осомничениот во еден момент извлекол пиштол од ранецот и пукал кон петмина учениц, а потоа во себе. Полицијата го пронајде оружјето, полуавтоматски пиштол со калибар 0,45 на местото на настанот и соопшти дека мајката и девојката на напаѓачот пристигнале во полициската станица. Полицијата додаде дека осомничениот е во сериозна здравствена состојба во болницата.
Една ученичка за Ен-Би-Си изјави дека ги пишувала домашните задачи кога сите почнале да трчаат покрај неа.
„Бев многу, многу исплашена. Се тресев“, рече таа.
Друга ученичка изјави дека таа и нејзините соученици се заклучиле во училницата и поставиле столици на вратата.
„Беше навистина страшно, сите се исплашивме и почнавме да ги повикуваме родителите“, додаде таа.