Видео: Русите со хеликоптерски десант ја зазеле напуштената американска база во Сирија

Руските специјалци прегледуваат зграда по зграда и бараат мини и замки оставени од американските војници.

Руската воена полиција и стручњаци за деминирање ја презеле контролата над аеродромот во северната провинција Алепо во Сирија, кој беше напуштен од американската војска.

До неодамна воздухопловната база Сирин, била една од најголемите воени објекти кој американските воени сили го заземале во Сирија. Но, базата набрзо е напуштена откако претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Америка нема причини да остане во тој регион, „освен за обезбедување на нафтата“.

-Влеговме и поставивме стража надвор и внатре. Поставени се и стационирани положаи. Сега тимовите за пронаоѓање на мини минуваат низ сите објекти , и проверуваат дали има поставено експлозивни средства или други изненадувања за нас, изјавил припадник на руската воена полиција за телевизискиот канал на Министерството за одбрана на Русија, „Ѕвезда“.

Директорот на ФБИ: „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД

Директорот на ФБИ, Кристофер Реј изјави дека социјалната апликација „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД, пренесе БТА.

Реј ја објави оваа изјава додека американскиот Конгрес се подготвува да гласа за легислативата за забрана на апликацијата.

-Апликацијата и припаѓа на кинеската компанија ByteDance, која „има обврски кон кинеската влада“, рече Реј во ексклузивно интервју за Ен-би-си Њуз.

-Кога се разгледува моќта, пристапот, технолошките способности и контролата што ги има ТикТок, Американците треба да се запрашаат што мислат за моќта, пристапот, можностите и контролата што ги има компанијата што е сопственик на ТикТок, кинеската влада и, на крајот, кинеските разузнавачки служби, посочува директорот на ФБИ.

Претставничкиот дом на САД во саботата одобри голем пакет помош за Украина, Израел и Тајван. Во рамките на овој пакет е содржан и ултиматумот во врска со „ByteDance“. Се очекува пакетот помош брзо да биде одобрен од Сенатот.

Американските власти тврдат дека ТикТок и овозможува на кинеската влада да шпионира и манипулира 170 милиони корисници во Соединетите држави. /МИА

ДИК: Немаме пријавено поголеми неправилности (во живо)

Прес-конференција на Државната изборна комисија.

Од Државната изборна комисија велат дека досега нема пријавено погоелеми неправилности околу гласањето за првиот круг од претседателските избори. На неколку гласачки места се појавиле мали технички проблеми кои се решаваат во од.

Наредната прес конференција на ДИК е закажана за 13 и 30 часот, кога повторно ќе информираат за текот на гласањето.

Македонија меѓу земјите со најмногу планински области во светот

Бутан, мала јужноазиска земја лоцирана во источните Хималаи, е најпланинската земја во светот, со планини кои покриваат 98,8% од нејзината вкупна површина.

Просечната надморска височина на Бутан е 3.280 метри надморска височина.

На листата следува Таџикистан со 91.9% покриеност со планини, потоа Киргистан со 90.7%, Лесото со 90.5%, Црна Гора со 89.3%, Ерменија со 85.9%.

Македонија е седма на оваа листа со 85.5% планински области, следува Швајцарија со 83.6%, Либан со 81.1% и Непал со 80.7% покриеност со планини.

притисни ентер