Заев од Самитот во Солун: Направивме договори за стратешко партнерство, продолжуваме и отвораме широк простор за бизнис иницијативите

Македонија и земјите од Западен Балкан имаат само еден пат – патот кон ЕУ.

Интеграцијата на земјата и на регионот започна од Солун, со резолуцијата од Самитот на ЕУ во овој град во 2003 година. Бугарија и Романија беа првите земји од Балканот кои ги остварија определбите од тој самит. Сега е време да направиме чекор повеќе и Македонија и другите да им се придружат во европското семејство, рече претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев на Самитот во Солун на панел дискусијата „ЈИЕ Европа: Унапредување на регионалната соработка и реформите".

На панелот, на кој присуствуваа сите учесници на годинашниот Самит во Солун зборуваа и премиерите на Грција и на Бугарија Кирјакос Мицотакис и Бојко Борисов.

Премиерот Заев во своето обраќање истакна дека Македонија последните три години направи многу на домашен и меѓународен план. Како еден од главните приоритети на Владата на Македонија тој ги издвои решавањето на билатералните спорови со Бугарија во 2017 година и со Грција во 2018 година, и дека земјата веќе нема отворени проблеми со соседите и тоа ја прави единствена во регионот на Западен Балкан од таа перспектива.

Договорот од Преспа, рече тој, е најдобриот пример за успех на дипломатијата и дијалогот. Нагласи дека со него се става крај на долг и тежок спор, кој беше отворен три децении.

-Договорот од Преспа е достоинствено и прифатливо решение за обете страни. Тој се заснова на компромис што гради пријателство. Компромис што е добар и за двете страни. Нашето достигнување ги охрабрува другите водачи во регионот да бидат посветени на одржување на мирот и стабилноста, да ја зголемат регионалната соработка, да го зајакнат економскиот развој и да бидат силно посветени на интеграцијата во ЕУ. Цел свет ни оддаде признание за решавањето на проблемите, и сега е време да им дадеме пример дека правиме чекор понатаму и дека ја остваруваме надежта што беше отворена во Солун во 2003 година, истакна премиерот Заев.

Тој потенцираше дека Македонија ги исполни домашните задачи за да ги оствари условите за старт на преговорите со ЕУ и оцени дека одлуката на ЕУ да не даде согласност за ова прашање беше историска грешка и има негативни ефекти и испрати негативна порака за другите во регионот кои наоѓаат мотивација за демократски реформи во интеграцијата во ЕУ.

-Сепак, ние нема само да седиме и да чекаме. Продолжуваме со европеизацијата на нашето општество и ќе ги зајакнеме и спроведеме нашите реформи. Ние сме одлучни во борбата против организираниот криминал и корупцијата, нема да отстапиме и веќе имаме значителни резултати. Затоа сме посветени да се придвижиме кон ЕУ и НАТО. Добро е за нас, добро е за регионот, а исто така и за самите ЕУ и НАТО. Тоа е добра стратегија за сите, нагласи премиерот Заев.

Тој истакна дека евроатлантската иднина на земјата е поттик за економски развој: стимул за инвестиции, поголема трговија, пристап до единствен пазар на ЕУ, зголемена подвижност на луѓе, стоки и капитал, пониски кредитни стапки, и помага во создавањето повеќе и подобро платени работни места.

-Дојдете во Македонија. Стабилноста и реформите носат економски напредок. Во 2018 година имавме највисоко ниво на директни странски инвестиции – 624 милиони евра. Растот зајакна во 2019 година и се предвидува да достигне 3,8 проценти до крајот на годинава, поттикнат од зголемувањето на инвестициите и потрошувачката. Развивме политики за поддршка на бизнис иницијативите, истакна тој.

Додаде дека оваа година државата помогнала со 50 милиони евра, а за идната имаме во Буџетот повеќе за поддршка во таа насока.

-Регионалната соработка со отстранување на бариерите за слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал отвора добри можности да правите профит во нашата земја, а на нас да ни донесете повисок БДП, развој, нови работни места. Тоа е вин-вин ситуација, им порача Заев на претставниците на најголемите компании од Грција и од регионот.

Тој додаде дека сите земји од Западен Балкан ги делат европските вредности и продолжуваат да ги имплементираат европските стандарди во своите општества.

-Од стагнацијата во меѓудржавните односи, дојдовме до моментот кога сите три земји, Грција, Бугарија и Македонија се гледаат себеси како партнери во трансформацијата на регионот. Направивме договори за стратешко партнерство, сега е време максимално да ги поддржиме и да го отвориме широко просторот за бизнис иницијативите, рече премиерот Заев на Самитот во Солун на панел дискусијата „ЈИЕ Европа: Унапредување на регионалната соработка и реформите". /МИА

Состојба на патиштата

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

РАБОТИ НА ПАТ:

Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај мост на река Шемница на Државен пат Р1101 км 85+903, делница Прилеп - Битола", и тоа од 27.03.2024 ќе има целосно затворање на делницата.

На 26.03.2024 година од 14.15 часот извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од автопатот 300м после надвозник „Маџари“ до клучка „Белви“ за време на поправка и рехабилитација на државен пат А1/А2 делница Скопје-Куманово (десна коловозна лента) каде што со ветикална сообраќајна сигнализација во должина од 200м сообраќајот се канализира и успорува од левата (за претекнување) сообраќајна лента во средната (за возење) сообраќајна лента за да потоа во должина од 1500м целиот сообраќај ќе се одвива по сообраќајната лента за претекнување (левата), а средната и сообраќајната лента за принудно запирање ќе бидат затворени за сообраќај.

Од 18.03.2024 г. има измена на режимот на сообраќај на државниот пат Р1101, делница Прилеп – Битола, заради интезивирање на градежните активности во врска со проект Санација на патот, кај мост на река Шемница.

Започнувајќи од 11.12.2023 год. ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп - Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните работи.

Започнувајќи од 05.12.2023 год. е изменет режимот на сообраќај на државен пат A2, делница Тетово - Гостивар во двата правци на движење поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните.

Oд 24.11.2023 година од 16:00 часот режимот на сообраќајот на делницата од автопатот А-1, Куманово – ГП „Табановце“поточно кл.Куманово-кл.Кр.Паланка, десната сообраќајна лента за присилно запирање и застанување ќе биде затворена за сообраќај во должина од 500м, додека сообраќајот ќе се одвива по сообраќајната лента за возење и претекнување.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно ново издаденото одобрение за времен режим на сообраќај поради изведување на градежни работи на Автопат А4, делница ГП "Блаце" - Скопје (клучка "Стенковец") Подделница 1 – од 08.11.2023 г. постоечкиот локален пат до с. Блаце од магистраниот пат А4 пред граничниот премин ќе биде затворен, а пристапот до с.Блаце ќе биде обезбеден по привремен пат пред граничниот премин, согласно поставената сообраќајна сигнализација. Останува и претходно воспоставениот времен режим на сообраќај согласно кој на 2 км пред граничниот премин "Блаце" на местото на изведување на градежните работи сообраќајот се одвива по двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) и поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На 07.11.2023 година од 13:00 ч. извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од Автопат А1, Пeтровец – Катланово - рехабилитација со проширување на автопатот А1 (лево и десно коловозот во двата правца) во должина од 6000 м, сообраќајот ќе се одвива по новоизградената коловозна лента (Катланово - Петровец) двонасочно, со вертикално поставена сигнализација, додека коловозната лента Петровец - Катланово ќе биде затворена за сообраќај.

Oд 24.10.2023 година ќе се започне со реконструкција на регионалниот пат 1301 (Охрид-Свети Наум). Сообраќајот ќе се одвива непречено и ќе биде регулиран со содветна сообраќајна сигнализација.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај на Автопат А4, делница ГП "Блаце" - Скопје (клучка "Стенковец") Подделница 1 - проширување на постоен пат А4 од ГП "Блаце" до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце, на 2км пред Граничниот Премин "Блаце" од 06.10.2022 г. на местото на изведување на градежните работи се одвива нов времен двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) со поставена соодветна соорбаќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Oд 11.9.2023 г. воспоставен е времен режим на сообраќај во тунелот на патниот правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – санација на тунелот. Поставена е светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата.

БИОН ДОО Тетово известува дека од 20.05.2023 година на патниот правец "Државен пат А3, делница: Буково - Охрид, подделница Буково - влез во Охрид" ќе има измена на времениот режим на сообраќај поради изведување работи што се предвидени на објектот "Поставување на сообраќајна сигнализација и опрема на државен пат А3, делница Буково - Охрид, подделница Буково - влез во Охрид". Режимот ќе биде според сообраќајниот проект. Работите на објектот се предвидени да завршат на 29.02.2024.

Од 14.06.2023 година почнува проектот „Санација на трупот на патот Р1303, делница Македонски Брод – Прилеп, премин Барбаpос. Сообраќајот на овој патен правец ќе се одвива непречено со ограничување на максимална брзина до 30 км/час.

Поради изведување на градежни работи (реконструкција на коловозот) на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, сообраќајот ке биде пренасочен преку регионалниот пат Р-1208. Работите започнуваат на 09.6.2023 г., а на местото ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Почнувајќи од 06.03.2023 г., на автопатот А1, делница Петровец – Катланово, започнуваат градежни активности поради што има изменет режим на движење на возилата. Сообраќајот се одвива непречено и се препорачува внимателно пристапување.

Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново на државен пат А1, делница Велес-Неготино, ќе се применува времена измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од V=80km/h во зона на градилиште. Режимот ќе се применува се до целосна изградба на новата клучка Градско.

На патниот правец Градско - Прилеп се изведуваат градежни активности и затоа препорачуваме внимателно возење и прилагодена брзина на движење.

На патниот правец Кичево - Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

АМСМ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Тел. (02)15-555

Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани

Денот на одржување на претседателските избори, 24 април 2024 година (среда) и на парламентарните избори, 8 мај 2024 година (среда) се неработни денови за сите граѓани на Македонија. 

Работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат, соопшти Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Овие денови, како што појаснуваат од ДПИ, се неработни согласно заклучокот на техничката Влада на Република Северна Македонија донесен на седница одржана на 16 април 2024 година.

- За наведените денови Државниот пазарен инспекторат ќе воведе дежурства и преку државните пазарни инспектори ќе контролира дали заклучокот на техничката Влада се почитува од страна на работодавачите, се вели во соопштението од ДПИ.

Исповедта на овие мајки ќе ви го промени начинот на размислување (фото)

Тие родиле деца во петтата деценија...

Касандра Бејкер се породила на 46 години, а Рејчел Бурден во 41-вата година.

Касандра Бејкер своето трето дете го родила на 46-годишна возраст, тврдејќи дека постарите мајки се всушност подобри. Иако е свесна за осудувањето од околината поради нејзината возраст, таа верува дека донесувањето нов живот е несебичен и радосен чин. Покрај тоа, таа истакнува дека зрелоста и животното искуство ја прават подобра мајка, како за себе, така и за нејзините деца.

-Не ми се веруваше, направив бројни тестови за бременост, но кога и десеттиот беше позитивен, конечно прифатив дека мојот сон се остварил. Донесувањето нов живот не е ништо друго освен несебичен и радосен чин, знаев и дека другите ќе ме осудат поради мојата возраст, но не ми беше грижа – истакнува таа за Сан.

Рејчел Бурден, е водителка на Би-Би-Си и мајка на четири деца, која го сподели своето искуство во врска со мајчинството, велејќи дека се чувствувала „себична“ откако го родила своето четврто дете на 41-годишна возраст. Сепак, нејзиното искуство е сосема спротивно од она на Касандра.

-Имав три лесни бремености и страшно арогантно претпоставував дека и четвртото дете ќе го родам лесно. Но, на крајот настрадав од состојба опасна по живот, прееклампсија, па бебето Хенри мораше да се роди предвреме, во 31-вата недела, тешко нешто повеќе од еден килограм - објаснила таа за медиумите.

Касандра, пак, отсекогаш сонувала за големо семејство и се чувствувала некомплетно во средните години од својот живот. Откако го запознала сопругот Дени, и двајцата сакале да го прошират семејството. И покрај симптомите на менопауза, таа одлучила да забремени и тврди дека била во најдобра физичка форма.

После десет месеци обидување, Бејкер конечно забременила и го родила синот Ксавиер. Иако бременоста поминала без компликации, поради возраста морала почесто да посетува лекар. Сега, како мајка на три деца, таа истакнува дека е финансиски постабилна и ужива во мајчинството, „со поголема емоционална интелигенција отколку во триесеттите“.

- Ми беше жал кога го слушнав искуството на Рејчел. За мене раѓањето на мојот син Ксавиер, кој сега има десет месеци, беше најдоброто нешто што можев да го направам, не само за себе, туку и за него и за моите поголеми деца, Сафран (12) и Џорџ (11). Во декември ќе наполнам 48 години и навистина верувам дека сега сум подобра мајка поради мојата зрелост и животното искуство. Исто така, чувствувам дека мојата подоцнежна бременост беше судбина, бидејќи ако вашето тело може да забремени, не сте престари да имате дете. Тоа покажува дека жените сè уште се физички подготвени и способни многу повеќе од она што општеството го наведува како прифатливо - објасни таа.

Касандра ги охрабри сите жени кои се во своите 40-ти години и сакаат да основаат семејство или да го прошират своето семејство, да го сторат тоа, нагласувајќи дека годините се само бројка и дека најважно е да посакувате и сакате дете. Нејзиното искуство сугерира дека постарите мајки можат да бидат исто толку добри и посветени како и помладите, и дека зрелоста може да биде предност во мајчинството.

притисни ентер