Меѓународен симпозиум „Денови на Јустинијан I"

Симпозиумот е поддржан и вклучен во годишната програма на Министерството за култура и на Градот Скопје, како и од Музејот на македонската борба, Македонската Православна црква – Охридска архиепископија и Јустинијана Прва.

Во организација на Институтот за национална историја – Скопје, Универзитетот во Болоња и Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски", денеска во Соборниот храм „Св. Климент Охридски" во Скопје свечено ќе биде отворено седмото по ред издание на Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан I".

Симпозиумот е поддржан и вклучен во годишната програма на Министерството за култура и на Градот Скопје, како и од Музејот на македонската борба, Македонската Православна црква – Охридска архиепископија и Јустинијана Прва, Археолошкиот музеј на Република Македонија и Винаријата Стоби.

Како што е најавено, на свеченото отворање ќе се обратат италијанскиот амбасадор во земјава Карло Ромео, како и проф. д-р Митко Б. Панов, претседател на меѓународниот организациски и научен комитет, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, коорганизатор и член на меѓународниот комитет, проф. д-р Џузепе Маино, коорганизатор од Унивезитетот во Болоња, како и проф. д-р Драги Ѓорѓиев, директор на институтот за национална историја.

Се очекува писмено поздравно обраќање да има Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прва.

Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан I" претставува годишен научен форум за презентација на најновите истражувања за различни аспекти на византолошките и средновековните студии, што го вклучува третманот и интерпретацијата на културното, историското и духовното наследство во современа Европа. Симпозиумот е посветен на императорот Јустинијан Први и има за цел да опфати широк спектар на истражувачки прашања во функција на реконструирање на културното и историското наследство, како интегративна компонента на различностите и заедништвото на обединета Европа.

На десетте сесии кои ќе се реализираат во текот на двата работни дена во Порта Македонија и во Археолошкиот музеј, свои реферат ќе имаат над 60 еминентни проофесори и научници од Италија, САД, Велика Британија, Германија, Русија, Шпанија, Полска, Чешка, Австрија, Унгарија, Турција, Србија, Грција, Хрватска, Албанија и Косово.

На почетоот од работниот дел, пленарното предавање ќе има еден од најеминентните светски византолози, проф. Ентони Калделис од Државниот универзитет во Охајо, САД.

Сеопфатниот тематско-содржински концепт на рефератите, потврдува дека симпозиумот „Денови на Јустинијан I", прераснува во еден од најпрестижните научни собири од ваков вид во регионот. Со тоа „Деновите на Јустинијан I", ја постигнуваaт клучната цел за промоција на културното и историското наследство на нашата земја, со што Јустинијан I станува културен и историски бренд кој ги обединува земјите и народите на Европа и светот.

Директорот на ФБИ: „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД

Директорот на ФБИ, Кристофер Реј изјави дека социјалната апликација „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД, пренесе БТА.

Реј ја објави оваа изјава додека американскиот Конгрес се подготвува да гласа за легислативата за забрана на апликацијата.

-Апликацијата и припаѓа на кинеската компанија ByteDance, која „има обврски кон кинеската влада“, рече Реј во ексклузивно интервју за Ен-би-си Њуз.

-Кога се разгледува моќта, пристапот, технолошките способности и контролата што ги има ТикТок, Американците треба да се запрашаат што мислат за моќта, пристапот, можностите и контролата што ги има компанијата што е сопственик на ТикТок, кинеската влада и, на крајот, кинеските разузнавачки служби, посочува директорот на ФБИ.

Претставничкиот дом на САД во саботата одобри голем пакет помош за Украина, Израел и Тајван. Во рамките на овој пакет е содржан и ултиматумот во врска со „ByteDance“. Се очекува пакетот помош брзо да биде одобрен од Сенатот.

Американските власти тврдат дека ТикТок и овозможува на кинеската влада да шпионира и манипулира 170 милиони корисници во Соединетите држави. /МИА

ДИК: Немаме пријавено поголеми неправилности

Прес-конференција на Државната изборна комисија.

Од Државната изборна комисија велат дека досега нема пријавено погоелеми неправилности околу гласањето за првиот круг од претседателските избори. На неколку гласачки места се појавиле мали технички проблеми кои се решаваат во од.

Наредната прес конференција на ДИК е закажана за 13 и 30 часот, кога повторно ќе информираат за текот на гласањето.

Македонија меѓу земјите со најмногу планински области во светот

Бутан, мала јужноазиска земја лоцирана во источните Хималаи, е најпланинската земја во светот, со планини кои покриваат 98,8% од нејзината вкупна површина.

Просечната надморска височина на Бутан е 3.280 метри надморска височина.

На листата следува Таџикистан со 91.9% покриеност со планини, потоа Киргистан со 90.7%, Лесото со 90.5%, Црна Гора со 89.3%, Ерменија со 85.9%.

Македонија е седма на оваа листа со 85.5% планински области, следува Швајцарија со 83.6%, Либан со 81.1% и Непал со 80.7% покриеност со планини.

притисни ентер