Видео: Федерер подобар од Ѓоковиќ за место во полуфиналето на Завршниот Мастерс во Лондон

Легендарниот Швајцарец Роџер Федерер во решавачкиот меч а место во полуфиналето на Мастерсот во Лондон извојува убедлив триумф над големиот ривал Новак Ѓоковиќ.

Федерер играјќи во транс за само 72 минути го совлада вториот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со 2-0 по сетови 6-4 и 6-3.

Со овој триумф швајцарскиот велемајстор обезбеди уште едно полуфинале на завршните турнири. Рекордерот според бројот на освоени титули од Завршниот Мастерс во 49 меч против Ѓоковиќ ја оствари 23 победа со која на некој начин му се реваншираше на српскиот тенисер за поразот во финалето на Вимблдон.

По денешниот пораз во тенискиот класик Ѓоковиќ годината сигурно ќе ја заврши на второто место на АТП листата зад лидерот Рафаел Надал кој утре против бранителот на тронот во Лондон Александар Зверев ќе атакува на победа за место меѓу четворицата најдобри .

Засега сигурни полуфиналисти се двајцата најдобри од Груата Бјорн Борг, Федерер и Доминик Тим.

Пристигнува уште едно електрично Ауди

Ауди во вторник на 7 јули ќе го претстави електричниот кросовер „Q4 Sportback E-Tron “ концепт.

По минатогодишниот концепт „Q4 E-Tron“, од германскиот произведувач доаѓа и неговата „Sportback“ верзија, со силуета на купе-кросовер.

Ауди премиерата на новото возило ја најави со кратко видео, а повеќе детали за овој концепт ќе се дознаат утре.

Во краткото видео се гледа дека предниот дел од концептот „Q4 Sportback E-Tron “ е сличен ако кај регуларниот „Q4 E-Tron “, а двете возила ќе се разликуваат по задниот дел и линијата на кровот која кај новата верзија ќе биде закосена.

Ауди „Q4 Sportback E-Tron “ концептот најавува идна продукциска верзија која би требало да биде претставена 2021 година.

Спасовски: Масовно на избори на 15 јули во нови победи за Македонија и младите, тие нека се обновуваат во својата партија

„И средношколците и студентите добија домашна платежна картичка, бидејќи сега е моментот да се помогне.“

„ Се грижиме за сите. Посебно се грижиме за младите. Тоа го направивме и со доделувањето ваучери за дообука и квалификација во ИТ вештини, тоа што најмногу е потребно сега во овие услови кога многу од работите мора да се спроведуваат on line, дигитално. Една од основите во Програмата е нашата земја да ја направиме дигитализирана држава.

Мораме да излеземе и да гласаме, да дојдеме до секој и да му кажеме дека негласањето е глас за враќање на режимот, дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се опасност. На 15 јули масовно на избори, број 3, да кажеме Збогум на режимот, да ги пратиме во историја, нека се обновуваат во нивната партија, а ние ќе грабиме напред, во нови победи за Македонија и за младите" повика Спасовски на вечерашната граѓанска трибина во скопската општина Ѓорче Петров.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Земјотрес од 4,6 степени го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 4,6 степени вечерва го погоди Авганистан околу 20:40 часот по локално време.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 14 километри северозападно од Кабул на длабочина од 7,4 километри, соопштено е од Евромедитеранскиот сеизмолошки центар.

За сега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

притисни ентер