Видео: Фолксваген „Буба“ се враќа како мотор!!

Легендарната „Буба“ на Фолксваген по втор пат замина во историјата откако неодамна беше прекинато обновеното производство на славниот модел.

Сепак, старата оригинал „буба“ продолжува да ги инспирира вљубениците во автомобили и мотори.

Меѓу нив е и Брент Валтер кој ги искористил крилата на „буба“ како каросерија за своите мини мотоцикли.

На основната конструкција на овие мали мотоцикли со мотор од 79 ццм, е додаден елемент составен од предното и задното крило на бубата.

Крилата се исечени на средина и заварени, а фарот на бубата е задржан како предно светло на мотоциклот, а штоп светлото стана задно светло на моторот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Cold day for a ride. #volkspod

A post shared by Brent Walter (@walter_werks) on

притисни ентер