Во Србија запленета дрога вредна 5 мил. евра!

Српската полиција запленила 77 килограми хероин и половина килограм кокаин и уапсила тричлена банда која е осомничена за дистрибуција на дрогата низ Србија.

Според српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, вредноста на запленетата дрога е околу 5 милиони евра , тој воедно истакнал дека за време на акцијата полицајците заплениле и повеќе скапоцени автомобили.

Во соопштението од српското МВР се наведува дека со 77 кг, хероин и половина килограм кокаин биле уапсени водачот на една криминална банда, М.Н и членовите С.Н, и В.Ц..

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ ќе стави крај на корупцијата и криминалот, доаѓа обновата на правосудството

Носителот на листата во ИЕ6 Дафина Стојаноска денеска од Гостивар ги потсети граѓаните за правото и правдата кои беа ветени, односно на хибридниот режим кој настапи во Република Македонија изминатите три години.

Стојаноска потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ во изборната програма има точно утврдени проекти и мерки преку кои ќе го врати на здрави нозе правосудниот систем во државата. Правосудниот систем ќе се темели врз демократија, на беспрекорна примена на владеењето на правото во државата, борба со корупцијата и неутрализирање на сите системски аномалии кои ги има во правосудството.

Македонскиот народ мора да биде еднаков пред институциите и секој подеднакво да одговара пред законот за секое сторено дело.

На граѓаните на Република Македонија мора да им се овозможи еднаквост и можност за системска поддршка на слободата и правата.

ВМР0-ДПМНЕ се обврзува дека наместо измами, ќе донесе вистинска обнова. А, наместо криминал, корупција и рекет, ќе воспостави вистинска правда во Република Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Нови 115 заразени , починале седум лица, вкупно има 7046 заболени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19 .

Во: Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени лица од: Скопје-26, Велес-2, Гостивар-3, Кичево-3, Ресен-6.

Починати се 7 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Крушево.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 50 и 70 години.

Во ГОБ „8 септември“ починаа пет пациенти на возраст од 56, 62, 64, 65 и 82 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7046, бројката на оздравени пациенти е 3027, на починати е 341, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3678. Од вчерашните тестирања еден е контролен, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3394, активни 2007

• Куманово 797, активни 244

• Дебар 109, активни 57

• Штип 374, активни 161

• Прилеп 282, активни 56

• Тетово 766, активни 392

• Струга 265, активни 167

• Велес 196, активни 43

• Битола 61, активни 22

• Охрид 204, активни 175

• Кавадарци 21, активни 15

• Гостивар 156, активни 93

• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

• Струмица 17, активни 9

• Крива Паланка 16, активни 10

• Радовиш 4, активни 0

• Крушево 7, активни 3

• Кочани 74, активни 21

• Пробиштип 26, активни 17

• Демир Хисар 2, активни 1

• Македонски Брод 6, активни 4

• Пехчево 6, активни 3

• Берово 3, активни 0

• Валандово 6, активни 2

• Виница 3, активни 0

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 5, активни 2

• Свети Николе 42, активни 37

• Кичево 48, активни 39

• Ресен 122, активни 89

• Неготино 21, активни 6 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1032 теста се преку: ИЈЗ –480, Авицена –101, Биотек –130, МАНУ -113, Жан Митрев (Филип Втори) -87, Систина со PCR метода -90, ЦЈЗ Битола-31. Досега во земјата се направени вкупно 67.165 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 54 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 92 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 415

• Аеродром - 159

• Бутел - 173

• Гази Баба - 207

• Центар – 150

• Карпош – 167

• Сарај – 154

• Кисела Вода – 118

• Ѓорче Петров – 116

• Студеничани – 115

• Шуто Оризари – 93

• Арачиново – 51

• Илинден – 33

• Петровец – 16

• Чучер Сандево – 18

• Сопиште – 13

• Зелениково-7

• Странец – 2

• Нераспределен- 0

Сопружници од гостиварското село Добридол починале во ист ден

Брачен пар од селото Добридол починале во ист ден, а од првичните сознанија, на нивните тела немало траги на насилство.

Безживотното тело на мажот го пронашол близок роднина, по што повикал и медицинска помош и во меѓувреме ја нашол и роднината во друга соба. Жената била во лоша здравствена состојба и по укажаната помош во гостиварската болница, била препратена за скопските клиники, но по патот починала.

Од СВР Тетово имформираат дека вчера околу 15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во село Добридол, гостиварско, во сопствениот дом починал М.М.(74) од тоа село, кој живеел со сопругата Е.М.(74). Таа истиот ден починала по приемот во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад".

Увид на местотот на настанот извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се пренесени во гостиварската Општа болница Гостивар за утврдување на причината за смртта. /МИА

притисни ентер