Средба Китев – Бизе: Побарана поддршка од француските пратеници за зелено светло за старт на преговорите со ЕУ

Македонските парламентарци се активни во парламентарната дипломатија за убедување на нивните француски колеги, за добивање зелено светло за почеток на преговорите за членство на нашата земја во ЕУ на идниот европски самит.

Во Францускиот Сенат се одржува посебен состанок на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, посветен на темата „Европските демократии соочени со лажните вести и одговорите кои што земјите членки на Советот на Европа можат да ги дадат во справувањето со овој глобален феномен". На состанокот учествува и шефот на македонската парламентарна делегација при ПССЕ Бетиан Китев, кој имаше обраќање на средбата, а оствари и билатерална средба со претседателот на Комисијата за европски прашања на францускиот Сенат, Жан Бизе, јавува дописникот на МИА.

Македонските парламентарци се активни во парламентарната дипломатија за убедување на нивните француски колеги, за добивање зелено светло за почеток на преговорите за членство на нашата земја во ЕУ на идниот европски самит.

Со оглед дека ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО е во тек и се очекува наскоро процесот да биде заокружен во францускиот Парламент, на средбата Китев и Бизе разговараа, пред се, за почетокот на преговорите за членство во ЕУ, за што Франција се спротивстави.

-Се разбира, добрата билатерална соработка меѓу Македонија и Франција треба во пракса да продолжи и да го ефектуираме со јасна француска поддршка за нашите евроатлантски интеграции. Всушност моите убедувања му ги пренесов на Жан Бизе дека Франција има одлична шанса она што го промовираше во април, оваа година, односно Стратегијата на Франција за Западен Балкан да ја ефектуира во јасна француска поддршка на наредниот самит, кој што ќе биде, исто така од исклучително значење за нас, рече Китев.

Тој додаде дека е исклучително благодарен заради можноста и шансата повторно да ги искаже македонските аспирации кои што се однесуваат за важни геостратешки и надворешно – политички состојби што имаат и директно влијание во нашата држава.

Китев, во своето обраќање на посебниот состанок на Мониторинг комисијата на ПССЕ, каде се расправаше за Европските демократии соочени со лажните вести и одговорите кои што земјите членки на Советот на Европа можат да ги дадат во справувањето со овој глобален феномен на лажни вести, нагласи дека „лажните вести вршат директна дисторзија и на политичкиот систем и нанесуваат штета и на самата медиумска сфера".

Китев притоа потенцира дека „овој тип насилство кој што лажната вест може да го направи врз едно демократско општество треба на некој начин да се разграничи од она што значи слобода на говор и слободно користење на изворите".

-Тоа во никој случај не треба да создаде активност за едно демократско општество да воведе цензура или да го ограничи информирањето на граѓаните кое што е исклучително важно и потребно за носењето би рекол на секојдневни ставови по серија на важни прашања кои што не допираат сите нас, вели шефот на македонската парламентарна делегација при ПССЕ.

Феноменот на лажните вести е една од важните теми со кои во последно време се занимава Советот на Европа./МИА.

Потврден петти смртен случај по земање додатоци во исхраната во Јапонија

Според компанијата, петте лица кои починале биле на возраст од 70 до 90 години.

Јапонската фармацевтска компанија „Кобајаши“ денеска соопшти дека е потврден петти смртен случај, веројатно поврзан со конзумирањето на додатокот во исхраната од црвен квасец што го произведува, и дека допрва треба да ја идентификува супстанцијата што може да биде одговорна за предизвикување здравствени проблеми кои ги пријавија стотици луѓе.

Според компанијата, петте лица кои починале биле на возраст од 70 до 90 години.

Компанијата ги повлече своите додатоци за намалување на холестеролот „бени-коџи“.

„Се извинуваме за проблемите што ги предизвикавме“, рече претседателот на компанијата Акихиро Кобајаши на прес-конференција во Осака.

Кобајаши рече дека супстанцијата за која станува збор „може да потекнува од мувла, но нејзината (хемиска) структура допрва треба да се утврди“.

Висок претставник на компанијата рече дека околу 680 лица веќе биле или бараат амбулантски третман за симптоми за кои постои сомневање дека се поврзани со употребата на додатокот, а компанијата ќе им исплати обештетување, како и на 114 лица кои се хоспитализирани.

Јапонското Министерство за здравство вчера соопшти дека смртта на четири лица и повеќе од 100 хоспитализации во Јапонија се доведува во врска со конзумирање додатоци во исхраната од црвен квасен ориз од фармацевтската компанија „Кобајаши“. /МИА

Руско МНР: СБ на ОН повеќе не може да ги користи старите шаблони за Северна Кореја

СБ на ОН повеќе не може да ги користи старите шаблони за Северна Кореја, Кина нема да ги поддржи санкциите.

Советот за безбедност на ОН повеќе не може да ги користи старите шаблони за Северна Кореја, соопшти Русија, откако Москва стави вето на обновувањето на експертската комисија за следење на спроведувањето на санкциите, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Јасно ни е дека Советот за безбедност на ОН повеќе не може да користи стари шаблони за прашања поврзани со Корејскиот полуостров“, нагласи портпаролката.

Од своја страна, Кина соопшти дека одбила „слепо да ги поддржи санкциите“ против Северна Кореја, откако вчера се воздржа од гласањето во Советот за безбедност за резолуцијата која се однесува на Северна Кореја.

„Сегашната ситуација на Корејскиот полуостров останува напната и неселективното воведување санкции не може да го реши проблемот“, изјави Лин Џианг, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.

Фото: Холивудски ѕвезди фатени на дело!

 Холивудските ѕвезди актерките Џенифер Анистон (55) и Сандра Булок (59) продолжуваат да ја освојуваат публиката со својот физички изглед, а долго време се шпекулира дали направиле пластична операција

Јавноста се уште се прашува дали овие убавици и во шестата деценија се навистина природни и едноставно прекрасно стареат.

Двете холивудски убавици пред два дена се забележани како ја напуштаат познатата клиника за пластична хирургија во Гринич, а друштво им правеше Аманда Анка.

Инаку оваа ординација е специјализирана за кревање на горниот и долниот дел на лицето, а цените за таков зафат во зависност од третманот се движат од 50.000 до 100.000 долари по третман.

Подигнувањето на веѓите и очните капаци е нешто поевтино, а цената на овој третман е околу 30.000 долари.

Познатите дами посетија ординација на познат хирург чија специјалност е „подмладување на лице и ринопластика“, како што е наведено на веб-страницата на клиниката.

притисни ентер