Оливер Вархелји, кандидатот за комесар за проширување ќе биде сослушуван од европратениците

Оливер Вархелји, кандидатот за комесар за проширување утрово три часа ќе биде сослушуван од европратениците во Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент.

Унгарскиот кандидат за комесар беше номиниран откако европратениците го отфрлија првиот предлог на владата на Виктор Орбан за оваа функција поради утврден конфликт на интереси.

Вархелји до сега е амбасадор на Унгарија при ЕУ, функција што ќе треба да ја напушти доколку биде одобрен од Европскиот Парламент.

Се очекува неговото сослушување да биде едно од најбурните, со оглед на тоа дека одреден број европратеници, посебно од редовите на Социјалдемократите и Зелените сметаат дека портфолиото проширување не треба да му биде доделено на унгарскиот кандидат.

Некои европратеници го истакнаа, меѓу другото бегството на Никола Груевски како и односите на Будимпешта со Русија како проблематични и треба да бидат покренати во текот на денешното сослушување.

притисни ентер