Ферари ја промовираше носталгичната ,,Рома” (ВИДЕО)

Ако некој автомобил може да се прогласи за икона на италијанскиот дизајн, тогаш тоа е Рома , најновиот производ на Ферари.

Убавата Рома нè враќа во 60-те години, во животниот стил на италијанската престолнина, објаснуваат од Ферари.

Навистина, со својата прекрасна аеродинамична форма, Рома остава без текст и е еден од ретките спортски болиди за кои веднаш не се прашува што има под хаубата и дали напојувањето е предно, задно или во подот (електричен погон).

Лебдечките светла за дневно осветлување прво паѓаат во очи, но она што привлекува не се модерните детали. Тоа се безвременски линии нацртани од италијанските мајстори за дизајн кои уште еднаш им оддаваат почит на времињата што дефинитивно се зад нас.

Погонот е сè уште класичен, но не во форма на V12. Изборот падна на 3,9 V8 турбо со 620 КС и 760 Nm, во комбинација со осумстепен менувач со двојна спојка, познат како SF90 Stradale.

Внатрешноста на автомобилот тежок малку под еден тон и пол нема потреба од коментар. Возачот и совозачот се уште се поделени еден од друг, но затоа совозачот го доби „својот“ екран.

Она што е важно е дека автомобилот достигнува 100 км на час за 3,4 секунди, на 200 км на час за 9,3 секунди и стигнува до максимални 317 км на час.

Гризман се враќа на тренинзите во Атлетико Мадрид

Напаѓачот Антоан Гризман се врати на тренинзите со Атлетико Мадрид, објави „Marca“.

Триесет и двегодишниот Французин поради повреда ги пропушти мартовските натпревари на неговата репрезентација. За прв пат по 2017 година Гризман не играше за „триколорите“.

Оваа сезона Гризман одигра 38 натпревари на кои постигна 19 голови и имаше 7 асистенции.

Договорот на Французинот со Атлетико Мадрид е до крајот на јуни 2026 година.

Вулканот Ибу во централна Индонезија повторно исфрли пепел во висина од два километри

 Повторно е регистрирана ерупција на вулканот Ибу во провинцијата Северно Малуку во централна Индонезија, јавија индонезиските медиуми.

Вулканот исфрли пепел во висина околу два километри. Претходната ерупција беше на 26 март.

Локалните власти им забранија на жителите од регионот да се приближуваат до кратерот на растојание помало од два километри и ги повикаа луѓето да носат заштитни маски за да спречат респираторни заболувања.

Индонезискиот архипелаг, кој е најголем во светот, се состои од 18 илјади острови. Се наоѓа во таканаречениот огнен прстен на Пацификот, па во регионот е забележана силна сеизмичка активност. Во Индонезија има повеќе од 500 вулкани, од кои 130 се активни.

Американската централна банка потврди рекордна загуба

Американската централна банка потврди дека минатата година ја завршила со рекордна загуба од 114,3 милијарди долари, со повеќекратно повисок трошок на каматите на депозитите на комерцијалните банки.

Во 2022 година, Федералните резерви (ФЕД) работеа со нето добивка од 58,8 милијарди долари.

Деловниот извештај за минатата година го отсликува влијанието на зголемените основни каматни стапки, од нула на важечките 5,25 до 5,5 отсто, со цел да се спречи инфлацијата.

ФЕД почна агресивно да ги зголемува во пролетта 2022 година, што значи дека им исплатува камата на депозитите на банките, паричните фондови и другите финансиски компании.

Минатата година им биле исплатени 176,8 милијарди долари, во споредба со 60,4 милијарди долари во 2022 година, според ревидираните податоци.

Исплатата на каматите од обратните репо операции се зголемија од 41,9 милијарди долари на 104,3 милијарди долари.

Приходите на ФЕД од купените обврзници останаа повеќе или помалку на нивото од 2022 година и изнесуваа 163,8 милијарди американски долари.

притисни ентер