Го враќаме достоинството на пензионерите, обезбедуваме значителен раст на пензиите.
Веќе со јануарската пензија пензионерите ќе добијат покачување од 700 денари. Дополнително, ќе се реализира и законското усогласување на пензиите кое ќе изнесува од 160 – 200 денари.
Тоа значи дека над 322.000 пензионери ќе добијат покачување од 860 до 900 денари, почнувајќи веќе од јануарската пензија, што е најголемо покачување на пензиите во последните години.
Со последното покачување, просечната пензија ќе изнесува 15.500 денари и ќе порасне за 1.746 денари во однос на 2016 година.
Растот на економијата и платите овозможи приходите во Фондот за пензиско осигурување да пораснат за 10 проценти и затоа следува реално зголемување на пензиите.
ВМРО-ДПМНЕ 11 години манипулираше со пензионерите, не го следеше законското усогласување и во пензиите интервенираше само ад хок пред избори.
Денес, грижата за пензионерите е на прав пат.
Како одговорна партија пред граѓаните, продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, раст на платите и пензиите и повеќе пари кај граѓаните.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ