Трамп и Ердоган во Белата куќа не се договориле за рускиот ракетен систем

Американскиот претседател Доналд Трамп по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека купувањето на Турција на руски ракетен одбранбен систем е „многу сериозен предизвик“ за САД .

По долгоочекуваната средба во Белата куќа за решавање на кризата во односите, Трамп рече дека тој е „голем обожавател“ на турскиот лидер и имал „прекрасна и продуктивна“ средба. Сепак, нема промена за некои клучни прашања, од Сирија до рускиот ракетен систем С-400.

Срдечниот пречек на Трамп за Ердоган е во спротивност со незадоволството на американскиот Конгрес за офанзивата на Анкара врз Сирија и протерувањето на курдските милитанти, главниот партнер на Вашингтон во борбата против Исламската Држава.

Трамп донесе пет републикански сенатори во Белата куќа за да разговараат со Ердоган за сириските Курди и испораката на ракетниот систем, поради што Вашингтон ја исфрли Турција од својата програма за производство на борбените авиони Ф-35.

„Стекнувањето на Турција со софистицирана руска воена опрема, како што е С-400, претставува многу сериозен предизвик за нас “, рече Трамп на заедничката прес-конференција.

„Разговаравме за тоа денес, ќе зборуваме и во иднина. Се надевам дека ќе можеме да управуваме со оваа ситуација“, додаде тој.

Ердоган изјави дека двете земји можат да го решат спорот околу рускиот ракетен систем и борбените авиони Ф-35 само преку дијалог.

„Турција и САД можат да работат заедно за уништување на Исламската држава и враќање на мирот во Сирија. Најверен американски партнер во регионот е Турција“, рече Ердоган.

Тој побара од Трамп да престане да ги поддржува курдските милитанти, кои Анкара ги смета за непријатели.

Ердоган беше критички настроен кон американскиот Конгрес, особено поради гласањето во Претставничкиот дом минатиот месец, за необврзувачка резолуција, со која се прогласува убиството на 1,5 милиони Ерменци пред еден век како геноцид.

Спасовски: Масовно на избори на 15 јули во нови победи за Македонија и младите, тие нека се обновуваат во својата партија

„И средношколците и студентите добија домашна платежна картичка, бидејќи сега е моментот да се помогне.“

„ Се грижиме за сите. Посебно се грижиме за младите. Тоа го направивме и со доделувањето ваучери за дообука и квалификација во ИТ вештини, тоа што најмногу е потребно сега во овие услови кога многу од работите мора да се спроведуваат on line, дигитално. Една од основите во Програмата е нашата земја да ја направиме дигитализирана држава.

Мораме да излеземе и да гласаме, да дојдеме до секој и да му кажеме дека негласањето е глас за враќање на режимот, дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се опасност. На 15 јули масовно на избори, број 3, да кажеме Збогум на режимот, да ги пратиме во историја, нека се обновуваат во нивната партија, а ние ќе грабиме напред, во нови победи за Македонија и за младите" повика Спасовски на вечерашната граѓанска трибина во скопската општина Ѓорче Петров.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Земјотрес од 4,6 степени го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 4,6 степени вечерва го погоди Авганистан околу 20:40 часот по локално време.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 14 километри северозападно од Кабул на длабочина од 7,4 километри, соопштено е од Евромедитеранскиот сеизмолошки центар.

За сега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

Спасовски: Ќе има испитување на работата на судиите, дали работеле за граѓаните или за политички и бизнис интереси

„Ги повикувам чесните да помогнат да се исчистиме од олошот во институциите.“

Се обврзуваме по формирањето на Владата испитување на имотната состојба на сите судии и обвинители. Ќе направиме ревизија на 5 проценти од судските пресуди по случаен избор, како суделе, дали државата и граѓаните им биле на прво место или политичките и бизнис интереси. Судија кој не е чесен, ќе мора да бара друга работа. Судија кој држи предмети во фиока мора да биде разрешен. Само така ќе има правда за сите. Сите чесни судии и обвинители повикувам да го поддржат овој процес и да се исчистиме од олошот во институциите", повика Спасовски.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер