Концерт на Александра Коцевска и Глигор Гелебешев во Велес

Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше одржан концерт на Александра Коцевска соло пеење – мецосопран во пијано придружба на Глигор Гелебешев, кои од публиката беа враќани на бис, а за крај Коцевска ја отпеа популарната ариа Кармен. 

Концертот беше во организација на Сојузот на музичкии уметници на Македонија (СМУМ) преку проект поддржан од Владата кој се реализира преку Министерството за култура,во рамки на циклусот концерти низ државата насловени „Про музик".

Двајцата успешни уметници и професори од ДМУБУЦ „Илија Николовски-Луј" од Скопје пред велешката публика се претставија со дела од Шопен, Гранадос, Сарасате, Росини, со Шпанска канцона и дело од Обрадорс.

По успешниот настап во разговор за МИА, тие оценија дека се задоволни од настапот и велешката едуцирана публика која знае што е добра класична музика.

Проф Глигор Гелебешев вели дека во Велес настапувал повеќепати и како солист и како пијано придружба и како камерен музичар и оценува дека велешката публика е едуцирана познава и многу сака класична музика и дека тој со задоволство доаѓа во Велес, а сега и со неговата колешка Александра Коцевска.

На новинарско прашање колку е важно освен во Скопје да настапат и во други градови во внатрешноста на земјата, тој појасни дека тоа е важно за нив како уметници но и за публиката која за ваков настан не мора да патува во Скопје.

Гелебешев искажа голема благодарност што во таа насока ја добивата подршката од Министерството за култура. Тој информира дека овој програм со кој настапија во Велес е нов и планираат понатаму со овој концерт да настапат и во странство.

За разлика од Гелебешев неговата колешка Александра Коцевска првпат настапува – пее во Велес.

-Јас сум задоволна од настапот посебно од салата, бидејќи тука можете да си го слушате и да си го раководите гласот во ваква прекрасна сала. Имаше многу публика, а тогаш адреналинот расте и вие имате чувство дека треба навистина да го докажете тоа што сте го работеле со години, појаснува Коцевска.

Таа вели дека настапот во внатрешноста многу и значи бидејќи нејзините почетоци биле во педагогијата кога почнала во 1996 година во Штип и каде е основоположник на соло пеењето.

– Многу ми значи што во овие четири години настапував во многу градови и гледав тоа да е музука која е привлечна за народот не многу тешка за слушање,меѓутоа привлечна и гледам дека луѓето навистина се желни за музика. Не само за народната и забавната, тука и за класичната и сакаат да слушнат нешто навистина убаво. Затоа јас на крај на концертот на бис ги наградив со популарната арија Кармен,затоа што народот ја познава и ја сака и затоа се одлучив токму нејзе да ја изведам, а и затоа што е за мецосопран,појасни Коцевска.

Воедно најави дека на 18 декември ќе има свој последен годинашен концерт во салонот 19/19 во Скопје.

Коцевска информира дека годинава и била многу плодна и настапила во повеќе градови во земјава: во Прилеп со „Трио колегиум",имала настап со дуо „Пани" односно како квартет во Кочани, со „Трио колегиум" во Штип,настапувала на „Куклите".

Во понеделникот имала концерт „Танго звуци" во Музејот на македонска народна борба, a претходно и голем проект докуметарен филм со Македонската телевизија за големата композиторка Клара Шуман./MИА

По пандемијата , Вухан во опасност од поплави

Нова криза  во кинескиот град Вухан по пандемијата од коронавирус.

Заради поројните дождови и поплавите во Кина, загрозени се милион луѓе во градот кој што се наоѓа на реката Јангцекјанг, а подигнато е и нивото на заштита од поплави на втор степен.

Многу силен пороен дожд врне во Вухан и околината. На многу места, реките го надминале нивото на одбрана од поплави, а во Вухан се борат градот да не биде поплавен. Степенот на заштита од поплавите е подигнат на четврто ниво, само еден степен од најопасното ниво. Како што вели Синхуа, се очекува продолжение на дождовите не само во Вухан, туку и во многу други градови во Кина, на кои им се заканува опасност од поплави.

Затворените граници спас за домашниот туризам

Домашниот туризам гледа спас од банкрот од  затворените граници.

Македонските туристички работници очекуваат зголемен број посетители во домашните капацитети како и од Македонците, така и од Србија откако Грција ги спушти рампите и за нив. Како ќе тече летната сезона во земјава во услови на епидемија од коронавирусот со Мартин Јакимовски од Стопанската комора за туризам разговара Игор Манасиевски.

Истражување во Шпанија: Групен имунитет од Ковид-19 не може да се постигне

Големо шпанско истражување на коронавирусот откри дека само 5% од тамошната популација имаат развиено антитела, што ги зацврсти тврдењата дека групниот имунитет не може да се постигне.

Студијата објавена во медицинското списание покажа дека 95% од населението во Шпанија остануваат подложни на коронавирусот. Групен имунитет се постигнува кога доволен дел од населението односно околу 60%, е заразен со вирус или вакциниран против него, со што се спречува негово натамошно ширење. Според Европскиот центар за контрола на болести во шпанското истражување биле испитани 61.000 примероци, што го прави најголемо во Европа досега. Слични истражувања веќе се направени во Кина и САД и тие покажале дека најголем дел од населението останува неизложен на коронавирусот, дури и во областите каде што има негово големо ширење што ја прави идејата за постигнување на колективен имунитет преку природна зараза неостварлив. Ваквите испитувања во пракса кај нас покажаа дека двете пециентки од Куманово кои имаа прележан корона и имаа антитела по само два месеци повторно се заразија од истиот вирус. Од друга страна пак главниот шведски епидемиолог Андре Тегнел во отворено писмо кое го објавија медиумите вели дека карантинот и другите ограничувања кои ги воведоа практично сите европски земји можат да функционираат само на краток период, а на долги патеки шведскиот модел е подобар. Шведската влада не воведе рестриктивни мерки, туку само им даде упатства на граѓаните како да се однесуваат. Шведскиот модел на одбрана од коронавирусот има историски корени и се базира на идејата секој да учествува во одбраната и секој да даде свој придонес смета Тегнел.

притисни ентер