ООН во минус од 1,2 милијарди долари, веќе не вработуваат, штедат на греење

Пристапот со ескалаторите во седиштето на Обединетите нации во Њујорк е заграден со жолта лента на која пишува дека не се во функција.

Ова можеби не изгледа важно, но ја симболизира сериозноста на монетарната криза со која се соочуваат ООН заради доцните исплати на десетици земји членки.

Ова е само една од мерките за штедење што ја донесе Светската организација заради „најголемата монетарна криза со која се соочија Обединетите нации за последните скоро десет години“,вели генералниот секретар Антонио Гутереш.

ООН престанаа да вработуваат, ги скратија службените патувања и ги откажаа состаноците за кои е потребен прекувремен надоместок. Трошоците за греење на просторот и климатизацијата се исто така ограничени.

Причината е во тоа што само 134 од 193 земји-членки годинава го платиле својот придонес . ООН се во загуба од 1,2 милијарди американски долари.

Најголеми должници се САД, Бразил, Аргентина, Иран и Израел.

Ова не е првпат ООН да се соочува со недостиг на пари на крајот на годината.

Соединетите држави, најголемиот плаќач на ООН, обично плаќа во ноември. За оваа и претходните години, Американците должат најмалку 100 милиони долари.

Одговарајќи на веста за финансиските проблеми на ООН, американскиот претседател Доналд Трамп напиша во твит: „Нека плаќаат сите држави членки, не само САД!“

Недостатокот на пари го надополнува фактот дека другите земји сè повеќе ги одложуваат плаќањата.

Експертот за кризни групи на ООН, Ричард Гоуан, вели дека ова не е причина за страв за иднината на Обединетите нации.

„Дури и САД на крајот ќе ги исполнат повеќето финансиски обврски оваа година“, изјави тој, додавајќи дека ООН повеќе се грижат за проблемот со ликвидноста отколку со целосната финансиска криза.

Портпаролот на организацијата им рече на новинарите дека со исклучувањето на ескалаторите заштедуваат 14 000 долари годишно, или 38 долари на ден.

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

Ајакс сака да го покани Чави за главен тренер

Раководството на Ајакс го смета тренерот на Барселона Чави како главен кандидат за тренерското место на тимот од Амстердам, објави „Sport.es“.

Холандскиот фудбалски гигант смета дека 44-годишниот шпански стручњак е способен да го врати клубот на претходното ниво и е подготвен да потпише договор со него до 2026 година.

Во јануари Чави најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната.

По јавно објавената одлука на Чави за заминување од Барса, тимот загуби само еден натпревар - во четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ (1:4).

Чави за шеф на стручниот штаб на каталонскиот тим беше назначен во ноември 2021 година. /МИА

Награда во Калифорнија за најдобар долгометражен филм за „Бизнисот на задоволството“

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД.

Фестивалот што се одржа од 10 до 14 април, во своето 22-годишно постоење се залага за промоција на храбри филмови кои обработуваат општествени предизвици, но и говорат за смелоста на човековиот дух.

Цветановски го радува тоа што филмот по вторпат e наградeн во САД, откако минатиот месец беше прогласен за највпечатлив филм на 30. издание на „Седона интернешнал филм фестивал“ во Аризона.

- Калифорнија е центар на американската филмска индустрија, и секако дека како автор сум горд што добивме награда овде, и тоа во конкуренција со американски филмови со многу поголеми буџети. Едвај чекам да завршиме со оваа светска фестивалска турнеја и во септември да го презентираме пред нашата публика. Очекувам филмот да отвори теми за дискусија на повеќе нивоа, но пред се‘ сакам да го продолжиме трендот од последниве години, во кој на домашните гледачи им се враќа довербата и желбата да гледаат македонски филмови, вели Цветановски.

„Бизнисот на задоволството“ досега доби осум награди на филмските фестивали низ светот, од кои пет се за најдобар долгометражен филм.

Филмот ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм. /МИА

притисни ентер