Руски тинејџер упаднал на факултет и пукал со сачмарка – еден убиен, тројца повредени (ВИДЕО)

Руски тинејџер утрово упаднал на факултет во градот Благовешченск, убил колега и повредил уште тројца , а потоа се самоубил.

Едно лице загина, а тројца се повредени во вооружен напад што се случи на факултет во рускиот град Благовешченск на истокот на земјата.

Напаѓачот е 19-годишен тинејџер кој по нападот се самоубил. Како што пренесува Russia Today, младиот човек започнал да пука со сачмарка кон колегите во училницата.

Снимките по нападот се објавени на социјалните мрежи.

Утром в Благовещенске в колледже АКСЖКХ произошла стрельба. Как стало известно утром один из студентов пришел на пару и спросил у ребят одногрупников хотят ли они жить? Его послали подальше. Он вернулся в середине пары с ружьем. Выкинул из аудитории педагога после чего открыл стрельбу. В результате одного убил, двух ранил. Одному парню удалось выпрыгнуть из окна 3 этажа. Нападавший позже застрелился. Фото и видео от подписчиков ☠️ ____________________________________ Надоел негатив — тебе в @best.blg ———————————————— Стали очевидцем — присылайте нам в директ, либо Telegram/WhatsApp: 8 916 755 05 27

A post shared by Криминал. Благовещенск 🔞 (@kriminal.blg) on

По пандемијата , Вухан во опасност од поплави

Нова криза  во кинескиот град Вухан по пандемијата од коронавирус.

Заради поројните дождови и поплавите во Кина, загрозени се милион луѓе во градот кој што се наоѓа на реката Јангцекјанг, а подигнато е и нивото на заштита од поплави на втор степен.

Многу силен пороен дожд врне во Вухан и околината. На многу места, реките го надминале нивото на одбрана од поплави, а во Вухан се борат градот да не биде поплавен. Степенот на заштита од поплавите е подигнат на четврто ниво, само еден степен од најопасното ниво. Како што вели Синхуа, се очекува продолжение на дождовите не само во Вухан, туку и во многу други градови во Кина, на кои им се заканува опасност од поплави.

Затворените граници спас за домашниот туризам

Домашниот туризам гледа спас од банкрот од  затворените граници.

Македонските туристички работници очекуваат зголемен број посетители во домашните капацитети како и од Македонците, така и од Србија откако Грција ги спушти рампите и за нив. Како ќе тече летната сезона во земјава во услови на епидемија од коронавирусот со Мартин Јакимовски од Стопанската комора за туризам разговара Игор Манасиевски.

Истражување во Шпанија: Групен имунитет од Ковид-19 не може да се постигне

Големо шпанско истражување на коронавирусот откри дека само 5% од тамошната популација имаат развиено антитела, што ги зацврсти тврдењата дека групниот имунитет не може да се постигне.

Студијата објавена во медицинското списание покажа дека 95% од населението во Шпанија остануваат подложни на коронавирусот. Групен имунитет се постигнува кога доволен дел од населението односно околу 60%, е заразен со вирус или вакциниран против него, со што се спречува негово натамошно ширење. Според Европскиот центар за контрола на болести во шпанското истражување биле испитани 61.000 примероци, што го прави најголемо во Европа досега. Слични истражувања веќе се направени во Кина и САД и тие покажале дека најголем дел од населението останува неизложен на коронавирусот, дури и во областите каде што има негово големо ширење што ја прави идејата за постигнување на колективен имунитет преку природна зараза неостварлив. Ваквите испитувања во пракса кај нас покажаа дека двете пециентки од Куманово кои имаа прележан корона и имаа антитела по само два месеци повторно се заразија од истиот вирус. Од друга страна пак главниот шведски епидемиолог Андре Тегнел во отворено писмо кое го објавија медиумите вели дека карантинот и другите ограничувања кои ги воведоа практично сите европски земји можат да функционираат само на краток период, а на долги патеки шведскиот модел е подобар. Шведската влада не воведе рестриктивни мерки, туку само им даде упатства на граѓаните како да се однесуваат. Шведскиот модел на одбрана од коронавирусот има историски корени и се базира на идејата секој да учествува во одбраната и секој да даде свој придонес смета Тегнел.

притисни ентер