Една од најжешките тенисерки наеднаш ја прекина кариерата

Словачката тенисерка Доминика Цибулкова , денеска објави дека ја завршила кариерата.

30 годишната тенисерка ја објави веста на социјалните мрежи.

"Денеска, со измешани чувства, имам посебна вест да споделам со вас. Како што знаете, не сум одиграла ниту еден турнир во последните неколку месеци. Започна со повреда на Ахиловата тетивата , што е еден од најтешките периоди во мојот живот - да одлучам што да правам. По долго размислување, разговори и поддршка од семејството и пријателите, решив повеќе да не се вратам на тенискиот терен како натпреварувач “, напиша Цибулкова, која беше четврта на светската листа на тенисерки пред две години.

Една од најжешките тенисерки во кариерата има одиграно 21 финале и освои осум титули. Пред пет години, таа стана првата Словачка која стигна до финалето на Австралија Опен, каде беше поразена од кинеската На Ли. Таа играше полуфинале во Ролан Гарос и беше запрена четири пати во четвртфиналето на Вимблдон.

Спасовски: Масовно на избори на 15 јули во нови победи за Македонија и младите, тие нека се обновуваат во својата партија

„И средношколците и студентите добија домашна платежна картичка, бидејќи сега е моментот да се помогне.“

„ Се грижиме за сите. Посебно се грижиме за младите. Тоа го направивме и со доделувањето ваучери за дообука и квалификација во ИТ вештини, тоа што најмногу е потребно сега во овие услови кога многу од работите мора да се спроведуваат on line, дигитално. Една од основите во Програмата е нашата земја да ја направиме дигитализирана држава.

Мораме да излеземе и да гласаме, да дојдеме до секој и да му кажеме дека негласањето е глас за враќање на режимот, дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се опасност. На 15 јули масовно на избори, број 3, да кажеме Збогум на режимот, да ги пратиме во историја, нека се обновуваат во нивната партија, а ние ќе грабиме напред, во нови победи за Македонија и за младите" повика Спасовски на вечерашната граѓанска трибина во скопската општина Ѓорче Петров.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Земјотрес од 4,6 степени го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 4,6 степени вечерва го погоди Авганистан околу 20:40 часот по локално време.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 14 километри северозападно од Кабул на длабочина од 7,4 километри, соопштено е од Евромедитеранскиот сеизмолошки центар.

За сега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

Спасовски: Ќе има испитување на работата на судиите, дали работеле за граѓаните или за политички и бизнис интереси

„Ги повикувам чесните да помогнат да се исчистиме од олошот во институциите.“

Се обврзуваме по формирањето на Владата испитување на имотната состојба на сите судии и обвинители. Ќе направиме ревизија на 5 проценти од судските пресуди по случаен избор, како суделе, дали државата и граѓаните им биле на прво место или политичките и бизнис интереси. Судија кој не е чесен, ќе мора да бара друга работа. Судија кој држи предмети во фиока мора да биде разрешен. Само така ќе има правда за сите. Сите чесни судии и обвинители повикувам да го поддржат овој процес и да се исчистиме од олошот во институциите", повика Спасовски.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер