Големи антивладини протести во Чешка

Според најавите на организаторите , во сабота на 16 – ти ноември , милион Чеси ќер се соберат во паркот Летна во Прага , за да протестираат против актуелниот премиер.

На последните големи протести во јуни, се собраа стотици илјади. Но, овој пат, со оглед на симболиката на датумот, организаторите најавуваат дека еден милион Чеси би можеле да излезат на протестот.

На 16 ноември се одбележува триесетгодишнина од Кадифената револуција, односно ненасилната револуција во Чехословачка, која траеше од 16 ноември до 29 декември 1989 година. За време на таа револуција, полицијата брутално интервенираше за да ги спречи студентите кои бараа престанок на комунистичкиот режим, повикувајќи на демократија и почитување на основните слободи.

Чесите се обединија на улиците на Прага, барајќи независно судство, слобода на говор и слободни избори. Неколку недели подоцна, режимот се распадна, оставајќи место на либералната демократија.

Но, организаторите на протестите предупредуваат дека три децении подоцна, демократијата во Чешка е во сериозна опасност затоа што премиерот, поранешен агент на комунистичката државна безбедност, е обвинет за корупција и загрозување на функционалната и здрава демократија во таа земја.

"Ништо не е изгубено, напротив. Луѓето се обединуваат за да ги поддржат либералните демократски вредности за кои толку се бореа. Подготвени се да излезат на улиците и да покажат дека се грижат. Тоа е сигнал што мора да се слушне и одекнува, не само во нашата држава “, велат организаторите на протестите.

"Ние, Милионската иницијатива, бараме оставка од премиерот Андреј Бабиш и од министерката за правда Марија Бенешева. Ќе повикаме на обединување на демократските сили во политичка опозиција и ќе претставиме долгорочен план за одбрана на демократијата", додадоа организаторите .

Инаку , протестите против актуелниот премиер Андреј Бабиш се одвиваат од крајот на април. Започнаа откако чешката полиција му поднесе кривична пријава за злоупотреба на два милиони евра и препорача да се поведе судска постапка. Претходниот министер за правда поднесе оставка, само еден ден откако полицијата ја заврши истрагата.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер