Плејбој зајачица позираше со лемур на рамо , па доживеа незгода (ВИДЕО)

Само неколку месеци откако имаше незгода со слон , зајачицата на Плејбој сега западна во неволја со далеку помало животно.

Френсија Џејмс на Инстаграм сподели видео на кое се гледа лемур како ја турка главата меѓу нејзините гради. Снимката собра повеќе од 400.000 прегледи од вчера, како и бројни реакции.

Колумбискиот модел посети засолниште за животни на Флорида, а за време на посетата се обиде да се фотографира со симпатичен лемур на рамото. Но, наскоро љубопитниот лемур сакаше да ја искористи ситуацијата. "О, Боже, што правиш? Што да правам сега ?", вели моделот во видеото.

Таа ја сподели снимката со нејзините над 3,2 милиони обожаватели на Инстаграм кои прашуваат дали лемурите се навистина толку непослушни.

„Не гледам проблем, лемур има вкус. И јас би го сторил истото“, е само еден од коментарите. Но, многумина ја критикуваа поранешната Плејбој зајачица велејќи дека таа се сликала само за да стане повторно популарна на Инстаграм , како неодамна кога само ги шокирала купувачите во трговски центар, кога правела склекови со мал алигатор на грбот.

Во Индија почнаа парламентарните избори кои ќе траат до 1 јуни

Во Индија денеска почнаа парламентарните избори, каде право на глас имаат 968 милиони Индијци, што е повеќе од вкупното население на САД, Европската Унија и Русија заедно.

Изборите за 543 членови на Долниот дом на парламентот ќе се одржат во седум фази до 1 јуни на повеќе од еден милион избирачки места низ земјата. Гласачките ливчиња ќе се пребројуваат на 4 јуни, а резултатите ќе бидат објавени истиот ден.

Победата на премиерот Нарендра Моди на изборите изгледа речиси сигурна. Седумдесет и тригодишниот Моди е сè уште многу популарен по два мандати на власт, за време на кои Индија ја зголеми дипломатската моќ и економската положба.

Анкетата спроведена во 2023 година покажа дека Моди е прифатлив кандидат за речиси 80 отсто од Индијците. На изборите во 2014 и 2019 година, тој веќе и донесе две убедливи победи на хинду националистичката партија Бхаратија Џаната. /МИА

Успешна е денталната операција - транспозиција на нерв, извадена од врвен хируршки тим

Успешна е денталната операција - транспозиција на нерв, извадена од врвен хируршки тим во приватна ординација во Скопје

Вчера успешно заврши сложениот хируршки зафат – транспозиција на нерв на пациент од земјава кој имаше потреба од истиот. Оваа комплексна техника ја изведе искусен хируршки тим под водство на професор д-р Мазен Тамими од САД, роден во Јордан. Интервенцијата се изведе во присуство и во приватната специјалистичка ординација на реномираниот орален хирург и имплантолог од овие простори - др. Диана Бојковска. Пациентот е во стабилна состојба, се чувствува добро, но претстои период на целосно заздравување после извршување на операцијата поради прилично атрофираната долна вилица.

Видео приказ од интервенцијата ќе биде емитуван во рамки на меѓународниот имплантолошки Конгрес кој почнува денес во хотел Хилтон, Скопје, а ќе трае до 20. април. Напредната хируршка техника за прв пат ќе биде споделена со пошироката стручна јавност од земјата, но и од светот, бидејќи на Конгресот ќе учествуваат врвни стоматолози, орални и максилофацијални хирурзи од четири континенти.

Дигитализација во стоматологијата и новите трендови во имплантологијата се дел од темите кои ќе бидат во центарот на вниманието на овој Конгрес. Конгресот предвидува теоретски, практичен дел и презентирање на напредна хируршка техника во делот на имплантологијата.

Еминентни стоматолози специјалисти од Македонија исто така ќе земат активно учество на конгресот: Д-р. Митко Франгов, орален хирург и меѓународно лиценциран имплантолог, Д-р. Златко Вршковски, максилофацијален хирург и меѓународно лиценциран имплантолог, Д-р. Недим Касами, максилофацијален хирург и имплантолог, Д-р. Петар Вршковски, орален хирург и имплантолог, Др. Диана Бојковска, орален хирург и имплантолог.

Во Македонија за прв пат стоматолозите учесници на конгресот ќе бидат дел од меѓународно акредитирана имплантолошка едукација и ќе добијат CME европски кредит поени.

ИМПЛА имплантолошкиот конгрес е во организација на Schuetz Dental од Германија и Велидент Трејд и IMPLA Study Club oд Македонија.

Меѓународно акредитиран имплантолошки Конгрес

Анкета на ЦРПЦ: Давкова пред Пендаровски, Таравари и Османи во тесна трка

Центарот за Политички Истражувања и Комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги “Глас на вистината” спроведе анкета во пресрет на Претседателските избори.

На прашањето за кој кандидат би гласале на претседателските избори граѓаните со одговор: За кандидатот од ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова би гласале 20,4% од испитаниците, а за нејзинот главен конкурент актуелниот претседател Стево Пендаровски од СДСМ својот глас би го дале 16,8% од анкетираните.

Во албанскиот политички блок Арбен Таравари од коалицијата „ВРЕДИ“ според направената анкета води пред Бујар Османи од европскиот фронт предводен од ДУИ.

Па така за Таравари би гласале 7,9% од испитаниците, за Османи пак 6,9% од анкетираните. За Максим Димитриевски од ЗНАМ пак својот глас би го дале 2,7 % од анкетираните, додека за Билјана Ванковска од Левица би гласале 2,6% од испитаниците. За

кандидатот Стевчо Јакимовски од ГРОМ би гласале 1,2% од анкетираните. 18,2% одговориле дека нема за никого да гласаат, а 23,2% не дале никаков одговор.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 08 до 13 април годинава врз 1210 испитаници избрани според случаен метод. Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Македонија, а запазени се етничкиот состав, бројот на гласачи, и географската распределба.

Маргина на грешка +-3,0%. Резултатите од спроведената анкета, заедно со обработката на податоците се презентирани подолу на графички приказ Истата анкета ја имате достапна и на онлајн платформата на Центарот за политички истражувања и комуникации .

Анкета на ЦРПЦ за парламентарните избори: ВМРО – ДПМНЕ води пред СДСМ, во предност и албанската опозиција пред ДУИ

Центарот за Политички Истражувања и Комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги “Глас на вистината” спроведе анкета во пресрет на парламентарните избори. На прашањето за која партија би гласале на парламентарните избори граѓаните со одговор: За ВМРО-ДПМНЕ својот глас би го дале 22,8% од анкетираните, додека за СДСМ 16,3% од испитаниците.

Во албанскиот политички блок разликата доста помала. За албанската опозиција предводена од коалицијата „ВРЕДИ“ би гласале 7,7% од анкетираните, додека за Европскиот фронт предводен од ДУИ својот глас би го дале 6,9% од испитаниците. За партијата Левица би гласале 3,9 од анкетираните. За партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски би гласале 3,2% од анкетираните. 17,6 % одговориле дека нема за никого да гласаат, а 22,6% не дале никаков одговор.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 08 до 13 април годинава врз 1210 испитаници избрани според случаен метод. Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Македонија, а запазени се етничкиот состав, бројот на гласачи, и географската распределба.

Маргина на грешка +-3,0%. Резултатите од спроведената анкета, заедно со обработката на податоците се презентирани подолу на графички приказ

Истата анкета ја имате достапна и на онлајн платформата на Центарот за политички истражувања и комуникации .

притисни ентер