Маск најави каде ќе ја гради првата европска фабрика на Тесла

За локација на првата фабрика за изработка на авотмобилите на Тесла во Европа , Илон Маск ја одбра Германија.

„Сите знаат дека Германците се несомнено мајстори за инженерство. Тоа е една од причините зошто ја одбравме Германија за локацијата на нашата Гигафабрика во Европа“, рече Маск на церемонија за доделување награди за автомобили во Германија.

"Berlin rocks", рече Маск, додавајќи дека ќе формира центар за инженерство и дизајн во Берлин, „затоа што берлинската уметност е меѓу најдобрите во светот“.

Според AutoExpress, дополнителен мотив за избор на Германија е излегувањето на Велика Британија од Европската Унија.

„Поради неизвесноста што ја создаде Брегзит, беше премногу ризично за идна локација да ја избереме Велика Британија“, рече Маск.

Германија се најде во фокусот заради растечката тенденција на европските купувачи за електрични автомобили, забележа Би-Би-Си.

Наредните години најголемите фабрики за електрични автомобили ќе се градат во Германија, Франција, Шпанија и Италија, покажуваат анализите во авто индустријата.

БиБиСи исто така забележува дека до 2023 година, според најавите во Европа, треба да се изградат 16 големи фабрики за склопување на литиум-јонски батерии кои треба да бидат оперативни.

Teсла ќе произведува батерии, оски и возила во објектот близу берлинскиот аеродром, започнувајќи со малку поевтиниот Model Y SUV. Претходно, тие најавија дека планираат да започнат со производство во Европа во 2021 година.

Компанијата веќе гради Гигафабрика во Шангај за производство на Model 3 и Model Y.

Инвеститорите сè уште се воздржани кон американскиот производител на електрични автомобили бидејќи од година во година работи со загуба. Добрата вест доаѓа во последните два квартали од 2018 година кога е забележан позитивен деловен резултат.

Тинејџер фрли шестгодишно дете од десетти кат на музеј во Лондон (ВИДЕО)

Тинејџерот , кој го фрли од балкон на 10. кат од музејот Тејт во Лондон шестгодишното момче , ја призна вината.

Џонти Брејвери (18) денеска се изјасни за виновен за време на краткото рочиште во Централниот кривичен суд во Лондон.

Лондонската полиција го уапси 17-годишниот тинејџер во август годинава под сомнение за обид за убиство, откако шестгодишно момче беше фрлено од платформата за набљудување на галеријата „Тејт“ во Лондон, пренесува The Independent.

Жртвата била пронајдена на покривот од петтиот кат на уметничката галерија и однесена во болница. Според најновите информации, момчето е стабилно и се опоравува.

Официјални лица тогаш изјавија дека нема докази момчето и тинејџерот да се познаваат.

Платформата за набљудување на 10-ти кат е интересна за посетителите на популарниот музеј кој се наоѓа во поранешната електроцентрала со поглед на реката Темза и ја посетуваат стотици туристи и семејства , особено во текот на викендот.

Фото: Камион чудовиште од 12 милиони долари!?

„Тхор 24’ е монструозен камион вреден неверојатни 12 милиони долари. 

Љубителите на камионите жалат што во иднината нема да постојат вакви можни возила кои трошат галони нафта ми имаат погонски склоп од 24 цилиндри.  

Камионот „Тхор24’ својата одисеја ја започнал како „Петерблит 359“ за потоа да биде продолжен на 13 метри за да може да прими „ twin 13.9 “ литарски Детроит дизел „ V12 “мотор. 24- цилиндарскиот мотор исфрлува сила од неверојатни 3974 коњски сили.

Камионот  покрај ова има и боци со нитро оксид. Тој има и издувна грана за секој од 24 –те цилиндри. Иако е тежок 150 000 килограми може да развие брзина од 210 километри на час. Камионот поради огромната тежина дури мора да има и четири Симсон падобрани за запирање, поради тоа што стандардните сопирачки не му се доволни.

Камионот „Тхор24“ е продаден за време на Worldwide Auctioneer’s“ во Саудиска Арабија за неверојатни 12 милиони долари . Ако се земе во предвид дека неговото производство чинело околу 7 милиони долари, неговите конструктори одлично заработили при оваа продажба.

Камионот кој е произведен и се уште се наоѓа во Аризона САД,интересно е продаден во Саудиска Арабија .

Њујорк тајмс: Забраната на е-цигарите ќе направи повеќе штета отколку корист

„Предлогот да се отстранат електронските цигари од пазарот е разумен, но нивната забраната не е најдоброто решение од повеќе причини", оцени Њујорк Тајмс.

Во време кога во САД постои двојна криза предизвикана од електронските (вајп) цигари – порастот на нивната употреба меѓу тинејџерите и „мистериозната" болест на белите дробови предизвикана од вајпинг производите, првиот предлог на американската државна администрација беше овој производ да се забрани.

„Предлогот да се отстранат електронските цигари од пазарот е разумен, но нивната забраната не е најдоброто решение од повеќе причини", оцени Њујорк Тајмс, образложувајќи дека „таа мерка не гарантира дека младите ќе престанат да ги користат е-цигарите. Од друга страна пак, оваа мерка сигурно ќе натера 11 милиони полнолетни Американци, кои веќе ги користат овие производи, да изберат помеѓу традиционалните цигари (кои се се уште достапни иако се поштетни од е-цигарите) и вајпинг производите на црниот пазар."

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) дури сега воведе правила за комерцијализација на алтернативните производи. Досега тоа се правеше доброволно па се покажа дека процедурата ја испочитувал само Филип Морис, кој чекал две години за ФДА да ги прегледа научните анализи во врска со IQOS-от (кој не е електронска цигара туку уред кој го затоплува, а не го гори вистинскиот тутун) пред да го стават овој производ на пазарот.

Се утврди дека IQOS е единствената алтернатива од двете категории, која има официјално одобрение од ФДА да се стави на пазарот при што ФДА соопшти: По ригорозната анализа заснована на научни факти, овој производ сега може да се најде на американскиот пазар, а една од причините е тоа што произведува пониско ниво на одредени токсини отколку цигарите кои го согоруваат тутунот.

Андре Каланцополус, генерален директор на Филип Морис, коментирајќи ја актуелната дебата во Америка, за ЊуЈорк Тајмс изјави: Технологиите како што се е-цигарите и производите кои го топлат а не го согоруваат тутунот, можат драматично да го намалат бројот на пушачи, што е можност на векот, но оваа прилика не смее да се искористи на сметка на младите. Одмерен и цивилизиран дијалог заснован на научни факти и на постојната регулаторна рамка, а не на емоции, страв и ширење на сомнеж, може да помогне да се искористи оваа прилика.

притисни ентер