Џон Леџенд е прогласен за најсексапилен човек на светот

Американскиот пеач и актер Џон Леџенд е прогласен за најсексапилен жив човек според изборот на магазинот „Пипл“.

Леџенд (40) е оженет со манекенката Криси Тајгер, со која има две деца.

Тој е првиот афроамериканец кој за својата работа ги обедилил наградите Еми, Греми, Оскар и Тони.

„Возбуден сум, но сум истовремени и исплашен затоа што тоа е голем притисок. Сега секој ќе ме загледува за да види дали сум доволно секси да ја носам оваа титула“, рекол Леџенд за „Пипл“.

МВР: Санкционирани „диви тркачи“ на скопските улици

Притоа одземени се четири мотоцикли кои ќе бидат упатени на вонреден технички преглед заради контрола на техничката исправност и фреквенција на бучавост.

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 03.08.2020 во времето од 07,00 до 24,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат и учествуваат во “диви трки“ на подрачјето на Скопје. Притоа одземени се четири мотоцикли кои ќе бидат упатени на вонреден технички преглед заради контрола на техничката исправност и фреквенција на бучавост.

Гутереш: Пандемијата на корона ги затвори училиштата во повеќе од 160 држави

Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш рече дека пандемијата на коронавирус довела до најголемо нарушување на образованието во историјата.

Пандемијата поради корона вирусот ги затвори училишта во повеќе од 160 земји.

Според Гутереш светот се соочува со „генерациска катастрофа“.

ПОЦ: За една недела санкционирани 129 непрописно паркирани возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 129 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 27.07. до 02.08.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 61 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 68 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

притисни ентер