Филипче: 134 медицински сестри почнаа со шест месечна работа во Службите за патронажна дејност

Од понеделникот, 134 медицински сестри почнаа со шест месечна платена работа во Службите за патронажна дејност во 17 здравствени домови и во 2 општи болници со проширена дејност на територија на Македонија.

Министерот за здравство Венко Филипче ги посети и им посака успешен старт на медицинските сестри во Здравствениот Дом во Скопје.

„Чест ми е што на нашиот медицински кадар му овозможуваме достоинствени услови за работа. 42 медицински сестри почнаа со работа во Здравствениот дом во Скопје, а 92 други медицински сестри низ целата држава. Се грижиме за здравствените работници, тука да работат, во македонското јавно здравство. На патронажните сестри им посакувам успешен старт, а ние ќе продолжиме со вистински мерки и политики за да ги мотивираме да останат и да работат во Македонија“, потенцираше министерот Филипче и додаде дека за 2 години издадени се повеќе од 5000 согласности за вработувања и зголемени се платите на здравствените работници. 15% на докторите специјалисти, 10% на медицинските сестри

Патронажните сестри во Скопје ќе бидат распоредени во патронажните пунктови во Поликлиника Чаир, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Драчево, Бит Пазар и Ченто, при Здравствен Дом - Скопје, за граѓаните на градот Скопје и околните населени места.

„Патронажните сестри се поделени по тимови, во 6 пуктови. Ќе одат на терен, во домовите на граѓаните и ќе се грижат за здравјето на оние на кои им е најпотребно. Благодарност на Министерството за здравство за реализираната мерка, со која докажуваме дека се грижиме за човечкиот капитал во нашата земја. Со 42те медицински сестри значително ќе го зголемиме капациентот на Здравствениот дом во Скопје“, истакна директорот на Здравствен Дом, Виктор Исјановски.

Во Кочани и Ресен успешно се реализира моделот интегрирана здравствена и социјална заштита. Стручен тим од медицински сестри, физиотерапефт, неговател и социјален работник оди во домовите и се грижи за здравјето на пациентите. Со ова, здравствените услуги се доближуваат поблиску до граѓаните.

Анчелоти е прв кој три пати го исфрли Гвардиола од ЛШ

Анчелоти е прв кој три пати го исфрли Гвардиола од ЛШ, Реал го освојуваше трофејот во претходните два наврата.

Карло Анчелоти е првиот тренер кој три пати го исфрли Пеп Гвардиола од Лигата на шампионите.

Реал Мадрид под водство на Италијанецот синоќа го победи Манчестер сити на пенали во четвртфиналето на елитното фудбалско натпреварување.

Претходно Реал предводен од Анчелоти го исфрли Гвардиола од полуфиналето во 2022 година, како и од полуфиналето во 2014 година кога го предводеше Баерн. Во двата случаи, Реал на крајот го освои трофејот.

Сезонава Реал Мадрид во полуфиналето ќе се сретне со Баерн Минхен.

Во другото полуфинале ќе играат Пари Сен-Жермен и Борусија Дортмунд.

Следната фаза од случајот за екстрадиција на Џулијан Асанж во САД ќе започне во мај

Следната фаза од судењето на Џулијан Асанж ќе започне во мај, откако американската влада му ги даде гаранциите на Високиот суд во Лондон што ги побара во врска со случајот на основачот на Викиликс во случај тој да биде екстрадиран.

Основачот на Викиликс се гони во САД за наводен заговор за добивање и откривање информации за националната одбрана по објавувањето на илјадници протечени документи поврзани со војните во Авганистан и Ирак.

За време на дводневното рочиште во февруари, адвокатите на Асанж (52) побараа од судијата дозвола да го оспори отфрлањето на поголемиот дел од случајот за да ја спречат неговата екстрадиција. Минатиот месец, двајца судии ги отфрлија повеќето правни аргументи на Асанж, но рекоа дека доколку САД не обезбедат гаранции, тој ќе може да поднесе жалба по три основи.

Тие гаранции се дека Асанж ќе биде заштитен и ќе може да се повика на Првиот амандман на Уставот на САД, кој ја штити слободата на говорот во земјата; дека САД нема да имаат „предрасуди во судењето“ поради неговата националност и дека тој нема да се соочи со смртна казна.

Вчера, двајцата судии потврдија дека САД дале гаранции до судот и посочија дека сослушувањето ќе се одржи на 20 мај и ќе трае околу два часа.

Судот ја донесе пресудата откако сопругата на Асанж, Стела Асанж, во вторникот рече дека САД отворено дале збунувачки термини. - САД не дадоа гаранција за Првиот амандман и дадоа стандардно уверување за смртната казна, рече таа. „Соединетите Држави не се обврзаа да го повлечат претходното тврдење на обвинителството дека на Џулијан му недостигаше првиот амандман бидејќи тој не бил американски државјанин. Наместо тоа, САД се ограничија на отворено заобиколувачки јазик, тврдејќи дека Џулијан може „да се обиде да го покрене прашањето“ од Првиот амандман доколку се екстрадира.

„Дипломатската нота не прави ништо за да ја намали екстремната вознемиреност на нашето семејство за неговата иднина - мрачните изгледи тој да го помине остатокот од својот живот во самица во американски затвор поради објавување наградувано новинарство“, додаде неговата сопруга.

Американското Министерство за правда одби да коментира.

Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени

Најмногу дожд во изминатото дененоќие наврна во Виница 32 литри на метар квадратен, во Берово 25, Лазарополе 19, Радовиш 16, Штип 15, Охрид 14, а девет литри во Скопје, соопшти УХМР.

Три степени под нулата утрово се измерени на Попова Шапка, пет во Скопје, шест во Берово, Охрид, Битола, Штип и Струмица, а девет во Гевгелија.

Во текот на ноќта преовладуваше облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со повремен снег. Наместа дуваше умерен до засилен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во северозападните делови каде ќе има услови за ретки грмежи. На планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.

Во Скопје променливо облачно и посвежо со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

притисни ентер