Осми Самит Македонија 2025, клучни работните вештини и борбата со аерозагадувањето

Сметаме дека доколку земјата ги фокусира своите напори за напредок во овие области ќе стасаме таму каде што посакуваме,  а тоа е подобрување на нашиот животен стандард со тој во Европската унија. 

днинатата на работните места и вештините и иновациите што можат да помогнат за намалување на загадувањето на воздухот, се главните теми на кои во наредните три дена во Скопје ќе дебатираат 50-ина говорници на 10 панели на 8.Самит Македонија 2025 на кој се најавени 400 учесници од државава и странство.

Инвестициите, иновациите, образованието, деловното опкружување, животната средина и корупцијата, се се области кои треба да се подобрат за поголем економски раст и за нив ќе се зборува на самитот, порачаа организаторите, невладината организација со бизнисмени од дијаспората „Македонија 2025".За државава и од аспект на евроатлантските интеграции и иницијативата „Мал шенген", како што порачаа, е најважно да подобри животниот стандард.

– Сметаме дека доколку земјата ги фокусира своите напори за напредок во овие области ќе стасаме таму каде што посакуваме, а тоа е подобрување на нашиот животен стандард со тој во Европската унија. БДП по глава на жител кај нас е 37 проценти од просекот во ЕУ. Сакаме да напреднеме тука. Тоа е она што ќе донесе просперитет и ќе влијае за намалување на имиграцијата и одливот на мозоци, рече на прес-конференција главниот извршен директор на Макеоднија 2025 Никица Мојсовска Блажевски.

Според Мајк Зафировски, основач на Македонија 2025, на државава и е потребен економски раст од пет до шест проценти за севкупно подбрување на состојбата во економијата.

– БДП годинава ќе расте 3,7 проценти оваа година, подбро од минатата година кога беше 2,9 проценти и подобра од таа претходно од 1,1 процент, меѓутоа тоа не е доволно. за нашата економија да расте како што треба потребен е раст од пет до шест проценти. Мислам дека двете главни политички партии ќе се согласат со ова, но сметам дека мора да постои ментален склоп кој ќе го поддржува ова, рече Зафировски.

Како што ќе се подобрува економската состојба, порача тој, така и инвеститорите, вклучително и тие од дијаспората ќе доаѓаат се повеќе. Многу е важно и јакнењето на домашните бизниси кои треба да бидат присутни и на меѓународните пазари, како и финансиската поддршка за нивен развој.Одлуката на ЕУ да не добиеме датум за преговори за членство, според Зафировски,е разочарувачка, но треба да биде поттик за реформи, а влегувањето во НАТО е важен чекор за стабилноста на државата и од аспект на инвестициите. – Како горд Македонец секогаш треба да размислуваме на работите кои се поврзани со одлуката на ЕУ да не почне преговори, а една од главните работи за кои треба да размислиме е секако корупцијата, забележа Зафировски.

Како што потенцираше Мојсовска Блажевски, Самитот што ќе се одржи во наредните три дена е платформа преку која сакаат да ги поврзат бизнисите од земјава и странство со вклучување на дијаспората која е наш голем ресурс.- Бројките покажуваат дека во диајспората имаме 500.000 до 600.000 иселеници и меѓу нив има вистински професионалци кои сакаат да помогнат на нашата земја. Целта на самитот е и да сподели знаења, да пренесе иноваци и да иницира и мотивира економски реформи.

На посебни панели ќе бидат претставени макеоднски компании кои дават услуги во странство и успешни Македонци кои се присутни на светските бизнис листи, а ќе се зборува и за тоа како бизнисите побрзо и полесно да дојдат до финансиски средства. – Сакаме да ја мотивираме и инспирираме нашата дијаспора и на младите да им покажеме дека можат да живеат и работат и тука и да бидат успешни во цел свет, посочи Мојсовска Блажевски.

Во пресрет на официјалниот старт на Самитот планиран за утре претпладне, денеска се одржуваат средношколски натпревар „Најдобар бизнис концепт" и бизнис натпревар за стартапи. На официјалното отворање на самитот, во програмата се најавени обраќања на претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз.

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

САД ставија вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите нации

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за „државата Палестина да биде прифатена како членка на Обединетите нации“.

Нацрт-резолуцијата претставена од Алжир, која „препорачува на Генералното собрание државата Палестина да биде примена во членството на ОН“, доби 12 гласа „за“, еден против и два воздржани.

За прием на една земја во ОН, мора прво да добие позитивна препорака од Советот за безбедност (најмалку девет од 15 гласови за него, и без вето од која било постојана членка), а потоа да биде одобрена од Генералното собрание на ОН со двотретинско мнозинство.

Во септември 2011 година, претседателот на палестинската управа, Махмуд Абас, ја покрена процедурата, барајќи „пристапување на државата Палестина во ОН“, но оттогаш постапката не е завршена. И тогаш САД ставија вето.

Во ноември 2012 година, палестинската самоуправа доби статус на „држава набљудувач која не е членка“ на ОН.

Палестинците го ажурираа своето барање за членство во ОН со писмо до Советот за безбедност на ОН на почетокот на април, укажувајќи на израелската офанзива во Газа. /МИА

Премиера на претставата „Хенгинг Араунд“ во МНТ

Во Македонскиот народен театар  вечер од 20 часот премиерно ќе биде изведена  претставата „Хенгинг Араунд“ по текст на Љупчо Јованов, во режија и адаптација на Бојан Трифуновски.

МНТ соопшти дека дејството во претставата се случува во светот на бајките, а местото и времето се ирелевантни. Главните ликови во приказната 0 (Хенгинг) и 1 (Араунд) се изгубени во светот на бајките и не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во реалноста, во нивните топли огништа.

-Можеби се Дисмас и Гестас, но пред да ги распнат, можеби некако им избегале на Римјаните и продолжиле да го живеат својот динамичен живот, овојпат празен и лишен од средба со Спасителот. Можеби патем решиле да се смират, да создадат семејство со единствена цел, да умрат во длабока старост почитувани од пријателите и сакани и жалени од најблиските. Дали нивниот карактер, судбина, ги натерала повторно да си ја пробаат среќата и да започнат нова авантура, да влезат во нова приказна..., наведува Македонскиот народен театар.

Во претставата играат Сашко Коцев, Александар Михајловски, Стефан Спасов, Гораст Цветковски, Борче Начев, Ана Стојановска, Софиа Насевска-Трифуновска и Нела Павловска.

притисни ентер