Гугл ќе ги обележува спорите веб сајтови

Гугл експериментира со нова ознака која во Хром пребарувачот треба да ги обележи сајтовите кои споро се очитуваат.

Пребарувачот во иднина ќе има можност и да идентификува сајтови кои на корисниците им се отвораат брзо или споро и да ги обележи со јасни ознаки. Ваквиот начин на обележување може да биде во разни форми, а тимот на Гулг планира да ги испробува преку експеримент и да пронајде кој начин ќе биде најкорисен за корисниците.

Гугл планира да ги идентификува сајтовите кои се дизајнирани да бидат генерално спори. Компанијата ќе анализира историски податови за латенцијата за да установи кој сајт каква ознака заслужува. Од Гугл ја истражуваат и можноста за идентификување на сајтови кои се отвораат споро заради хардверски причини или проблем со мрежата.

„Многу сме претпазливи кога е во прашање поставување норма околу тоа што се смета за добро искуство на интернет и се надеваме дека тоа ќе биде достижно за сите девелопери“, велат од тимот на Гугл Хром.

Не е јасно кога новиот систем ќе се појави во пребарувачот Хром, но од Гугл овие планови ги најавија на конференција во Сан Франциско. Најавата беше оградено со многу „можеби“ во неа, па е јасно дека Гугл сака повратни реакции од веб девелоперите пред да продолжи со развојот.

Со новата апликација на Олимпус фотоапаратите ќе можат да се користат како веб камери

Иако Олимпус официјално го напушта бизнисот со камери, и понатаму на корисниците им нуди поддршка.

Овој пат тоа е во вид на апликација наречена „OM-D Webcam“, која овозможува, кога фотоапаратот е поврзан со компјутер преку „USB-C“ конектор да се користи како стандардна вев камера. Сепак, оваа апликација не функционира со сите Олимпус фотоапарати.

Софтверот моментално ги подржува, „OM-D E-M1X“, „OM-D E-M1“, „OM-D E-M1 Mark II“,„ OM-D E-M1 Mark III“ и „OM-D E-M5 Mark II“ фотоапаратите.

Исто така носи и други ограничувања. За сега тој не обезбедува пренесување на звукот од камерата на компјутер, што значи дека е потребно за целосна комуникација да се обезбеди и микрофон. Покрај тоа, апликацијата е достапна само за персонални компјутери.

Олимпус не е единствен произведувач кој пробал своите производи да ги направи попродуктивни и поупотребливи.

Канон исто така поседува аплиакција која нивните фотоапарати ги претвора во веб камери, која е објавена во април оваа година. Покрај тоа и Панасоник во јуни претстави сличен софтвер кој одредени нивни фотоапарати ги претвора во веб камери.

Спасовски: Веднаш по формирањето на новата Влада ќе утврдиме минимална пензија, секој кој зема 5.000 денари пензија, да зема најмалку 10.700 денари

Се обврзуваме да ги поддржиме пензионерите, оние кои ја градеа оваа држава, кои се вградија во темелот на оваа земја, оние кои ги градеа институциите, да имаат достоинствена старост.

Веднаш по формирањето на Владата ќе утврдиме минимална пензија и сите кои имаат мали пензии од 5.000 денари и нагоре, да имаат најмалку 10.700 денари" најави Спасовски од Ѓорче Петров.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

„Интегра" пред гевгеличани ја претстави изборната програма

За прв пат на политичката сцена во Македонија се претставува политички субјект кој излегува на сцена со вистината. 

До сега живееме триесет години траорни, во лага, во фатаморгана од живот, истакна во своето обраќање пред гевгеличани Љупчо Ристовски, претседателот на македонската конзервативна партија „Интегра" на претставувањето на изборната програма „Аманет за Македонија".

– Ако не ве крадеа овие грабливци со триесет милијарди долари изнесени надвор, денеска ќе имавте во вашите џебови 1.700 евра нето плата по вработен. Тоа е огромно богатство украдено од вашите џебови и разнесено по светот. Грев е македонецот на овој благодет да биде сиромав, само 15 дена во месецот да оди со исправена глава, а 15 со наведната. Затоа нашата цел е да го ослободиме македонецот кој триесет години гледа низ тој црно бел политички спектрум во кој освен тие две партии нема друг избор, друга понуда за да може да одлучи за ново, за подобро, за конечно да стане свој на своето, рече Ристовски.

Тој нагласи дека за среќа на народот се појави „Интегра" која ќе ја престрои Македонија во држава која ќе биде слуга на народот и која доколку има 61 пратеник во парламентот нема да дозволи ниту една албанска партија да се доближи до македонската влада.

Покрај ова лидерот на „Интегра" пред гевгеличани вети редуцирање на јавната администрација, нова транспортна стратегија со 956 километри брза железница по која за еден час ќе се стигнува до секоја точка, слободни земјоделско-сточарски зони, како и во првите 100 дена ништовност пред Меѓународниот суд за правдата на Времената спогодба од 1995, Преспанскиот договор од 2018 и на спогодбата со Бугарија и побара од гевгеличани подршка на 15 јули со заокружување на бројот 8 на гласачкото ливче на вонредните парламентарни избори. /МИА

притисни ентер