СВР Тетово со проект „Безбедни училишта-за меѓуетнички соживот и толеранција"

Проектот се планира да се спроведува еден месец и негова цел е да придонесе за превенирање на инцидентите во училиштата и за зајакнување на меѓусебната доверба и соработка на учениците од различна етничка и друга припадност.

Секторот за внатрешни работи Тетово неделава започна со практична имплементација на превентивно-едукативниот проект „Безбедни училишта-за меѓуетнички соживот и толеранција", чиј носител е Отсекот за превенција, а кој се реализира неколку години наназад. Проектот се планира да се спроведува еден месец и негова цел е да придонесе за превенирање на инцидентите во училиштата и за зајакнување на меѓусебната доверба и соработка на учениците од различна етничка и друга припадност.

-Учениците од прва година средно образование исто така, преку интерактивни презентации што ќе ги одржуваат стручно обучени полициски службеници, ќе се запознаат и со законските импликации кои се однесуваат на нарушување на јавниот ред и мир, како и на други девијатни појави. Во рамките на овие активности на учениците ќе им бидат претставени и основните вредности на толеранцијата, нејзиното значење и формите и начините за нејзина поширока афирмација и унапредување, не само во училиштата, туку и воопшто во локалната заедница, вели Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Со проектот вкупно ќе бидат опфатени над 2.500 ученици во прва година од седумте тетовски и четирите гостиварски средни училишта, кои на посебни предавања поблиску ќе бидат запознати со личните и општествено негативните последици од предизвикување и учество во нарушувања на јавниот ред и мир во и околу училиштата.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во централните вести во 18 часот денеска ќе го емитуваме профилот на Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение дел од профилот.

притисни ентер