Трамп откри дека се близу до локацијата на третиот по ранг човек на ИД

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД  ја знаат локацијата на третиот човек во џихадистичкиот команден ранг на Исламската држава, чиј лидер Абу Бакр ал-Багдади беше ликвидиран минатиот месец.

„Го држиме на око “, рече Трамп за „третиот човек“ одговарајќи на прашања по говорот во њујоршкиот економски клуб.

„Нивниот трет човек има многу проблеми затоа што знаеме каде се наоѓа“, рече Трамп.

По смртта на Багдади, САД и Турција започнаа да ги таргетираат неговите евентуални наследници и симпатизери и уапсија членови на семејството на Багдади во обид да спречат џихадистичката група повторно да се зајакне.

Трамп не ја идентификуваше новата цел. На почетокот на овој месец, САД соопштија дека вршат истраги за Абу Ибрахим ал-Хасеми ал-Кураиши, кој беше прогласен за нов водач на ИД.

Во Прилеп денеска гласаат 29 заболени и граѓани во изолација

Во Прилеп пак денеска гласаат 29 граѓани заболени од корона вирусот и во изолација. Специјалниот одбор од медицински лица изутрината од Општинската изборна комисија го подигна гласачкиот материјал, заштитната опрема.

Од 167 заразени и во домашен каранатин од корона вирусот денеска во Прилеп од општинската Изборна комисија побарале и правото на глас го остварија само 29 граѓани..Избирачки одбор од медицински персон ал и преставници од политичките партии под целосна заштита од утрово се во домовите на заболените и самоизолираните..

Утре ќе гласаат болните и изнемоштените..Од 64 илјади и 4 бирачи во општина Прилеп правото на глас ќе го остварат 489..Тие ,како и останатите гласича ќе гласаат за една од 14 понудени кандидатски листи за пратеници во изборната единца 4..Општинскиот кризен штаб на денешната седница одлучи утре сите улици и пристапни места до 142 бирачките места да се дезинфицираат..

19 години затвор за обвинетата за убиството на Пино

Затворска казна од 19 години денеска доби Ангела Ѓорѓиевска за убиството на 26 годишниот  Пинета Секондо - Пино....Според пресудата, таа помогнала во извршување на убиството кое согласно доказите го сторил Али Фуркан кој е во бегство....

Судот ја осудува на казна затвор во траење од 19 години, во изречената казна затвор на обивнетата ќе и се засметува и времето поминато во притвор.

22 годишната Ангела Ѓорѓиевска е прогласена виновна за помагање во свирепото убиство на Пинета Секондо – Пино во 2018-та година. При изрекувањето на 19 годишната затворска казна судијката Ленка Давитковска истакна дека меѓудругото во предвид било земено тоа што обвинетата Ангела ниту еднаш во текот на судењето не се покајала за тоа што го направила. Според пресудата, Ангела помогнала во извршувањето на убиството, кое според доказите на обвинителството го сторил Али Фуркан, кој е во бегство.

,,Како отежнувачки околности ги ценеше видот карактерот и тежината на кривичното дело, степенот на кривична одговорност, јачината на загрозување и повредата на заштитното добро со оглед дека е лишено од живот младо лице на возраст од само 26 години, потоа мотивот, начинот на сторување и околностите на сторување на делото.

Обвинетелката Лидија Раичевиќ по рочиштето кажа дека надлежните служби преземаат активности за пронаоѓање на избеганот Фуркан Али, за потоа да му се суди..

“ ..Не може да му се суди во отстуство затоа што неопходно е да биде тука, да ја даде својата орбрана, делото е тешко и самите гледате дека казната е висока “

Адвокатот на осудената Ангела пресудата ја оцени како срамна, а најави и жалба.

“ Во конкретниот случај треабше јавноста да ги чуе доказите на обвинителството дека нема ниту еден аргумент, а се надевам дека ќе има моќ надвор од медиумскиот притисток Апелациониот суд да одлучува по доказите.”

Сега осудената со првостепена пресуда, според истрагата на обвинителството првично договорила средба меѓу нејзе и Пино, но и Фуркан, иако знаела дека тој сака да изврши убиството.. Тројцата се упатиле во обиколницата во близина на скопското село Арачиново. Таму настанала расправија во која Пино бил убиен со пушка. Ангела и извршителот го ставилe телото во багажникот од автомобилот и и го сокриле во дупка по патот кон Љуботен.

По пресудата мајката на Пино, преку Фејсбук изрзи незадоволствоод висината на затворската казна, за осудената бара доживотен затвор.

Општина Карпош овозможува нега на изнемоштени и стари лица

Во екот на пандемијата од Ковид-19, изнемоштените и стари лица кои живеат на територија на Општина Карпош, можат да добијат бесплатна нега и грижа.

Како што соопшти денеска општината, граѓаните можат да добијат некоја од следните услуги: подготовка на храна, пазарење, помош при одржување на основна хигиена во домот, помош при пресоблекување и бањање, и тоа пријавувајќи се на телфонскиот број 070 – 299 – 026.

Тимот на социјалното претпријатие „Нега Плус" ја овозможува оваа поддршка преку Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

-Во изминатиот период, Општина Карпош воспостави соработка и со Црвениот крст, при што беше организирана достава на храна и лекови на лица кои се болни од Ковид – 19 или граѓани кои се во изолација, соопштија општинските власти.

Оттаму информираат дека основната цел на ваквите активности е да се пружи уште поголема социјална заштита на најранливите категории на граѓани.

притисни ентер