Дедото и таткото на потпишувањето договорот на внукот Малдини за Милан

Фудбалскиот клуб Милан и семејството Малдини се нераскинливо врзани со децении.

Даниел Малдини , 18- годишниот син на клупската легенда и техничкиот директор на Милан , Паоло Малдини , потпиша прв професионален договор со клубот до 2024.

Даниел е третата генерација на семејството Малдини што го носи познатиот дрес со црвено-црна боја.

Прв беше неговиот дедо Чезаре Малдини, кој играше за Милан од 1954 до 1966 година и беше тренер на клубот во два наврати, од 1972 до 1974 година и кратко во 2001 година кога ја освои најголемата победа на градското дерби над Интер - 6: 0. Како играч, Чезаре освои четири Скудети, а како капитен го крена трофејот на Европскиот куп на шампиони во 1963 година на Вембли.

Таткото на Даниел, Паоло, ја помина целата своја кариера во клубот на стадионот „Сан Сиро“ од 1984 до 2009 година. Тој има освоено 25 трофеи, од кои седум се Скудето, пет ЛШ и три Светски клупски првенства, а неговиот број 3 е повлечен откако неговата кариера заврши и тој број, доколку сака, може во иднина да го активира само син му Даниел .

Додека Чезаре и Паоло играа во одбраната , Даниел е офанзивен играч и најмногу од се сака да игра на средната позиција. Тој доби можност како првотимец во текот на летото на пријателските натпревари во САД, и се уште го чека своето деби во Серијата А.

Чезаре играше 412 натпревари за Милан ,а Паоло 902 . Заедно, тие имаат освоено 31 трофеј и шест од седумте титули на Европското првенство во 119-годишната историја на клубот.

Над 21 милиони заболени со коронавирус во светот, во Бразил над 50.000 нови случаи

Бразил вчера забележа  50.644 нови случаи на коронавирус и 1.060 смртни случаи, соопшти бразилското Министерство за здравство, додека повеќе од 21 милиони луѓе ширум светот биле заразени.

Така, вкупниот број заразени во Бразил се искачи на 3.275.520, а бројот на починати на 106.523.

Бразил е втора земја според заразени во светот, по Соединетите држави.

Повеќе од 21 милиони луѓе ширум светот се заразени со новиот коронавирус, а 759.411 починале, покажуваат податоците на Ројтерс.

Инфекциите се регистрирани во повеќе од 210 земји и територии, откако првите случаи се идентификувани во Кина во декември 2019 година.

Пет розови фламинга стигнаа на Преспанското Езеро

Утрово на Преспанското езеро забележани се пет розови фламинга кои најверојатно одмораат од патот за каде што тргнале, соопштија од Македонското еколошко друштво (МЕД).

– Птиците беа забележани во село Езерани каде нискиот водостој им овозможува соодветни услови за одмор за време на миграцијата. Фламингата не гнездат во Македонија но досега се забележуваат повеќе пати на прелет. Прв податок за нивно присуство кај нас е од 90-те исто така во Езерани. Овој пат беше забележена една возрасна единка и четири млади. Бидејќи птиците гнездат во Грција, Албанија и Црна Гора не можеме да заклучиме каде ќе се упатат по престојот во Преспа, информираат од МЕД.

Според Данка Узунова, орнитолог од Македонско еколошко друштво, добрата состојба на влажните живеалишта како и широките појаси на трска овозможува птиците да не бидат вознемирувани и безбедно да одмораат и да се хранат.

Покрај розовите фламинга, забележани се јата на бојници, долгоног пескар и сабјарки. Ниту еден вид од овие птици не гнезди кај нас, сите се тука поради миграцијата која се случува со полна пареа. Од еколошкото друштво велат дека особено е интересно присуството на сабјарки бидејќи тие во Македонија досега се видени само десетина пати.

-Ваквите слики не охрабруваат дека напорната работа за зачувување на Езерани има позитивни резултати. Езерани е заштитено подрачје повеќе од 20 години и со него управува Општина Ресен која има и посебна ренџерска служба за овој локалитет, појаснуваат од МЕД.

ВМРО – ДПМНЕ : Македонија со Заев тоне во сиромаштија

Во едно деноноќие има 160 новозаразени и 3 починати. Со овие бројки Македонија и понатаму е црн рекордер во регионот на починати и зарзени лица на еден милион жители. 

Бројот на вкупно заразени е над 12.500 лица што е 6 пати повеќе од прогнозите на Венко Филипче. Ова покажува колку лошо се менаџира здравствената криза која не е само македонски проблем, туку за жал станува и регионален и европски проблем. Македонија стана црна точка во време на епидемијата и извозник на заразени низ Европа.

Освен здравствената лошо се менаџира и економската криза. Станавме единствена земја во регионот на која и банкротира банка во време на кризата.

Поради неспособноста и неодговорноста Заев ја задолжи земјата и за милијарда евра нов долг во рок од само три месеци, а министерката Ангеловска наместо да се грижи за народните пари се грижела само како навреме да ги извлече заштедите од 250 илјади евра од Еуростандард банка.

Се дури Македонија ја води екипата на Заев на која побитно и е личното богатење наместо државата и народот, до тогаш ќе тоне народот во сиромаштија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер