Кампања за подигнување на свеста за преддијабетес и дијабетес

Бројот на заболени од дијабетес во државава е во пораст. 

Минатата година изнесувал 120.000 од кои 40.000 се на инсулинска терапија. Од вкупниот број пациенти, регистрирани биле 500 деца заболени од дијабетес на возраст до 14 години. На еден дијагностициран постои еден, кој не е и незнае дека ја има болеста.

По повод 14 ноември, Светски ден на дијабетес, компанијата „Варус" во соработка со Здружението на лекари по општа – семејна медицина минатата недела почна кампања за подигнување на свеста за преддијабетесот и за превенција на развојот и контролата на дијабетесот. Компанијата се приклучува кон глобалната кампања која опфаќа над милијарда луѓе во повеќе од 160 земји.

Кампањата става посебен акцент за превенцијата на дијабетес мелитус и соодветната контрола и третман на преддијабетесот, кој навремено дијагностициран, му дава на пациентот можност преку промена на животниот стил и примена на соодветна терапија да го превенира или одложи развојот на дијабетес мелитус тип 2.

Речиси една третина од пациентите со предијабетес се на возраст меѓу 20 и 39 години, а речиси половина од вкупниот број се на возраст под 50 години.

Кампањата се одвива на FB и Instagram страниците „Здравјето приоритет- Аларм за свест " во рамки на која до 30 ноември ќе бидат споделувани пораки и содржини поврзани со препознавање на преддијабетесот, ризик фактори и симптоми, превенција и третман.

Во светски рамки, според Меѓународната федерација за дијабетес во 2017 година, бројот на возрасни лица од светската популација со нарушена гликозна толеранција изнесувал 352,1 милиони, а до 2030 година, приближно седум отсто од светското население или околу 400 милиони лица, ќе има нарушена гликозна толеранција. Се проценува дека околу 70 отсто од лицата со нелекувана IFG (Нарушена гликемија на гладно) и/или IGT (Нарушена гликозна толеранција) ќе развијат дијабетес мелитус тип 2 во следните неколку години. Преддијабетесот е исто така честа состојба кај младата популација во светот. /МИА

Реми во Севиља, Шпанија и Полска без победник

Фудбалерите на Шпанија и Полска одиграа без победник во второто коло од Групата Е на Европскот првенство. 

Избраниците на Луис Енрике не успеаја да ја оправаат улогата на фаворит на дуеот во Севиља против вечерва солидната Полска.

Црвената фурија го отвори резуласки мечот со голот на Мората во 25 минута. Шпанија со водство од 1-0 го заврши првото полуврее. Но, во вториот дел проработе најдобриот европски стрелец. Капитенот на Послака Роберт Левандовски со својот првенец на ЕУРО во 54 минута го израмни резулатот на 1-1 и не дозволи нов пораз на Полска на првенството. По 2 кола во групата Е , Шведска е на водечката позиција со 4 бодови пред Словачка со 3. Шпанија е трета со 2 бода а Полска е четврта со 1 бод.

За патниците во нокаут рундата ќеодлууваат натпреварите Шпанија - Словачка и Шведска Полска.

Автомобил паднал на железничка пруга во Градско, повредени пет лица

Во Градско попладнево околу 19 часот, автомобил што се движел во близина на бензиска пумпа паднал од патот на железничката пруга. Повредени се пет лица.

Како што информириа за МИА д-р Василка Пановска Поп-Стефанова, началник на Брза Помош, повредените по укажаната помош се пренесени во Ургентниот центар на велешката болница.

Портпаролката на ЈЗУ Општа болница во Велес, Елеонора Јованова изјави дека кај сите повредени биле констатирани помали телесни повреди, по што се пуштени на домашни лекување.

Триесет и шестгодишник од Велес паднал од цреша

Триесет и шестгодишен велешанец попладнево паднал од цреша и се здобил со фрактури на ребра.

Елеонора Јованова, портпарол на ЈЗУ Општа болница во Велес за МИА информира дека попладне околу 19 часот, бил примен пациент кој паднал од цреша. Тој се здобил со фрактура на повеќе ребра. Бил снимен и му е укажан прва помош.

Повредениот е оставен на опсервација во Хируршкото одделение во велешката општа болница

притисни ентер