Буџетот за 2020 година 3,89 милијарди евра, рекордни инвестиции во човечкиот капитал

Буџетот за наредната година ќе изнесува 3,898 милијарди евра, а во фокусот ќе биде човечкиот капитал, односно подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор.

Предлогот што доби поддршка од Владата го претставија денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев и министерката за финансии Нина Ангеловска.

Премиерот истакна дека во средиштето на вниманието кога се креираат политиките се граѓаните и растот на стандардот и дека политиките во наредната година ќе бидат посветени на поддршка на потенцијалот за раст и за грижа за секој граѓанин.

– И ако прашате зошто овој буџет се гледаше на повеќе седници? За секој денар на граѓаните се водеше сметка каде ќе биде најдобро и најпродуктивно искористен во полза на придобивките на нашите граѓани. Сепак, капиталните инвестиции остануваат повеќе од 23 милијарди денари која е вообичаената ставка во буџетот. За да биде скроен по мерка на граѓаните, овој буџет е влог во луѓето, во човечкиот капитал, рече Заев и додаде дека така е најдобро да се дискутира и да се скрои буџетот по мерка на граѓаните.

Според него, оваа определба е резултат на вниманието што е постојано насочено кон граѓаните и зголемување на стандардот. При тоа посочи на зголемувањето на минималната плата, социјалниот пакет, економски политики што отворија нови работни места, раст на платите во јавниот сектор…

Министерката Ангеловска го оцени како реален предложениот буџет за наредната година.

– Причината поради која поддршката на човечкиот капитал е во фокус, односно вложување во граѓаните и создавање подобри услови за живот, е предизвикот со кој сме соочени како земја: да го задржиме и надградиме нашиот човечки капитал. Доколку не вложуваме континуирано во човечкиот капитал, како земја нема да имаме работна сила подготвена за работните места на иднината, нема да бидеме конкурентни со светската економија и нема да може да го одржиме економскиот раст. Свесни сме дека како земја според индексот на човечки капитал, кој ја мери потенцијалната продуктивност на детето согласно инвестираното во него преку здравството, образованието и социјалната грижа, заостануваме во регионот. Добар буџет, е оној буџет кој ги адресира приоритетите – а приоритет за раст и напредок на земјата е човечкиот капитал, рече министерката за финансии.

Таа додаде вкупно 154 милијарди денари ќе се инвестираат во здравството, образованието и социјалната заштита, што е 64 отсто од вкупните расходи или зголемување за околу 10 милијарди во однос 2019 година.

Според премиерот, се зајакнуваат столбовите на општеството во кои повторно фоксусот се граѓаните.

Така во здравството е предвидено покачување на платите на целокупниот медицински персонал, почнувајќи од февруарската плата, во образованието ново зголемување од 10 отсто ќе има од јануари, од кога ќе бидат покачени и пензиите дополнително на редовната индексација со трошоците на живот.

– Владата се одлучи на вакво дополнително зголемување на пензиите имајќи ги предвид економските параметри минатите две години посебно порастот на просечната плата за повеќе од 2.297 денари и на минималната плата за 4-5000 денари. Пензиите ќе пораснат за 700 денари и заедно со веќе постоечкото усогласување со растот на трошоците за живот ќе пораснат вкупно за 850 до 900 денари, рече премиерот.

За аерозагадување ќе има 100 милиони денари, што не се вкупни средства, бидејќи, како што рече Заев, еден сериозен дел е вклучен во буџетот на одделни министерства и дополнително 10 милиони евра од буџетот на ЕСМ за набавка на еколошки инвертери за 10.000 домаќинства.

Капиталите расходи се проектирани на ниво од 23 милијарди денари. Инвестициите се наменети за интензивирање на инфрасруктурните проекти, односно за вложување во патна и железничка инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, обрзованиот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина и правосудството.

Приходите во буџетот за 2020 година се проектирани на 222 милијарди и 300 милиони денари или 3 милијарди 615 милиони евра, што претставува раст од 5,6 отсто споредено со оваа година. Кај расходната страна на буџетот планиран е раст од пет отсто во однос на минатата година со што вкупните расходи изнесуваат 239 милијарди и 700 милиони денари, односно 3 милијарди 898 милиони евра.

Буџетскиот дефицит за 2020 година е предвиден на ниво од 2,3 отсто од БДП, што е пониско од годинашните 2,5 отсто, согласност со Фискалната стратегија 2020-2022, како и препораките на сите меѓународни организации.

Минситерката Ангеловска посочи дека дефицитот е намален и во апсолутно ниво за 160 милиони денари и изнесува 17 милијарди 385 милиони денари.

Проекциите во буџетот се правени врз основа на предвиден раст за следната година од 3,8 отсто од БДП, кој се базира на растот на приватната потрошувачка, извозот и инвестициите – јавни и приватни.

Предлог-буџетот за наредната година ќе биде доставен до Собранието на Република Македонија.

Јанчев: Фудбалот во Кавадарци.... Некогаш и сега!

Цели 17 години кавадарчани го живееја сонот да го видат својот миленик повторно во првата лига, напиша на својот профил на Фејсбк, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Фудбалот во Кавадарци.... Некогаш и сега! [⬇️]

[📌] Цели 17 години кавадарчани го живееја сонот да го видат својот миленик повторно во првата лига. Од 2017 та година откако Митко Јанчев ја доби функцијата градоначалник на Општина Кавадарци, работите за ГФК Тиквеш кој играше во втората лига исток тргнаа кон подобро. Во сезоната 2018–19 Тиквеш играше бараж за влез во првата лига но загуби од Силекс со 2-3. По паузата заради КОВИД пандемијата, градоначалникот Јанчев покажа огромен сенс за спортот и уште повеќе го поттикна клубот решен на своите кавадарчани да им го врати прволигашкиот фудбал. Тоа и се случи веќе во сезоната 2020/21 кога Тиквеш заврши како втор и во баражот со 1-0 го совлада Силекс а кавадарчани по 17 години повторно добија можност да уживаат во прволигашки фудбал.

[📌] Во првата сезона по враќањето во првата лига Тиквеш

Ќе влијае ли глобалниот данок од 15% на новите инвестиции во ТИРЗ зоните?

Ќе влијае ли глобалниот данок од 15% на новите инвестиции во ТИРЗ зоните и за светските компании кои се веќе во земјава, по обврската да ја воведеме давачката која произлегува од членството во организацијата за соработка и развој(ОЕЦД)?

Според проценките, 50 странски компании кои работат во земјава ќе бидат опфатени од глобалниот минимален данок кој ОЕЦД го наметна од први јануари годинава. Првичните истражувања на „Прајс вотерхаус куперс“ покажале дека македонскиот буџет по овој основ ќе се соочи со одлив од најмалку 30 милиони евра годишно... Од советот на странски инвестиции при стопанската комора пак велат очекувале транзициски период.

Ние како Совет уште минатата година го покренавме овој разговор и оваа дискусија со економскиот тим на Владата, и ако тогаш на еден или друг начин ни беше кажано дека барем ќе има некаков транзициски период каде што ние како држава веднаш тоа нема да го воведуваме, сепак од први јануари оваа година овој данок е воведен на глобално ниво, така да голем број на компании без разлика дали работат во или вон технолошко-индустриските развојни зони, или дали тие добиваат државна помош или не, ќе треба детално да се разгледаат сите ефекти како тоа ќе влијае врз локалните компании...

Светските компании во земјава сега плаќаат данок од 10%, а со глобалниот ќе плаќаат вкупно15% со тоа што 5% ќе одат во нивните матични земји. Според првиот човек на ТИРЗ – Јован Деспотовски нема да се отежни процесот на привлекување на странски инвестиции. Според него сегашниот данок од 10% мора да остане поради придобивките за домашната економија... Предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за намалување на данокот за компаниите на 5% за него е неекономски...

-Нема да го отежнат за нас, меѓутоа очигледно ќе го отежнат за нашите политички опоненти, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ заговара нова стратегија на привлекување на странски инвестиции кои што се базираат на намалување на данокот на добивка што е „нонсенс“. Ние како држава сега треба да бидеме паметни, да ги спречиме негативните ефекти врз домашната економија, тоа значи да не се залетаме и да го воведеме тој данок од 15%. Исто така и не треба да бидеме глупави па да одиме со политиката од 10% на 5%, знаејќи дека компаниите кои плаќаат сега 10% ќе треба разликата до 15% да ја доплатат некаде на друго место,- -Јован Деспотовски – Директор на ТИРЗ.

Според наведеното, ОЕЦД со глобалниот данок сака да стави крај на трката со даночни ослободувања или олеснувања да се привлечат што е можно повеќе инвеститори од страна на земјите. Нивната иницијатива ја подржаа 140 земји, а тоа ги засега над 8.000 светски мултионационални компании со консолидирана добивка од над 750 милиони евра...

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Македонија, со седиште во Белград.

Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма изрази уверување дека врз основа на принципите за демократско владеење, владеење на правото и почитување на фундаменталните права и слободи во иднина ќе се создадат можности за развој на односите и соработката помеѓу Македонија и Белорусија во домените каде што тоа е возможно.

Амбасадорот Сергеј Малиновски во своето обраќање истакна дека Белорусија очекува трговска соработка со Македонија, како и соработка за други прашања на билатерален и мултилатерален план.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Малиновски му посака добро здравје, како и многу успех во извршувањето на неговата одговорна мисија, соопштуваат од кабинетот.

притисни ентер