Димкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги понижи земјоделците

СДСМ се грижи, само минатата година 424 млади земјоделци користат грант од 10.000 евра

Откако СДСМ ја презеде одговорноста се соочи со громорозна слика во земјоделието. ВМРО-ДПМНЕ на принципот во четири и очи и прв дојден-прв услужен ги делеше неправедно субвенциите и доделуваше неповратни грантови. Наместо кај вистинските земјоделци, ги понижи земјоделците. Со СДСМ има неселективност и секој земјоделец има фер и еднаква шанса - рече членот на ЦО на СДСМ и Министер за земјоделство, водостапнство и шумарство, Димкоски, на граѓанската трибина на СДСМ „На прав пат" во Свети Николе.

Димкоски потенцираше дека само минатата година 424 млади земјоделци користат грантови од 10.000 евра и дека веќе во Собранието е поднесен предлог за зголемување на субвенцијата на млад земјоделец од 10.000 евра на 20.0000 евра.

Истражување во Шпанија: Групен имунитет од Ковид-19 не може да се постигне

Големо шпанско истражување на коронавирусот откри дека само 5% од тамошната популација имаат развиено антитела, што ги зацврсти тврдењата дека групниот имунитет не може да се постигне.

Студијата објавена во медицинското списание покажа дека 95% од населението во Шпанија остануваат подложни на коронавирусот. Групен имунитет се постигнува кога доволен дел од населението односно околу 60%, е заразен со вирус или вакциниран против него, со што се спречува негово натамошно ширење. Според Европскиот центар за контрола на болести во шпанското истражување биле испитани 61.000 примероци, што го прави најголемо во Европа досега. Слични истражувања веќе се направени во Кина и САД и тие покажале дека најголем дел од населението останува неизложен на коронавирусот, дури и во областите каде што има негово големо ширење што ја прави идејата за постигнување на колективен имунитет преку природна зараза неостварлив. Ваквите испитувања во пракса кај нас покажаа дека двете пециентки од Куманово кои имаа прележан корона и имаа антитела по само два месеци повторно се заразија од истиот вирус. Од друга страна пак главниот шведски епидемиолог Андре Тегнел во отворено писмо кое го објавија медиумите вели дека карантинот и другите ограничувања кои ги воведоа практично сите европски земји можат да функционираат само на краток период, а на долги патеки шведскиот модел е подобар. Шведската влада не воведе рестриктивни мерки, туку само им даде упатства на граѓаните како да се однесуваат. Шведскиот модел на одбрана од коронавирусот има историски корени и се базира на идејата секој да учествува во одбраната и секој да даде свој придонес смета Тегнел.

Заев на трибина во Штип: Од задолжена држава и економија во минус, денес сме држава во која растат платите и пензиите, има пари за сите потреби на граѓаните

„840 милиони евра беше задолжена државата само за тие споменици, стиропор фасади, 150 милиони евра должеле Фондот за здравство, општините и комуналните претпријатија должеа 200 милиони евра.„

Претседателот на СДСМ и носител во изборната единица три, Зоран Заев, на вечерашната трибина во Штип пред граѓаните порача дека за три години СДСМ покажа решителност во затворање на надворешните прашања, но и силна посветеност во решавањето на домашните проблеми.

„840 милиони евра беше задолжена државата само за тие споменици, стиропор фасади, 150 милиони евра должеле Фондот за здравство, општините и комуналните претпријатија должеа 200 милиони евра. Денес, тоа е речиси комплетно раздолжено и при тоа ја подигнавме економијата, од минус 1,8 на 3.6 проценти. Покажавме дека има пари и за покачување и на плати и на пензии. Минималната плата ја покачивме на за 6, туку за 60 отсто, ни 150 евра не земаа голем дел од штипјани и штипјанки кои работеа во текстилните фабрики. Денес е 14.500 а до крајот на следниот мандат ќе биде 20.000 денари. Покажавме дека знаеме и можеме, ќе покажеме дека можеме и уште повеќе и уште подобро",порача Заев и повика граѓаните на Штип на 15 јули да излезат на гласање и да гласаат за бројот три за СДСМ и Коалицијата „Можеме".

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

„Само Вистина" со Солза Грчева и Петар Колев

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Солза Грчева и Петар Колев.

Системска промена за борба со корупцијата и ако народот не е задоволен со собирање 20000 потписи да има можност да поведе иноцикатива за референдум. Не веруваме во колективни системи туку во индивидуи, основен проблем во општеството се султан партиите, а реформите треба најпрво да почнат од нас, рече Колев.

Уште колку ли притисоци ќе може да издржиме, ништо не ме чуди, па ни Албанец премиер, рееч Грчева. Немам проблем со етникумите, проблем е како ДУИ се однесуваше до сега кога беше на власт, тие си ги гледаат само сопствените интереси, а не видовме до сега ниту еден од нив да има случај на суд, рече Колев.

Факт е дека референдумот не беше успешен но Преспанскиот договор е факт и ние сме дел од НАТО. Договорот со Бугарија се злоупотребува и тука и во Софија, рече Колев. Не е точно дека сме го затвориле проблемот со Бугарија, а договорот е непријателски и се злоупотребува, рече Грчева.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

притисни ентер