Српските разузнавачи уапсија Mакедонец и двајца државјани на Србија заради кражба на документација за производство на муниција

Државјанин на Македонија, поранешен инженер во фабриката за муниција „Први Партизан" и двајца работници, државјани на Србија, уапсени се денеска под сомнение за злоупотреба и примање мито.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, тие се сомничат дека продавале документи од фабриката „Први партизан" од Ужице, кои се однесуваат на производство на оружје и муниција.

Според српското Обвинителство, апсењето по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, го извршиле Безбедоносно информативаната агенција (БИА), Воено-безбедносната агенција (ВБА) и МВР на Србија.

Уапсени се С.Д., државјанин на Македонија, сопственик на фирмата „Арс група" од Скопје, поранешниот инженер во Први партизан Б.Г. од Ужице, Н.И. од Пожега-конструктор во погонот за алати и машини во „Први партизан" и М.М, соопшти Вишото јавно обвинителство.

На осомничените одредена им е мерка притвор 48 часа, поднесена им е кривична пријава и поради сослушувањето ќе бидат изведени пред надлежен обвинител.

Тие се товарат за злоупотреба на службена должност и примање мито, односно дека при извршување на кривичното дело продавале проекти и друга документација која и припаѓаа на „Први партизан" од Ужице, а се однесува на производство на оружје и муниција.

Весникот „Вечерни новости" без да го наведува изворот, под насловот „Голема акција на БИА во српската фаврика за оружје-Уапсен е албански шпион", наведува дека Б.Г. и Албанецот Ш.Д. се уапсени поради кражба на документација за производство на муниција од калибарот 12,7 мм.

Фабриката „Први Партизан" од Ужице е една од најстарите и најголеми фабрики за муниција и покрај производството на 400-ина типови на муниција за карабини, пиштоли и револвери, произведува и артилериска муниција, машини за производство на муниција, алати за производство на муниција…/МИА

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина нема да остане втор мандат

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, нема да остане втор мандат на функцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според РСЕ, Лајчак од 1 септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и беше назначен на функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во април 2020 година.

Засега нема информации кој ќе го наследи Лајчак на оваа функција. Според извори на РСЕ, дискусиите на ниво на ЕУ почнале, но одлуката ќе биде донесена по европските избори во јуни годинава.

Оваа недела беа именувани 43 европски амбасадори во различни земји низ светот. Меѓу нив се и новите амбасадори во Босна и Херцеговина и Косово.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

По Mицкоски на средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија беше и преседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на која разговараа за приоритетите во економијата.

Захарова: Русија нема да учествува на конференцијата за Украина

Русија нема намера да учествува на конференцијата за Украина, чија можност ја спомена украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Претходно Кулеба изјави дека преговорите со Русија за решавање на вооружениот конфликт со Украина би можеле да се одржат меѓу првиот и вториот самит за „формулата за мир“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Русија нема намера да учествува на таква конференција. Формулата на Зеленски не е ништо друго освен алхемија“, истакна Захарова.

притисни ентер