Млади фудбалери од повеќе од 40 националности се натпреваруваа на меѓународен турнир во Скопје

Меѓународен фудбалски турнир на кој учествуваа младинци од нашата земја како и од Полска, Австрија, Русија и Унгарија се одржа од седми до деветти ноември на теренот на академијата „Вардар" во Градскиот парк во Скопје.

Домаќин на овој интернационален настан беше меѓународното училиште „Нова", а тимот составен од средношколци од оваа образовна институција се пласираа на второто место. Натпреварите се дел од спортските активности кои се организираат во рамки на Асоцијацијата на училишта од Централна и Источна Европа (CEESA) чиј член е и „Нова". Покрај редовните турнири во фудбал, се одржуваат и натпревари по кошарка, крос кантри, трчање, одбојка, пливање, тенис и софтбол.

„Нова" со свои тимови учествува на овие фудбалските турнири за средношколци од октомври 2009 година и за овие десет години има освоено шест први и две трети места.

- За време на оддржување на овие турнири најчесто имаме ученици од повеќе од 40 националности со оглед дека учествуваат меѓународни образовни институции. Досегашното искуство е дека учениците кои како гости се задоволни од начинот на кој ги организираме овие турнири. Воодушевени се од гостопримството на нашите семејства кои ги отвораат своите домови за да ги сместат гостите за неколку ноќи и ја ценат дадената можност да го запознаат Скопје и да се дружат со своите врсници од „Нова". Токму комбинацијата од запознавање на нова култура, дружење со свои врсници од друго училиште и играњето на омилениот спорт е нешто што создава сеќавања кои долго траат – објаснува Александар Ристовски, координатор на спортската програма во „Нова".

Училиштата кои учествуваат на овие CEESA турнири се едни од најреномираните во Европа по повеќе параметри.

- Имаат импресивни училишни кампуси кои дозволуваат да се одвива едукативен процес соодветен за 21-виот век, со буџети на кои би позавиделе некои од нашите поголеми македонски компании. Дополнително ги имаат имплементирано најдобрите едукативни програми, исто како и „Нова", и регруритаат квалитетен кадар од целиот свет, којшто има долгогодишно искуство во меѓународното образование – објаснува Ристовски.

Тој посочува дека во „Нова" постои значителен интерес за програмата за фудбал која не е резервирана само за момчињата и секоја година повеќе од 30 средношколци (машки и девојчиња) се регистрираат како членови на фудбалските тимови. Тие тренираат заeдно вo текот на сезоната (од почеток на септември до средина на ноември) и на крајот на сезоната учествуваат на вакви меѓународни турнири.

Поразот на Федерер од младиот грчки тенисер, прогласен за сензација на годината (ВИДЕО)

Поразот на Роџер Федерер во четвртото коло на Австралија Опен од Стефанос Циципас е прогласен за сензација на годината на грен слем турнирите, објави АТП на својата официјална веб-страница.

Младиот Грк го совлада легендарниот Швајцарец во Мелбурн во четири сета 6: 7 (11), 7: 6 (3), 7: 5, 7: 6 (5) и го запре на патот да ја одбрани својата титула во Австралија.

Во 2018 година, Федерер го освои последниот од вкупно 20 Гренслем трофеи во кариерата во Мелбурн.

Втората сензација на годината е победата на Аргентинецот Гвидо Пеле против Канаѓанецот Милош Раониќ во четвртото коло на Вимблдон - 3: 6, 4: 6, 6: 3, 7: 6 (3), 8: 6, додека третото место го зазеде уште еден пораз на Федерер.

Овој пат од Бугаринот Григор Димитров во четвртфиналето на УС Опен - 3: 6, 6: 4, 3: 6, 6: 4, 6: 2.

Англиски репрезентативец откри дека е зависен од кладење

Еден од главните играчи на Кристал Палас, 28-годишниот Андрос Таунсенд призна дека е зависен од обложување и дека поради тоа речиси ја прекинал кариерата.

Играчот од средниот ред на Палас и повремениот играч на англиската репрезентација (13 настапи) изјави дека се навлекол на обложување во раните 20-ти години додека бил играч на Бирмингем Сити.

"Точно се сеќавам на таа сцена . Бев во хотел во пресрет на игра и шетав низ ТВ програмите. Ми беше  здодевно и тогаш видов реклама за букмејкер што нуди бесплатен облог. Така почна.", напиша Таунсенд за Трибјун.

Зависноста брзо се развила, кулминирајќи неколку години подоцна.

"Го одигравме полуфиналето на плеј-офот за да се пласираме во првата лига. Тоа беше најголемата игра во сезоната и не можев да спијам. Го земав  мобилниот и започнав да се обложувам во живо. Облозите се зголемија и јас изгубив 46.000 фунти за еден натпревар. Таа ноќ го допрев дното. Наместо да се радувам на важна игра и да размислувам за фудбал, само размислував како да ги вратам изгубените пари ", призна Таунсенд.

"Не престанав додека конечно не ме фатија. Фудбалската асоцијација дозна дека се обложувам и ме казни и ми се закани со доживотен затвор. Засекогаш ќе бидам благодарен на алијансата што не ме казни драстично зашто сфатија дека не сум бил вклучен во местење натпревари, туку наместо тоа само сум бил глупаво дете што прави глупости “, додаде Таунсенд.

Тој се повлече од пеколот на букмејкерите и сега е хит со Палас, заработувајќи околу 3 милиони фунти по сезона.

Аморузо: Роналдо се влече по теренот, стар е за Калчо!!

Поранешниот фудбалер и напаѓач на Јувентус Никола Аморузо изјави дека Кристијано Роналдо , кој има 34 години е престар за елитниот фудбал во Серија А.

-Роналдо со месеци се влече по теренот. Мора да биде скромен и да сфати дека е стар за фудбал и дека некогаш е позначајно да одмори отколку да игра по секоја цена, изјавил Аморузо.

Поранешниот фудбалер на Старата дама е свесен дека португалскиот ас тешко ќе ги прифати овие негови зборови.

-Знам дека му е тешко да признае, но убеден сум дека Кристијано и понатаму може да биде значаен играч ако прифати дека работите стојат така, изјавил Аморузо кој во 2011 се прости од фудбалот.

Сезонава Кристијано Роналдо одигра 16 средби во Серија А и Лигата на шампионите на кои постигна 7 голови , шест во Калчото, а само еден во елитното друштво.

притисни ентер