Тачи: Франција може да одигра клучна улога помеѓу Белград и Приштина

Претседателот на Косово , Хашим Тачи , смета  дека Франција може да одигра клучна улога во взаемното признавање меѓу  Белград и Приштина.

Тачи го напиша ова на својот Твитер профил од Париз, каде ќе учествува на Самитот за Денот на примирјето во Првата светска војна.

"Јас сум во Париз на самит. Ќе имам средба со претседателот Емануел Макрон за да разговараме за неодамнешните случувања во регионот и на континентот. Франција би можела да одигра клучна улога во претстојниот процес на конечно решавање на мирот и взаемно признавање меѓу Косово и Србија", напиша тој на Tвитер.

За викендот наместа зголемена облачност со дожд и грмежи

 Синоптичарите за време на викендот најавуваат локално зголемена облачност со услови за крактротраен дожд и грмежи.

Минималните температури за време на викендот ќе бидат од 12 до 21 степен, а максималните од 27 до 36 степени.

Во недела и понеделник повторно ќе дува северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурите.

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка

 Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни за кои вработени се однесува уредбата со која на работа треба да се вратат родителите кои имаат деца до 10-годишна возраст.

Во изјава за медиумите, Филипче истакна дека владината уредба се однесува на оние родители чии деца се до 10-годишна возраст, а кои одат на училиште.

Тоа значи дека на работа се враќаат само оние родители чии деца учат во основно училиште, но не и оние родители чии деца одат во градинка.

– Станува збор за родителите на децата од школска возраст заради тоа што сега секако школите не работат. Останува на сила одлуката за родителите на децата кои одат во градинки кои сега не функционираат, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по денешната средба со претставници на здружението „Борка".

Во уредбата на Владата донесена во вторникот се наведува – Владата на денешната 74-та седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести, со кој од категориите на лица кои се ослободени од работа и работни активности – родителите на деца до 10-годишна возраст, во овој период да се вратат на работните места само родителите на децата кои се вклучени во воспитно-образовниот процес во училиштата, имајќи предвид дека учебната 2019/2020 година е завршена.

Ја победи леукемијата и се враќа на кошаркарскиот терен

Унгарската кошаркарка Ливиа Геребен го доби најважниот натпревар во животот.

Храбрата спортистка ја победи леукемијата и се враќа на кошаркарскиот терен.

Во изминатите 12 месеци Ливиа имала повеќе интензивни медицински третмани, вклучувајќи го и пресадувањето на коскена срж.

Девојката која го носеше репрезентативниот дрес на Унгарија на Европско првенство и имаше одлични настапи за својот клуб Сексард од страшната болест се разболела на почетокот на 2019 година, кога и била дијагностицирана леукемија.

По едногодишната битка Ливиа на радост на сите се враќа на кошаркарскиот терен. Сите биле воодушевени кога таа се појавила на собирот на репрезентацијата пред неколку дена. Иако се уште мора да ги почитува стриктните мерки препорачани од докторите, сите биле пресреќни што таа почнала да тренира.

-Се чувствувам како да сум дошла дома. Бев толку возбудена што скоро и не можев да спијам. Многу сум среќна и радоста што повторно ќе ги видам соиграчките. Поради тоа што во последните 12 месеци не сум видела скоро никого, изјавила Геребен.

Младата кошаркарка ќе им се врати и на клупските обврски , клубот Сексард ја подржувал за време на целото лекување и таа сега потпишала нов договор.

притисни ентер